Геологија - категорија

гејзир повеќе

мн. гејзири
Вид збор: Именка, машки род
Извор на топла вода од кој на определено време блика вода во голем водоскок.
Англиски: geyser

глацијален повеќе

глацијалниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на епохата на глечери, кога северниот дел на Европа бил под снег и мраз.
Англиски: glacial

гранит повеќе

(едн.) гранитот
Вид збор: Именка, машки род
Исклучително цврст камен, сличен на мермер, што се користи како градежен материјал (за изработување на споменици, надгробни плочи, фасади).
Англиски: granite

графит повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Минерал со црна боја што се употребува за правење моливи.
Англиски: graphite

гребен повеќе

мн. гребени
Вид збор: Именка, машки род
Карпа во вода.
Англиски: reef Албански: shkëmb
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш