Геологија - категорија

лава повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Вжештена вулканска маса што се излеала на површината на Земјата.
Англиски: lava

лазур повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Вид камен со сина боја што се употребува за изработување украси.
Англиски: lapis lazuli Албански: gur azur, lapis lazuli

лапор повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Седиментна карпа, мек варовник што лесно се рони, глина со голем процент калциум карбонат, со светлосива или светложолта боја.
Англиски: marl

лапорец повеќе

Види и: лапор (м.)
мн. лапорци
Вид збор: Именка, машки род
Поцврст лапор, со помал процент глина, а повеќе калциум карбонат, што се употребува за добивање цемент.
Англиски: marl

лежиште повеќе

мн. лежишта
Вид збор: Именка, среден род
Наоѓалиште на руда.
Англиски: deposit Албански: fundërresë

лигнит повеќе

(едн.) лигнитот
Вид збор: Именка, машки род
Вид јаглен со зачувана дрвена структура и мала калорична вредност, млад јаглен.
Англиски: lignite

лизгар повеќе

мн. лизгари
Вид збор: Именка, машки род
Место каде што се лизга земјата.
Албански: vendi ku rrëshqet toka

лиска повеќе

мн. лиски
Вид збор: Именка, женски род
Групи силикатни минерали со различен состав, чии кристали се наредени во тенки листови; карпа, слој земја богат со такви минерали.
Англиски: feldspar Албански: shkëmb me minerale silikati

лискавица повеќе

мн. лискавици
Вид збор: Именка, женски род
Карпа составена од тенки (како листови) слоеви минерали.

лискун повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Силикатен минрал.
Англиски: feldspar

литосфера повеќе

(едн.) литосферата
Вид збор: Именка, женски род
Цврст, најгорен слој на површината на планетата.
Англиски: lithosphere

лом повеќе

мн. ломови
Вид збор: Именка, машки род
Место во река каде што водата навлегува длабоко под камен или корење на некое дрво.
Албански: burim
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш