Географија - категорија

падина повеќе

мн. падини
Вид збор: Именка, женски род
Планинска, ридска косина.
Англиски: slope Албански: shpat
Примери:
Се спуштаа по падините на планината.
Долина помеѓу два брега.
Англиски: mountain valley Албански: luginë

падинка повеќе

мн. падинки
Вид збор: Именка, женски род
падина
Англиски: slope Албански: luginë

Пакистан повеќе

Вид збор: Име
држава во Азија
Англиски: Pakistan

Палестина повеќе

Вид збор: Име
Регион помеѓу Средоземното Море и реката Јордан.
Англиски: Palestine

палестински повеќе

Види и: Палестина (име.)
палестинскиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со Палестина или со Палестинците.
Англиски: Palestinian

пампа повеќе

Вид збор: Именка, женски род
висорамнини во Јужна Америка
Англиски: pampas

Панама повеќе

Вид збор: Име
држава во Средна Америка
Англиски: Panama

паралела повеќе

мн. паралели
Вид збор: Именка, женски род
Линија паралелна на екваторот.
Англиски: parallel Албански: paralele

Париз повеќе

Вид збор: Име
Главен град на Франција.
Англиски: Paris Француски: Paris

париски повеќе

Види и: Париз (име.)
парискиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со Париз.

пасати повеќе

пасатите
Вид збор: Именка, множина
Ветрови што дуваат кон екваторот од североисток на северната полутопка или од југоисток на јужната полутопка.
Англиски: trade winds Албански: lloj ere, pasat

Пацифик повеќе

Пацификот
Вид збор: Именка, машки род
Пацифички Океан
Англиски: Pacific

Пелагонија повеќе

Вид збор: Име
Најголемата котлина во географска Македонија.
Албански: Pellgania Бугарски: Пелагония Грчки: Πελαγονíα

Пелистер повеќе

Вид збор: Име
Планински врв и национален парк во југозападниот дел на Република Македонија.
Англиски: Pelister

Персија повеќе

Вид збор: Име
Персија е историска земја на Иранското Плато и во југозападна Азија.
Англиски: Persia Албански: Persia

планиглоб повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Карта на целиот свет.
Албански: planiglob, harta botërore

планина повеќе

мн. планини
Вид збор: Именка, женски род
Големо издигнато место на површината ма земјата.
Англиски: mountain Албански: mal

планинец повеќе

мн. планинци
Вид збор: Именка, машки род
Жител на планинска населба или човек таму роден.
Англиски: mountain dweller Албански: malësor

планинка повеќе

Вид збор: Именка, женски род
планина
Англиски: mountain Албански: mal

планински повеќе

Види и: планина (ж.)
планинска
Вид збор: Придавка
Што се однесува на планина.
Англиски: mountainous Албански: malësorë
За крај, место - што е со планини.
Англиски: mountainous Албански: malësie

плато повеќе

мн. платоа
Вид збор: Именка, среден род
Широка високорамнина.
Англиски: plateau Француски: plateau Албански: rrafshnaltë

плима повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Периодично повишување на нивото на водата во езерата, морињата и океаните предизвикано од привлечното дејство на Месечината.
Англиски: high tide Српски: плима Албански: baticë

плитак повеќе

мн. плитаци
Вид збор: Именка, машки род
Место каде што е водата плитка.
Англиски: mud flats Албански: ujë i cekët

плитвак повеќе

мн. плитваци
Вид збор: Именка, машки род
плитак
Англиски: mud flats Албански: uië i cekët

повратник повеќе

мн. повратници
Вид збор: Именка, машки род
Најсеверна или најјужна географска паралела на која сонцето е во зенит.
Англиски: tropic

поглавица повеќе

мн. поглавици
Вид збор: Именка, женски род
Поглавар на северноамериканско индијанско племе.
Англиски: chieftain Српски: поглавица
Примери:
симнати поглавици

подвир повеќе

мн. подвири
Вид збор: Именка, машки род
Место каде што се збира слаба вода, каде што водата се вири.
Англиски: puddle Албански: gji uji

подгорје повеќе

мн. подгорја
Вид збор: Именка, среден род
Област во подножјето на гора, планина.
Англиски: foot of the mountain Албански: rrafshnaltë

подмол повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Ископано место со вода, подјадено под некоја карпа.
Албански: zgavër nënshkëmbi
Карпа во морето под површината на водата.
Англиски: reef Албански: shkëmb nënujor

подмолен повеќе

подмолниот
Вид збор: Придавка
Што е подјаден, ископан од вода под карпа, дрво и сл.
Англиски: undermined Албански: i gërmuar, i gërryer

подмолиште повеќе

Види и: подмол (м.)
мн. подмолишта
Вид збор: Именка, среден род
подмол

поднебје повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
крај, земја
Англиски: region Албански: nënqiell
Клима на одреден регион, област.
Англиски: climate Албански: klimë, mjedis

подножје повеќе

мн. подножја
Вид збор: Именка, среден род
Долен дел на некое возвишение, рид, планина.
Англиски: foot Албански: rrëzë

подрачје повеќе

мн. подрачја
Вид збор: Именка, среден род
Географска определба, регион.
Англиски: region Албански: rajon, zonë, krahinë

појас повеќе

мн. појаси
Вид збор: Именка, машки род
Климатска зона или дел од Земјината топка.
Англиски: zone Албански: brez, zonë

пол повеќе

мн. полови
Вид збор: Именка, машки род
Една од двете крајни точки на замислената Земјина оска и просторот околу неа.
Англиски: pole Албански: pol

пола повеќе

мн. поли
Вид збор: Именка, женски род
(во мн.) подножје на планина
Албански: rrëzë

поларен повеќе

поларни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на пол на Земјата или подрачјето околу полот.
Англиски: polar Албански: polar
Што живее во областа на полот, на далечниот север.
Англиски: polar Албански: polare

поларник повеќе

мн. поларници
Вид збор: Именка, машки род
Поларен круг, замислен круг околу Земјините полови.
Англиски: polar circle Албански: harku polar

поле повеќе

мн. полиња
Вид збор: Именка, среден род
Пространа широка рамнина, низински терен, земјишна обработлива површина.
Англиски: field Албански: fushë

полјана повеќе

мн. полјани
Вид збор: Именка, женски род
Празно место со ниска трева.
Англиски: meadow Албански: livadh, kullotë
Примери:
Децата играа по полјаните.

Полог повеќе

Вид збор: Име
Историско-географски регион во северозападниот дел на Македонија.
Англиски: Polog

Полска повеќе

Вид збор: Име
Земја во централна Европа.
Англиски: Poland

полски повеќе

полскиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со Полска.
Англиски: polish

полуостров повеќе

мн. полуострови
Вид збор: Именка, машки род
Дел од копно опкружен со вода од три страни.
Англиски: peninsula Албански: gadishull

полупустински повеќе

полупустинскиот
Вид збор: Придавка
Што не е сосема пустински.
Англиски: semi-deserted
Примери:
Полупустински предел.

полутопка повеќе

мн. полутопки
Вид збор: Именка, женски род
Половина од Земјината топка северно или јужно од екваторот, источно или западно од гриничкиот меридијан.
Англиски: hemisphere Албански: hemisferë

поморје повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Област крај море.
Англиски: seaside Албански: bregdet

понорен повеќе

понорниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на понор.

понорница повеќе

мн. понорници
Вид збор: Именка, женски род
Река во карстни, карпести предели што понира во земјата, тече под неа и повторно избива на површината.
Албански: lumë nëntokësor

поречје повеќе

мн. поречја
Вид збор: Именка, среден род
Област, земја по долината на река, речна долина.
Англиски: river valley Албански: mat, rrjedhë lumi

порој повеќе

мн. порои
Вид збор: Именка, машки род
Силен поток, надојдена вода што тече по пороен дожд или при нагло топење на снегот.
Англиски: torrent Албански: përrua

поројница повеќе

мн. поројници
Вид збор: Именка, женски род
Река која што по силен дожд или по нагло топење на снегот надоаѓа како порој.
Англиски: torrent Албански: rrëke
Корито од таква река.
Албански: rrëke

Португалија повеќе

Вид збор: Име
Земја во југозападна Европа.
Англиски: Portugal

поток повеќе

мн. потоци
Вид збор: Именка, машки род
Воден тек помал и покус од река.
Англиски: brook Албански: prroskë

потпланински повеќе

потпланинскиот
Вид збор: Придавка
Што се наоѓа во подножјето на планина.
Албански: paramalore

праг повеќе

мн. прагови
Вид збор: Именка, машки род
Карпеста преграда во речно корито преку кое паѓа водата во вид на слапови.
Албански: tërthorëze

Прага повеќе

Вид збор: Име
Главен град на Чешка.
Англиски: Prague

прашума повеќе

мн. прашуми
Вид збор: Именка, женски род
Густо обраснат и непрооден шумски предел во тропските и суптропските области.
Англиски: jungle Албански: xhungël

прашумски повеќе

Види и: прашума (ж.)
прашумскиот
Вид збор: Придавка
Што потекнува, што е дел од прашува, што се однесува на прашума.
Албански: xhungle

превал повеќе

мн. превали
Вид збор: Именка, машки род
Ниско место меѓу две височини или ридови низ кое поминува пат.
Албански: gatë mali

превој повеќе

мн. превои
Вид збор: Именка, машки род
превал, превалец
Албански: qafë, shalë

предгорје повеќе

мн. предгорја
Вид збор: Именка, среден род
Понизок планински предел пред повисока планина.
Англиски: foot of mountain Албански: rrëzë

предел повеќе

мн. предели
Вид збор: Именка, машки род
Определен дел, крај од Земјината површина.
Англиски: region Албански: rajon, zonë

прекуморец повеќе

мн. прекуморци
Вид збор: Именка, машки род
Лице од прекуморска, далечна земја.
Албански: tejoqeanik

прелив повеќе

мн. преливи
Вид збор: Именка, машки род
Место во езеро или река каде што водата се прелива.
Англиски: overflow Албански: derdhje

прерија повеќе

мн. прерии
Вид збор: Именка, женски род
Пространа степа во Северна Америка.
Англиски: prairie Албански: preri, stepë

пресека повеќе

мн. пресеки
Вид збор: Именка, женски род
Место на планина згодно за преминување.
Англиски: pass Албански: kalim, qafë

преслап повеќе

мн. преслапи
Вид збор: Именка, машки род
Пониско планинско било меѓу две височини.
Албански: gatë mali

Преспа повеќе

Вид збор: Име
Географски регион што се простира низ Република Македонија, Грција и Албанија.
Англиски: Prespa

престолнина повеќе

мн. престолнини
Вид збор: Именка, женски род
Главен град на монархија; престолен град.
Англиски: capital Албански: kryeqendër
Главен град на држава.
Англиски: capital Албански: kryeqendër

прибрежен повеќе

прибрежниот
Вид збор: Придавка
крајбрежен
Англиски: coastal

прибрежје повеќе

мн. прибрежја
Вид збор: Именка, среден род
крајбрежје
Англиски: coast

Прилеп повеќе

Вид збор: Име
Град во јужниот дел на Република Македонија.
Англиски: Prilep

прилив повеќе

мн. приливи
Вид збор: Именка, машки род
Периодично повишување на нивото на водата во езерата, морињата и океаните предизвикано од привлечното дејство на Месечината.
Англиски: high tide Албански: kulm batice

приморец повеќе

мн. приморци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што живее на приморје, покрај море.
Албански: bregdetas

приморје повеќе

(едн.) приморјето
Вид збор: Именка, среден род
Крајбрежен појас на копно, покрај море.
Англиски: seaside Албански: bregdet

приморски повеќе

приморска
Вид збор: Придавка
Што е покрај море.
Албански: bregdetar

припек повеќе

мн. припеци
Вид збор: Именка, машки род
Место што е изложено на силно сонце.
Албански: vende të ekspozuara në vapë

присоен повеќе

присојниот
Вид збор: Придавка
Што е на присој.
Англиски: sunny Албански: diellishte

присој повеќе

мн. присои
Вид збор: Именка, машки род
Место што е изложено на сонце, обично на јужна страна.
Англиски: south side Албански: diellishtë

присојница повеќе

мн. присојници
Вид збор: Именка, женски род
присој
Албански: diellishtë
Многу топло место, место на припек.
Албански: vend në diell, diellishtë

пристан повеќе

мн. пристани
Вид збор: Именка, машки род
Место на река каде што може да се застане.
Англиски: bank Албански: vendçlodhje

пристаниште повеќе

мн. пристаништа
Вид збор: Именка, среден род
Град со такво место.
Англиски: port Албански: port

притока повеќе

мн. притоки
Вид збор: Именка, женски род
Река што се влева во поголема река.
Англиски: tributary Албански: degë lumi

Пробиштип повеќе

Вид збор: Име
Град во источниот дел на Република Македонија.
Англиски: Probištip

провлак повеќе

мн. провлаци
Вид збор: Именка, машки род
Тесен копнен појас меѓу две води, кој спојува две големи копнени површини.
Албански: ngushticë, rryp toke

просек повеќе

мн. просеци
Вид збор: Именка, машки род
просека
Албански: llogore
Долина меѓу планина.
Англиски: valley Албански: luginë

просека повеќе

мн. просеки
Вид збор: Именка, женски род
Просечено место низ шума, пат низ шума.
Англиски: forest lane Албански: llogore, hendek

проток повеќе

мн. протоци
Вид збор: Именка, машки род
морска теснина
Англиски: strait Албански: ngushticë

Прусија повеќе

Вид збор: Име
Историски регион во Европа на југоисточниот брег на Балтичкото Море и заливот на Гдањск.
Англиски: Prussia

пустина повеќе

мн. пустини
Вид збор: Именка, женски род
Област со малку врнежи во текот на годината, обично покриена со песок, речиси без вегетација.
Англиски: desert Албански: shkretërirë

пустински повеќе

пустинскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на пустина.
Албански: shkretërire
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - љ - м - н - њ - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш