Географија - категорија

Кавадарци повеќе

Вид збор: Име
Град во југозападниот дел на Македонија.
Англиски: Kavadarci

Кавказ повеќе

Кавказот
Вид збор: Име
Област на границата меѓу Европа и Азија.
Англиски: Caucasus

казан повеќе

мн. казани
Вид збор: Именка, машки род
длабока котлина
Англиски: valley Турски: kazan Албански: luginë

Казахстан повеќе

Вид збор: Име
држава во Централна Азија
Англиски: Kazakhstan

Калифорнија повеќе

Вид збор: Име
американска сојузна држава
Англиски: California

калиште повеќе

мн. калишта
Вид збор: Именка, среден род
Место каде што има кал; мочурливо, калливо земјиште.
Англиски: moor Албански: moçale

Камбоџа повеќе

Вид збор: Име
држава во Азија
Англиски: Cambodia

каменит повеќе

каменитиот
Вид збор: Придавка
За земја - што е посна, сиромашна, слабо обработлива.
Англиски: stony Албански: guri

Кампучија повеќе

Вид збор: Име
Поранешно име на државата Камбоџа.
Англиски: Campuchia

Канада повеќе

Вид збор: Име
држава во Северна Америка
Англиски: Canada

канал повеќе

мн. канали
Вид збор: Именка, машки род
Морски премин меѓу две копна.
Англиски: canal Албански: kanal
Долг, широк и длабок ископ за поврзување две реки или мориња.
Англиски: canal Албански: kanal

кантон повеќе

мн. кантони
Вид збор: Именка, машки род
Автономна административно-територијална единица, сојузна држава во состав на Швајцарија.
Англиски: canton Албански: kanton

кањон повеќе

мн. кањони
Вид збор: Именка, машки род
Тесна и длабока речна долина, cо високи и стрмни карпести страни.
Англиски: canyon Албански: kanion
Премин меѓу карпи во висорамнина.
Англиски: canyon Албански: kanion

капија повеќе

мн. капии
Вид збор: Именка, женски род
Влез, тесен премин меѓу стрмни карпи.
Англиски: gate Албански: kapi, kalesë

капка повеќе

мн. капки
Вид збор: Именка, женски род
Извор, кладенец каде што водата извира во вид на одделни капки.
Англиски: drop Албански: pikë, burim

Карпош повеќе

Вид збор: Име
Име на скопска општина.
Албански: Karposh

карст повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Варовит предел, испресечен со вдлабнатини, пештери, вдлабнатини настанати под дејство на атмосферски води.
Англиски: karst Германски: Karst

карстен повеќе

карсниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на карст, што има својства на карст.

карта повеќе

мн. карти
Вид збор: Именка, женски род
Цртеж на Земјината површина, на одделни нејзини делови или на други небески тела.
Англиски: map Албански: hartë

картограф повеќе

мн. картографи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што cе занимава со картографија.
Англиски: cartographer Албански: kartograf

картографија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука за претcтавување на Земјината површина на географски карти; вештина и техника за изработка на географски карти.
Англиски: cartography

картографира повеќе

картографираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изработи, изработува карта (на некаква област, терен) со потребните географски податоци.
Англиски: map

картографски повеќе

картографскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на картографија и на картограф.

Катанга повеќе

Вид збор: Име
Провинција во Демократска Република Конго.
Англиски: Katanga

Катар повеќе

Вид збор: Име
Држава на западниот брег од Персискиот залив.
Англиски: Qatar

катаракт повеќе

мн. катаракти
Вид збор: Именка, машки род
речен водопад
Англиски: cataract Албански: ujvarë

Киев повеќе

Вид збор: Име
Главен град на Украина.
Англиски: Kiev

Кина повеќе

Вид збор: Име
држава во Источна Азија
Англиски: China

Кипар повеќе

Вид збор: Име
Островска држава во Средоземното Море.
Англиски: Cyprus

Киргистан повеќе

Вид збор: Име
држава во Средна Азија
Англиски: Kyrgyzstan

китка повеќе

мн. китки
Вид збор: Именка, женски род
Шумичка во поле, осамени дрвја на возвишение; место што личи на китка.
Англиски: grove Албански: zabel

Кичево повеќе

Вид збор: Име
Град во Западна Македонија.
Англиски: Kicevo Албански: Kërçova

кичер повеќе

мн. кичери
Вид збор: Именка, машки род
Височинка со облик на конус со мала шумичка.
Англиски: grove Албански: zabel

клима повеќе

(едн.) климата
Вид збор: Именка, женски род
Метеоролошки услови и појави (температура и влажност на воздухот, воздушен притисок, ветрови) со кои се карактеризира една област, една земја во подолг временски период, поднебје.
Англиски: climate Албански: klimë

клисура повеќе

мн. клисури
Вид збор: Именка, женски род
Тесна и длабока речна долина со високи и стрмни страни.
Англиски: ravine Албански: grykë, klisyrë

Колумбија повеќе

Вид збор: Име
Држава во Јужна Америка
Англиски: Colombia

Комонвелт повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Меѓународна заедница на бивши британски колонии.
Англиски: Commonwealth Албански: Komonvelt

компас повеќе

мн. компаси
Вид збор: Именка, машки род
Направа cо магнетна игла што секогаш покажува север и служи за ориентација во просторот.
Англиски: compass Албански: busull, kompas

Конго повеќе

Вид збор: Име
Држава во Африка, поранешен Заир.
Англиски: Congo
Држава во Африка, Република Конго.
Англиски: Congo
Река во Африка.
Англиски: Congo

континент повеќе

мн. континенти
Вид збор: Именка, машки род
Огромно копнено пространство на Земјата, обиколено со мориња и океани.
Англиски: continent Албански: kontinent

континентален повеќе

континенталниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на континент, што се наоѓа на континент, што е својствен на континент.
Англиски: continental Албански: kontinental

конфигурација повеќе

мн. конфигурации
Вид збор: Именка, женски род
Надворешен облик на земјиште.
Англиски: configuration Албански: konfiguracion

Копенхаген повеќе

Вид збор: Име
Главен град на Данска.
Англиски: Copenhagen

Кореја повеќе

Вид збор: Име
Полуостров во Азија со две држави: Северна и Јужна Кореја.

Коринт повеќе

Вид збор: Име
град во Грција
Англиски: Corinth

коритница повеќе

мн. коритници
Вид збор: Именка, женски род
Коритеста долина.
Албански: luginë në formë govate

корито повеќе

мн. корита
Вид збор: Именка, среден род
Издлабено место каде што тече река; вдлабнатина исполнета со езерска или морска вода.
Англиски: bed Албански: shtrat, koritë

коса повеќе

мн. коси
Вид збор: Именка, женски род
Планинска страна, дел од планински масив со рамна страна.
Албански: kreshtë

Косово повеќе

Вид збор: Име
географско подрачје и држава на Балканскиот Полуостров
Англиски: Kosovo Албански: Kosova

Костур повеќе

Вид збор: Име
град во Република Грција
Грчки: Καστοριά

кота повеќе

мн. коти
Вид збор: Именка, женски род
Точка на надморска височина означена со бројка на географска карта.
Англиски: spot height Француски: cote Албански: lartësi, kotë

котлина повеќе

мн. котлини
Вид збор: Именка, женски род
Рамнина опкружена со планини (обично покрај река).
Англиски: valley Албански: luginë

Кочани повеќе

Вид збор: Име
Град во источна Македонија.
Англиски: Kočani

кочанка повеќе

мн. кочанки
Вид збор: Именка, женски род
жителка на Кочани

краина повеќе

мн. краини
Вид збор: Именка, женски род
област, покраина, предел
Англиски: area Албански: krahinë

краиште повеќе

мн. краишта
Вид збор: Именка, среден род
Крајниот дел на географска површини, на пример крај на нива.
Англиски: end Албански: skaj

крај повеќе

мн. краеви
Вид збор: Именка, машки род
покраина, област, предел
Англиски: area

крајбрежен повеќе

крајбрежниот
Вид збор: Придавка
Што се наоѓа покрај брегот, на линијата меѓу копно и вода.
Англиски: coastal Албански: bregdetarë

крајбрежие повеќе

Види и: крајбрежје (ср.)
мн. крајбрежија
Вид збор: Именка, среден род
крајбрежје
Англиски: shore Албански: bregdet

крајбрежје повеќе

мн. крајбрежја
Вид збор: Именка, среден род
Појасот земја покрај брегот на река, езеро, море; областа околу брегот.
Англиски: shore Албански: bregdet

крајезерски повеќе

крајезерскиот
Вид збор: Придавка
Што е покрај езеро.
Англиски: lakeside

крајморје повеќе

(едн.) крајморјето
Вид збор: Именка, среден род
Крајбрежен појас на копно, покрај море.
Англиски: coast Албански: bregdet

крајморски повеќе

крајморскиот
Вид збор: Придавка
Што е покрај море.
Англиски: coastal

краста повеќе

мн. красти
Вид збор: Именка, женски род
Голо, камено место на рид или планина.
Албански: vend shkëmbor

Кратово повеќе

Вид збор: Име
град во североисточна Македонија
Англиски: Kratovo

креол повеќе

мн. креоли
Вид збор: Именка, машки род
Потомок од мешовит брак меѓу бела и обоена раса.
Англиски: Creole Албански: kreol

крило повеќе

мн. крилја
Вид збор: Именка, среден род
страна на возвишение
Англиски: side Албански: anë, breg

Крим повеќе

Вид збор: Име
полуостров во Црно Море
Англиски: Crimea

Крит повеќе

Вид збор: Име
острово во Средоземното Море
Англиски: Crete

Крушево повеќе

Вид збор: Име
Град во западна Македонија.
Англиски: Krushevo

Куба повеќе

Вид збор: Име
Островска земја во Карибите.
Англиски: Cuba

Куманово повеќе

Вид збор: Име
Град во североисточниот дел на Република Македонија.
Англиски: Kumanovo

куп повеќе

мн. купови
Вид збор: Именка, машки род
Мало заоблено возвишение.
Англиски: hill Албански: kodër

купа повеќе

мн. купи
Вид збор: Именка, женски род
Глава на планина или на рид, тумба.
Англиски: peak Албански: maje

Курдистан повеќе

Вид збор: Име
Географски регион на Блискиот Исток.
Англиски: Kurdistan
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - љ - м - н - њ - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш