Географија - категорија

Тајван повеќе

Вид збор: Име
Островска држава во Азија.
Англиски: Taiwan

тајга повеќе

тајгата
Вид збор: Именка, женски род
Сибирска прашума.
Англиски: Taiga Албански: tajgë
Примери:
Тундрата е непошумена и се протега над појасот на тајгата во поларните региони.

Тајланд повеќе

Вид збор: Име
Држава во Азија.
Англиски: Thailand

тек повеќе

мн. текови
Вид збор: Именка, машки род
За патот и правецот на истечната вода, на реката.
Англиски: part Албански: drejtim

тераса повеќе

мн. тераси
Вид збор: Именка, женски род
Хоризонтални рамнини расположени во вид на скала; една од тие рамнини.
Англиски: terrace Албански: brezare

територија повеќе

мн. територии
Вид збор: Именка, женски род
Простор, подрачје, област на една земја со определени граници.
Англиски: territory Албански: territor
Примери:
Територија на град, на држава и сл.

територијален повеќе

територијални
Вид збор: Придавка
Што се однесува на територија.
Англиски: territorial Албански: teritorial
Примери:
Територијална организација

теснец повеќе

мн. теснеци
Вид збор: Именка, машки род
Тесен дел од морски канал, река.
Англиски: strait

теснина повеќе

теснината
Вид збор: Именка, женски род
Тесно место.
Англиски: narrow passage Албански: ngushticë
Примери:
(нар. поез) Танко Тоде коњи тера/во темнина, во теснина.

Тетово повеќе

Вид збор: Име
Град во северозападна Македонија.
Англиски: Tetovo Турски: Kalkandelen Албански: Tetova

Тиквешија повеќе

Вид збор: Име
Географско подрачје од десната страна на реката Вардар.

топка повеќе

мн. топки
Вид збор: Именка, женски род
Планетата Земја
Англиски: Earth Албански: rruzull

топлик повеќе

мн. топлици
Вид збор: Именка, машки род
Топло место, изложено на сонце.
Англиски: sunny place Албански: vend i nxehtë

топограф повеќе

мн. топографи
Вид збор: Именка, машки род
специјалист по топографија
Англиски: topographer Албански: topograf

топографија повеќе

(едн.) топографијата
Вид збор: Именка, женски род
дел од геодезијата
Англиски: topography Албански: topografi
Површината на една земја, месност и заемниот распоред на нејзините делови, пунктови.
Англиски: topography Албански: topografi

торнадо повеќе

мн. торнада
Вид збор: Именка, среден род
Силен вртежен ветар во Северна Америка.
Англиски: tornado

Торонто повеќе

Вид збор: Име
град во Канада
Англиски: Toronto

трансатлантски повеќе

трансатлантска
Вид збор: Придавка
Што поминува од едниот брег на Атлантскиот Океан на другиот.
Англиски: transatlantic Албански: transatlantik, tejoqeanik

транссибирски повеќе

транссибирскиот
Вид збор: Придавка
Што поминува низ Сибир.
Англиски: transsiberian
Примери:
транссибирска железница

тресетиште повеќе

Види и: тресет (м.)
тресетиштето
Вид збор: Именка, среден род
Место каде што се наоѓа тресет.
Англиски: peat bog

Треска повеќе

Вид збор: Име
Река во Македонија, десна притока на Вардар.
Англиски: Treska

тропи повеќе

тропите
Вид збор: Именка, множина
Два замислени круга, паралелни со екваторот и ограничени од северниот повратник на 23° 26′ 16″ северна географска ширина и јужниот повратник на 23° 26′ 16″ јужна географска ширина.
Англиски: tropics Албански: trope
Земјите околу екваторот.
Англиски: tropics Албански: tropik

тропски повеќе

тропска
Вид збор: Придавка
Што им е својствен на тропите.
Англиски: tropical Албански: tropikale
Примери:
Тропско сонце. Тропска клима
Што е расположен меѓу тропите.
Англиски: tropical Албански: tropikal
Примери:
Тропскиот појас.

тундра повеќе

тундрата
Вид збор: Именка, женски род
Голема рамнина на крајниот север, обрасната со мов или со скудна растителност.
Англиски: tundra Албански: tundër

Туркменистан повеќе

Вид збор: Име
Држава во Централна Азија.
Англиски: Turkmenistan

турски повеќе

турскиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со Турција или со Турците.
Англиски: turkish Албански: turke

Турција повеќе

Вид збор: Име
Држава во Евроазија која се протега на полуостровот Мала Азија и на дел од Балканскиот Полуостров.
Англиски: Turkey Албански: Turqia

Турчин повеќе

мн. Турци
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на народ што претежно живее во Турција.
Англиски: Turk Албански: Turk
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - љ - м - н - њ - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш