Гастрономија - категорија

шалган повеќе

мн. шалгани
Вид збор: Именка, машки род
Растение чии корени се јадат.
Латински: Helianthus tuberosus Англиски: Jerusalem artichoke Турски: şalgam Француски: topinambour Албански: lloj karrote, rrepë

шампањ повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Заштитено име на француско пенливо вино од областа Шампања.
Англиски: champagne Француски: champagne Албански: shampanjë
Пенливо вино без оглед на потеклото.
Англиски: sparkling wine Француски: champagne

шампањски повеќе

Види и: шампањ (м.)
шампањско
Вид збор: Придавка
шампањ
Албански: shampanje
Примери:
Шампањско вино (бело пенливо вино од Шампањ).

шампита повеќе

мн. шампити
Вид збор: Именка, женски род
Вид слаткарски производ, колач од матена белка и тесто.

шанк повеќе

мн. шанкови
Вид збор: Именка, машки род
Пулт во кафеана, ресторан.
Англиски: bar Германски: Schank Српски: шанк

шанкер повеќе

мн. шанкери
Вид збор: Именка, машки род
Лице што работи на шанк.
Англиски: barman

шарлаган повеќе

(едн.) шарлаганот
Вид збор: Именка, машки род
Растително масло - од сусам, афионско семе и сл.
Англиски: seed oil Турски: şırlağan Албански: lloj voji, sharllagan

шатобријан повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Дебело парче печен или пржен говедски стек.
Англиски: Chateaubriand Француски: Chateaubriand

шафран повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Јужно тревно растение со виолетови цвтови, кои кога ќе се исушат и сомелат се користат како мирудија и лек, а служат и за боење.
Латински: Crocus sativus Англиски: saffron Турски: safran Албански: shafran

шваргла повеќе

мн. шваргли
Вид збор: Именка, женски род
Сувомесен производ, еден вид колбас.

шербет повеќе

шербетот
Вид збор: Именка, машки род
Како ориенталска напивка.
Англиски: sorbet Турски: şerbet Албански: sherbet
Густо растопен шеќер за попарување на некои благи работи: баклава, раванија и сл.
Англиски: treacle Турски: şerbet Албански: sherbet

шербетлија повеќе

Вид збор: Придавка
Слатки со шербет.
Англиски: sweet pastry Турски: şerbetli
Силно засладен.
Англиски: sweet

шери повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Темно до кафеаво, густо шпанско вино слично на ликер.
Англиски: sherry

шеќер повеќе

(едн.) шеќерот
Вид збор: Именка, машки род
Засладувач во вид на ситни кристали или друга форма.
Англиски: sugar Турски: şeker
Примери:
ситен шеќер

шеќерлеме повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Вид слатко, слатка од шеќер.
Англиски: sugar pastry Турски: şekerleme Албански: sheqerleme

шеќерче повеќе

мн. шекерчиња
Вид збор: Именка, среден род
бонбона, шеќерлеме
Англиски: candy

шеќерџија повеќе

мн. шеќерџии
Вид збор: Именка, машки род
Оној што прави и продава бонбони и разни други слатки работи.
Англиски: candy maker Турски: şekerci Албански: sheqerxhi

шилер повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Вид вино од бело и црно грозје.
Албански: lloj i verës

шира повеќе

(едн.) ширата
Вид збор: Именка, женски род
Благо вино, неферментиран сок од изгмечено грозје.
Англиски: must Турски: şıra Албански: musht, shirë, verë e ëmbël

ширден повеќе

мн. ширдени
Вид збор: Именка, машки род
Јадење направено од ширден.
Албански: lloj haje, kukurec

шкембар повеќе

мн. шкембари
Вид збор: Именка, машки род
Оној што продава и што приготвува шкембиња.
Англиски: tripe cook Албански: kukurecxhi
Оној што сака да јаде шкембиња или шкембе-чорба.
Англиски: gourmet Албански: gurman, kukurecxhi

шкембе повеќе

мн. шкембиња
Вид збор: Именка, среден род
Дел од желудникот на животните што може да се јаде.
Англиски: tripe Албански: kukurec

шкембеџилница повеќе

Вид збор: Именка, женски род
шкембарница
Албански: plënctore, kukurectore

шкето повеќе

Види и: чкето (ср.)
(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Врста чорбасто јадење со запршено јагнешко месо со лук и многу магдонос.
Албански: sket

шлаг повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Изматена млечна павлака или белка од јајце.
Англиски: cream Германски: Schlagsahne Албански: krem, shllag
Примери:
Сладолед со шлаг.

шмек повеќе

Вид збор: Именка, машки род
вкус, арома
Англиски: taste Германски: Geschmack

шницла повеќе

мн. шницли
Вид збор: Именка, женски род
Танко исечено и пржено парче месо.
Англиски: cutlet Германски: Schnitzel Албански: kotëletë

шол повеќе

мн. шолови
Вид збор: Именка, машки род
Дел од бутот на крупна стока.

шпакла повеќе

мн. шпакли
Вид збор: Именка, женски род
Прибор со дршка и сплоснат преден дел што се користи при готвење за измазнување на површини.
Англиски: spatula Германски: Spachtel

шпаргла повеќе

мн. шпаргли
Вид збор: Именка, женски род
Зелјесто градинарско растение што се користи како зеленчук.
Латински: Asparagus officinalis Англиски: asparagus Германски: Spargel Албански: shparg
Јадење од тоа растение користи како готварски специјалитет.
Англиски: asparagus

шпикува повеќе

шпикуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Набоде сланина или лук врз месото пред печење.
Англиски: lard Германски: spicken

шприцер повеќе

мн. шприцери
Вид збор: Именка, машки род
Чаша вино со сода.
Германски: Spritzer Албански: verë me sodë, shpricer

шрба повеќе

шрбаат
Вид збор: Глагол, несвршен
срка
Англиски: slurp

штрудла повеќе

мн. штрудли
Вид збор: Именка, женски род
Вид пита од кори.
Англиски: strudel Германски: Strudel Албански: lloj pite, strudel

шунка повеќе

мн. шунки
Вид збор: Именка, женски род
Специјално приготвено месо, со варење и чадење, од свински бут.
Англиски: ham Германски: Schinken Албански: shunkë, proshutë
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - њ - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш