Географија - категорија

Хаваи повеќе

Вид збор: Име
Архипелаг и сојузна држава на САД.
Англиски: Hawaii

Хаг повеќе

Вид збор: Име
Хаг е административната престолнина на Холандија.
Англиски: Hague Албански: Haga

Хамбург повеќе

Вид збор: Име
Втор најголем град во Германија.
Англиски: Hamburg Германски: Hamburg

хемисфера повеќе

мн. хемисфери
Вид збор: Именка, женски род
Земјината полутопка.
Англиски: hemisphere Албански: hemisferë

хидрографија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Дел од географијата што ги проучува и опишува водите на земјината површина.
Англиски: hydrography Албански: hidrografi

хидрографски повеќе

хидрографска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на хидрографија.
Англиски: hydrographic Албански: hidrografike
Примери:
хидрографска карта

хидрологија повеќе

(едн.) хидрологијата
Вид збор: Именка, женски род
Наука што ги проучува водните пространства на земјината површина и врвежот на водата во природата.
Англиски: hydrology

хидролошки повеќе

хидролошка
Вид збор: Придавка
Што е во врска со хидрологијата.
Англиски: hydrological Албански: hidrologjike
Примери:
Хидролошки завод.

хидрометеорологија повеќе

(едн.) хидрометеорологијата
Вид збор: Именка, женски род
Наука што го проучува токот на водата меѓу долниот дел на атмосферата и земјината површина.
Англиски: hydrometeorology Албански: hidrometeorologji

хидрометеоролошки повеќе

хидрометеоролошка
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на појавите во атмосферата и на состојбата на водите на земјината површина.
Англиски: hydrometeorologic Албански: hidrometeorologjike
Примери:
Хидрометеоролошки податоци.

хидросфера повеќе

(едн.) хидросферата
Вид збор: Именка, женски род
Водното пространство на земјината површина.
Англиски: hydrosphere Албански: hidrosfera

Хималаи повеќе

Хималаите
Вид збор: Име
планина во Азија
Англиски: Himalaya

Хиспаноамериканец повеќе

мн. Хиспаноамериканци
Вид збор: Именка, машки род
Жител на Латинска Америка со шпански говорен јазик.
Англиски: hispanic

Холандија повеќе

Вид збор: Име
Земја во северозападна Европа.
Англиски: Holland

хоризонтала повеќе

мн. хоризонтали
Вид збор: Именка, женски род
Линија што ги соединува на карта точките на месностите што лежат на иста височина.
Англиски: horizontal Албански: horizontale
Примери:
По хоризонталата.

Хрват повеќе

Види и: Хрватска (име.)
мн. Хрвати
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на словенски народ чија татковина е Хрватска.
Англиски: Croatian

Хрватска повеќе

Вид збор: Име
Држава на Балканскиот Полуостров.
Англиски: Croatia Албански: Kroacia
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - љ - м - н - њ - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш