Географија - категорија

савана повеќе

мн. савани
Вид збор: Именка, женски род
Тропска област покриена со високи треви и ретки грмушки.
Англиски: savannah Албански: savanë
Примери:
Животните доаѓаат до храна во саваните.

Саксонија повеќе

Вид збор: Име
Област во средината на поранешното германско говорно подрачје во Европа.
Англиски: Saxony

Салцбург повеќе

Вид збор: Име
Град во Австрија.
Англиски: Salzburg
Примери:
Во Салцбург е роден Моцарт.

салцбуршки повеќе

Види и: Салцбург (име.)
салцбуршкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на градот Салцбург во Австрија.
Примери:
салцбуршки фестивал

самум повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Tопол сув ветер; песочна бура во пустините на Азија и Африка.
Англиски: sandstorm Турски: semum Албански: stuhi rëre

Сарај повеќе

Вид збор: Име
скопска општина
Англиски: Saraj

сатеска повеќе

мн. сатески
Вид збор: Именка, женски род
Мала река; теснец меѓу две планини.
Англиски: gorge

Сахара повеќе

Вид збор: Име
Име на најголемата пустина во светот.
Англиски: Sahara

сврат повеќе

мн. свратови
Вид збор: Именка, машки род
Вододел, раздел на вода во два тока.
Англиски: watershed

север повеќе

(едн.) северот
Вид збор: Именка, машки род
Една од четирите страни на светот, противположна на југ; месност, дел од држава расположен во тој правец.
Англиски: north Албански: veri
Месност расположена во зоната на студената или умерено-студената клима.
Англиски: north Албански: veri
северни земји и народи - Север
Англиски: north Албански: veri

северен повеќе

северни
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на север; кој се наоѓа на север, расположен на север од нешто; својствен на север.
Англиски: northern Албански: i veriut, verior
Примери:
Северен пол.

севернички повеќе

северничкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на север или потекнува од север.
Англиски: nordic

северно повеќе

Вид збор: Прилог
северен
Англиски: northern Албански: në veri
Примери:
Северно од нашата земја.

северноамерикански повеќе

северноамериканскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на северна Америка (Канада, САД и Мексико).
Англиски: northamerican
Примери:
северноамерикански пазар

северњак повеќе

мн. северњаци
Вид збор: Именка, машки род
Човек од северна земја.
Англиски: northerner Албански: njeri nga veriu

северњачки повеќе

северњачка
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на северњак и северњачка.
Англиски: northern Албански: verior
Примери:
Северњачки темперамент.

северозапад повеќе

(едн.) северозападот
Вид збор: Именка, машки род
Дел од хоризонтот меѓу север и запад; месност, дел од држава што се наоѓа на таа страна.
Англиски: northwest Албански: veriperëndim
Примери:
Се упати накај северозапад.

северозападен повеќе

северозападни
Вид збор: Придавка
Кој се наоѓа на северозапад.
Англиски: northwest Албански: veriperëndimor
Примери:
Во северозападниот дел.

северозападно повеќе

Вид збор: Прилог
северозападен
Англиски: northwestern Албански: në veriperëndim
Примери:
Северозападно од градот.

североисток повеќе

(едн.) североистокот
Вид збор: Именка, машки род
Дел од хоризонтот меѓу север и исток; месност, дел од држава што се наоѓа на таа страна.
Англиски: northeast Албански: verilindje
Примери:
Дојдоа од североисток.

североисточен повеќе

североисточни
Вид збор: Придавка
Кој се наоѓа на североисток.
Англиски: northeast Албански: verilindor
Примери:
Североисточен правец.

Севилја повеќе

Вид збор: Име
град во Шпанија
Англиски: Sevilla

семитски повеќе

семитска
Вид збор: Придавка
Што припаѓа, што се однесува на Семитите.
Англиски: semitic
Примери:
Семитски јазици.

сефард повеќе

мн. сефарди
Вид збор: Именка, машки род
(обично во мн.) Шпански или португалски Евреин.
Англиски: Sephardim

сефардски повеќе

Види и: сефард (м.)
сефардскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на сефард.
Англиски: sephardic

сибирски повеќе

сибирскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на Сибир или што е како во Сибир.
Англиски: siberian
Примери:
сибирска зима, сибирски бран

сијамски повеќе

сијамска
Вид збор: Придавка
Што е во врска со Сијам (Тајланд).
Англиски: siamese Албански: siamez
Примери:
Сијамски близнаци.

Синти повеќе

Вид збор: Именка, множина
Народ којшто потекнува од Индија и живее во Централна Европа.
Англиски: Sinti

сип повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Распаднати стени напластени во подножје на планински страни.
Албански: shkëmb i shkatërruar

сипаник повеќе

мн. сипаници
Вид збор: Именка, машки род
Место каде што има сипови.

Сирија повеќе

Вид збор: Име
Држава во Југозападна Азија.
Англиски: Syria

скакавица повеќе

мн. скакавици
Вид збор: Именка, женски род
Место каде што водата скака од камен на камен или друг вид височинка.
Англиски: rapid

скакало повеќе

Види и: водопад (м.)
мн. скакала
Вид збор: Именка, среден род
водопад
Англиски: waterfall

Скандинавија повеќе

Вид збор: Име
Географската и историско-културната целина во северна Европа.
Англиски: Scandinavia

скапец повеќе

мн. скапци
Вид збор: Именка, машки род
Рид помеѓу две долини.
Албански: breg

скендер повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Диво и стрмно место; стрмно место со вода и природни водопади.

скинатина повеќе

мн. скинатини
Вид збор: Именка, женски род
Место каде што има голем одрон, како да скинат ридот и сл.

скок повеќе

мн. скокови
Вид збор: Именка, машки род
Водопад на река.
Англиски: waterfall Албански: ujëvarë

скокало повеќе

мн. скокала
Вид збор: Именка, среден род
Место во река каде што скока водата од камен на камен.
Англиски: rapid

Скопје повеќе

Вид збор: Име
Главен град на Република Македонија.
Англиски: Skopje Турски: Üsküp Албански: Shkupi

слап повеќе

мн. слапови
Вид збор: Именка, машки род
водопад
Англиски: waterfall Албански: ujëvarë

слеме повеќе

мн. слемиња
Вид збор: Именка, среден род
Врвот на рид, планина.
Англиски: ridge Албански: kreshtë

слив повеќе

мн. сливови
Вид збор: Именка, машки род
Базен на река каде што се слива вода.
Англиски: mouth Албански: pellg, grykë

Словачка повеќе

Вид збор: Име
Независна држава во централна Европа.
Англиски: Slovakia

Словен повеќе

мн. Словени
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на група народи што зборува на некој од словенските јазици.
Англиски: Slav

Словенец повеќе

Види и: Словенија (име.)
мн. Словенци
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на словенски народ чија татковина е Словенија.
Англиски: Slovenian

Словенија повеќе

Вид збор: Име
Независна држава, една од бившите југословенски републики.
Англиски: Slovenia Албански: Sllovenia

Словенка повеќе

мн. Словенки
Вид збор: Именка, женски род
Граѓанка на Словенија.
Англиски: Slovenian

Солун повеќе

Вид збор: Име
Град во Република Грција.
Англиски: Thessaloniki Грчки: Θεσσαλονίκη

солунски повеќе

Види и: Солун (име.)
солунскиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со Солун.

сопот повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
силен извор

сосед повеќе

мн. соседи
Вид збор: Именка, машки род
Народ по однос на друг со кој има граница.
Англиски: neighbor Албански: fqi

Софија повеќе

Вид збор: Име
Главен град на Република Бугарија.
Англиски: Sofia Бугарски: София

Србија повеќе

(едн.)
Вид збор: Име
држава на Балканскиот Полуостров
Англиски: Serbia Албански: Serbia

Србин повеќе

мн. Срби
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на словенски народ чија татковина е Србија.
Англиски: Serb Албански: sërb

средноамерикански повеќе

средноамерикански
Вид збор: Придавка
Што се однесува на Средна Америка.
Англиски: middle american
Примери:
средноамерикански култури

средноевропски повеќе

средноевропскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на Средна Европа.
Англиски: Middle European
Примери:
средноевропска земја

средноисточен повеќе

средноисточни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на Средниот Исток.
Англиски: middle eastern
Примери:
средноисточни земји

средоземен повеќе

средоземни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на Средоземното Море.
Англиски: mediterranean Албански: imesdhetarë
Примери:
Средоземно Море
Карактеристрчен за земјите околу Средоземното Море и нивните жители.
Англиски: mediterranean Албански: mesdhetar
Примери:
средоземна кујна

средоземноморски повеќе

средоземноморскиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со Средоземното Море.
Англиски: mediterranean

средорек повеќе

мн. средореци
Вид збор: Именка, машки род
Место помеѓу ракави на река.
Албански: vend mes dy krah lumi

срт повеќе

мн. сртови
Вид збор: Именка, машки род
гребен

Стамбол повеќе

Вид збор: Име
Цариград
Англиски: Istanbul

стамболка повеќе

мн. стамболки
Вид збор: Именка, женски род
жителка на Стамбол

стена повеќе

мн. стени
Вид збор: Именка, женски род
карпа
Англиски: rock Албански: shkëmb

стеновит повеќе

стеновита
Вид збор: Придавка
карпест
Англиски: rocky Албански: shkëmbor

степ повеќе

Види и: степа (ж.)
Вид збор: Именка, женски род
степа
Англиски: steppe Албански: preri, stepë

степа повеќе

мн. степи
Вид збор: Именка, женски род
Безводна рамнина што поднесува суша.
Англиски: steppe Албански: stepë
Примери:
руските степи

степски повеќе

Вид збор: Придавка
Што се одиесува на степа.
Албански: stepe, prerie
Примери:
Степска клима.

Стокхолм повеќе

Вид збор: Име
Главен град на Шведска.
Англиски: Stockholm

Стразбур повеќе

Вид збор: Име
град во Франција
Англиски: Strasbourg

страна повеќе

мн. страни
Вид збор: Именка, женски род
Четирите страни на светот.
Англиски: side Албански: anë

стратосфера повеќе

(едн.) стратосферата
Вид збор: Именка, женски род
Слојот на атмосферата над 10-12 км. над површината на морето.
Англиски: stratosphere Албански: stratosferë

стрмнина повеќе

мн. стрмнини
Вид збор: Именка, женски род
стрмно место
Англиски: precipice Албански: shpat, tëtpjetëz

стрмниште повеќе

Види и: стрмнина (ж.)
мн. стрмништа
Вид збор: Именка, среден род
стрмнина
Англиски: hill Албански: breg, shpat
Примери:
Паѓаме по стрмништето.

струга повеќе

мн. струги
Вид збор: Именка, женски род
речно корито
Англиски: riverbed

Струга повеќе

Вид збор: Име
Град во југозападниот дел на Република Македонија.
Англиски: Struga Албански: Strugës

струен повеќе

струјни
Вид збор: Придавка
Обично за река, ветер - што тече брзо, на струи, што е брз.
Англиски: streaming Албански: e shpejt, energjike

Струмица повеќе

Вид збор: Име
Град во југоисточниот дел на Република Македонија.
Англиски: Strumica

студенец повеќе

мн. студенци
Вид збор: Именка, машки род
извор
Англиски: spring Албански: burim

субарктички повеќе

субартичкиот
Вид збор: Придавка
Што е поврзано со пределите под Арктикот.
Англиски: subarctic
Примери:
субарктички бран

суво повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
копно, суша, земја
Англиски: land Албански: thatë
Примери:
Излезе на суво (од вода).

суводолен повеќе

Види и: суводолица (ж.)
суводолна
Вид збор: Придавка
суводолица
Албански: vend i thatë

суводолица повеќе

мн. суводолици
Вид збор: Именка, женски род
Сув дол, дол во кој има вода само кога има врнежи.
Албански: vend i thatë

сувоземен повеќе

сувоземна
Вид збор: Придавка
Кој се наоѓа на суво; кој живее на суво.
Англиски: terrestrial Албански: tokësor
Примери:
Сувоземен пат.

суворек повеќе

мн. сувореци
Вид збор: Именка, машки род
Место, дол од пресушена река.

суптропи повеќе

суптропите
Вид збор: Именка, множина
Двете физичко-географски зони на земјината топка што лежат меѓу тропскиот и умерениот појас.
Англиски: subtropics Албански: subtrope

суптропски повеќе

суптропска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на суптропи.
Англиски: subtropical Албански: subtropike
Примери:
Суптропска клима.

сушен повеќе

сушени
Вид збор: Придавка
Над кој се ретки врнежите.
Англиски: dry Албански: i thatë, i tharë
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - љ - м - н - њ - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш