Географија - категорија

Маврициус повеќе

Вид збор: Име
држава во Африка
Англиски: Mauritius

Мадагаскар повеќе

Вид збор: Име
Островска држава во Индискиот Океан.
Англиски: Madagascar

мајка повеќе

мн. мајки
Вид збор: Именка, женски род
Изворишен дел на река, матица на река.
Англиски: spring Албански: burim

Македонец повеќе

мн. Македонци
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на европски народ кој ја населува историско-географската област Македонија.
Англиски: Macedonian Албански: maqedonas

Македонија повеќе

Вид збор: Име
Географско и историско подрачје на Балканскиот Полуостров во југоисточниот дел од Европа.
Англиски: Macedonia Албански: Maqedoni

макла повеќе

мн. макли
Вид збор: Именка, женски род
Влажно место, млака, мочурливо место.
Англиски: swamp Албански: moçal

маклина повеќе

мн. маклини
Вид збор: Именка, женски род
Влажно место каде што се подвира водата.

Малезија повеќе

Вид збор: Име
Земја во југоисточна Азија.
Англиски: Malaysia

Малешево повеќе

Вид збор: Име
област во Македонија
Англиски: Maleshevo

Малта повеќе

Вид збор: Име
Островска држава во средината на Средоземното Море.
Англиски: Malta

мапа повеќе

мн. мапи
Вид збор: Именка, женски род
Географска карта.
Англиски: map Албански: hartë

Мариово повеќе

Вид збор: Име
Македонска област карактеристична по својата историја, етнологија, традиции и култура.
Англиски: Mariovo

мариовски повеќе

Види и: Мариово (име.)
мариовскиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со Мариово или Мариовци.

Мароко повеќе

Вид збор: Име
Држава во северна Африка.
Англиски: Morocco

матица повеќе

мн. матици
Вид збор: Именка, женски род
Средина на речното корито каде што водната струја е најсилна и каде што водата е најдлабока.
Албански: shtrat

Маџари повеќе

Вид збор: Име
Населба во скопската Општина Гази Баба.

меандер повеќе

мн. меандри
Вид збор: Именка, машки род
Назив за кривулесто течение на река.
Англиски: meander Албански: gjarpërim

меандра повеќе

Види и: меандер (м.)
мн. меандри
Вид збор: Именка, женски род
меандер
Англиски: meander Албански: gjarpërim

Медитеран повеќе

Медитеранот
Вид збор: Именка, машки род
Средоземно Море
Англиски: Mediterranean Албански: Mediteran

медитерански повеќе

медитеранска
Вид збор: Придавка
средоземен
Англиски: mediterranean Албански: mediterane, mesdhetare

меѓурек повеќе

мн. меѓуреци
Вид збор: Именка, машки род
Простор меѓу реки.
Албански: mes lumejsh

меѓуречен повеќе

меѓуречниот
Вид збор: Придавка
Што се наоѓа меѓу реки.

Мексико повеќе

Вид збор: Име
земја во Северна Америка
Англиски: Mexico

Менхетн повеќе

Вид збор: Име
Остров во составот на Њујорк, САД.
Англиски: Manhattan

меридијан повеќе

мн. меридијани
Вид збор: Именка, машки род
Замислена кружна линија што минува низ двата пола на Земјата.
Англиски: meridian Албански: meridian

место повеќе

мн. места
Вид збор: Именка, среден род
предел
Англиски: scene
населено место
Англиски: locality

мијачки повеќе

мијачкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на Мијаците.

мил повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Наталожен нанос од кал и многу ситен песок на дното на бара, река, езеро.
Англиски: deposit Албански: fundërresë

млачиште повеќе

мн. млачишта
Вид збор: Именка, среден род
мочуришно место
Англиски: swamp

могила повеќе

мн. могили
Вид збор: Именка, женски род
Мало возвишение.
Англиски: hill Албански: mogilë, breg

моклиште повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Месност каде што е мокро, влажно.
Англиски: wetland Албански: vend i lagësht

Монако повеќе

Вид збор: Име
Град и мала држава во Европа.
Англиски: Monaco

Монголија повеќе

Вид збор: Име
Земја во Источна и со мал дел во Централна Азија.
Англиски: Mongolia

монсун повеќе

мн. монсуни
Вид збор: Именка, машки род
Сезонски ветер од постојан тип во тропскиот и умерениот појас, кој зиме дува од копното кон морето, а лете во обратен правец и носат обилни дождови.
Англиски: monsoon Албански: muson

море повеќе

мн. мориња
Вид збор: Именка, среден род
Голема површина солена вода, дел од океан завлегува во копното.
Англиски: sea Албански: det

мореуз повеќе

мн. мореузи
Вид збор: Именка, машки род
Тесен дел морска површина кој разделува две копна и спојува две мориња, морски теснец.
Англиски: strait Албански: ngushticë

морски повеќе

морскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на море.
Албански: i deti, detare
Што се наоѓа крај море.
Албански: detare, bregdetare

Москва повеќе

Вид збор: Име
Главен град на Русија.
Англиски: Moscow

мочарка повеќе

мн. мочарки
Вид збор: Именка, женски род
Мокро, влажно место.
Англиски: wetland Албански: pellg

мочуриште повеќе

мн. мочуришта
Вид збор: Именка, среден род
Земјиште што е покриено со неистечна, застоена вода.
Англиски: swamp Албански: moçal

мочуриштен повеќе

мочуришниот
Вид збор: Придавка
Што се однеcува на мочуриште.
Англиски: swampy Албански: moçale

мочурлив повеќе

Види и: мочуриште (ср.)
мочурливиот
Вид збор: Придавка
Што е под мочуриште, во мочуриште.
Англиски: swampy Албански: moçale

музга повеќе

мн. музги
Вид збор: Именка, женски род
бара, мочуриште
Англиски: swamp Албански: moçal
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - љ - м - н - њ - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш