Геологија - категорија

садовина повеќе

мн. садовини
Вид збор: Именка, женски род
Земја што не пропушта вода.

сафир повеќе

мн. сафири
Вид збор: Именка, машки род
Син, слапоцен камен.
Англиски: saphire Албански: safir
Примери:
Обетки од сафир.

свлак повеќе

мн. свлакови
Вид збор: Именка, машки род
Место на стрмна падина каде што се слизга земјата, свлечена земја.
Англиски: landslide

свлечиште повеќе

мн. свлечишта
Вид збор: Именка, среден род
Ридско место каде што земјата се свлекува, се лизга.
Англиски: landslide

седимент повеќе

мн. седименти
Вид збор: Именка, машки род
талог, наслага, мил
Англиски: sediment

седиментен повеќе

седиментни
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на седимент.
Примери:
Седиментни карпи.

седло повеќе

мн. седла
Вид збор: Именка, среден род
Вдлабнато место на било.
Англиски: mountain saddle Албански: shalë
Примери:
Одеше по седлото на планината.

седловина повеќе

Види и: седло (ср.)
мн. седловини
Вид збор: Именка, женски род
седло
Англиски: mountain saddle

сеизмичен повеќе

Види и: сеизмички (прид.)
сеизмичниот
Вид збор: Придавка
сеизмички
Англиски: seismic

сеизмички повеќе

сеизмичка
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на земјотрес, сврзан со колебањата на земјината кора; подложен на земјотреси; кој служи за регистрација и изучување на колебањата на земјината кора.
Англиски: seismic Албански: sizmik
Примери:
Сеизмички појави.

сепарација повеќе

мн. сепарации
Вид збор: Именка, женски род
(најчесто мн.) Сепарации - најчесто: одделение во рудник.
Англиски: separation Албански: separacion

серпентин повеќе

(едн.) серпентинот
Вид збор: Именка, машки род
Мек минерал што се користи за призводсктво на уметнички предмети.
Англиски: serpentine

сивец повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Вид камен, мермер од околината на Прилеп.
Англиски: gray stone

сивозем повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Вид почва со сива боја.

сига повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Фигура што се образува во пештери со цедење на вода.

ситнозем повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Ситна земја во која преовладува песок, обично на површинскиот дел од почвата.

скала повеќе

мн. скали
Вид збор: Именка, женски род
Голема камена маса, камена маса со еднородна структура.
Англиски: rock Албански: shkëmb

скапоцен камен повеќе

Вид збор: Сложенка
Редок, бесценет минерал што се користи за украс или за посебни намени во технологијата.
Англиски: gemstone
Примери:
Ласер со рубин.

смарагд повеќе

мн. смарагди
Вид збор: Именка, машки род
Бесценет камен со зелена боја.
Англиски: emerald

смил повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Жолта земја.
Албански: tokë e verdhë

смолница повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Мрсна, леплива земја што не пропушта вода.

спелеолог повеќе

мн. спелеолози
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист по спелеологија.
Англиски: speleologist

спелеологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука за пештерите и спилите.
Англиски: speleology

спелеолошки повеќе

спелеолошка
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на спелеолог и спелеологија.
Англиски: speleologic
Примери:
спелеолошки испитувања

спилест повеќе

спилести
Вид збор: Придавка
Кој се состои од спили, кој изобилствува со спили.
Англиски: rocky
Примери:
Спилести ридови.

сталагмит повеќе

мн. сталагмити
Вид збор: Именка, машки род
Натрупан варовник по подот на пештера.
Англиски: stalagmite

сталактит повеќе

мн. сталактити
Вид збор: Именка, машки род
Висулци од варовник по сводот и ѕидовите на пештера.
Англиски: stalactite

сунатица повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Земја која се лизга.
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш