Географија - категорија

далекоисточен повеќе

далекоисточни
Вид збор: Придавка
Во врска со Далечен Исток.
Англиски: Far Eastern Албански: i Lindjes së Largët

Далмација повеќе

Вид збор: Име
Регион на источниот брег на Јадранското Море.
Англиски: Dalmatia

Данска повеќе

Вид збор: Име
Нордиска земја
Англиски: Denmark

Дебар повеќе

Вид збор: Име
Град во западниот дел на Македонија.
Англиски: Debar Турски: Debre Албански: Dibra

делта повеќе

мн. делти
Вид збор: Именка, женски род
Утока на река што се дели на повеќе ракави.
Англиски: delta Албански: deltë, gojë lumi

депресија повеќе

мн. депресии
Вид збор: Именка, женски род
Област што лежи пониско од површината на морето.
Англиски: depression Албански: depresion

дервен повеќе

мн. дервени
Вид збор: Именка, машки род
Клисура, планински теснец.
Англиски: gorge

дивина повеќе

(едн.) дивината
Вид збор: Именка, женски род
Диво, непроодно, зафрлено, ненаселено место, земјиште.
Англиски: wilderness Албански: vend i egër

дипла повеќе

мн. дипли
Вид збор: Именка, женски род
планинска страна
Англиски: hillside Албански: palë, anë mali

дистрикт повеќе

мн. дистрикти
Вид збор: Именка, машки род
област, регија
Англиски: district Албански: distrikt, rajon

добродетел повеќе

мн. добродетели
Вид збор: Именка, машки род
Тој што прави добри дела.
Англиски: benefactor

дол повеќе

мн. долови
Вид збор: Именка, машки род
Вдлабнато место меѓу два рида каде што тече или некогаштечела река.
Англиски: valley Албански: luginë

долина повеќе

мн. долини
Вид збор: Именка, женски род
Издолжен, вдлабнат простор, рамнина меѓу ридови, обично по текот на река.
Англиски: valley Албански: luginë

долниште повеќе

мн. долништа
Вид збор: Именка, среден род
Ниско место, рамнина.
Англиски: lowland Албански: ultësirë

домородец повеќе

мн. домородци
Вид збор: Именка, машки род
Лице што потекнува од определено место.
Англиски: native Албански: vendas, autokton

Драчево повеќе

Вид збор: Име
Населба во скопската општина Кисела Вода.
Англиски: Drachevo

Дрезден повеќе

Вид збор: Име
Град во СР Германија.
Англиски: Dresden

Дунав повеќе

Вид збор: Име
Име на голема европска река која тече од запад кон исток.
Англиски: Danube Албански: Danubi
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - љ - м - н - њ - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш