Гастрономија - категорија

царевен повеќе

царевна
Вид збор: Придавка
Кој е од пченка.
Англиски: corn Албански: i misrit, i kallomboqit
Примери:
Царевен леб.

царевка повеќе

Види и: царевица (ж.)
мн. царевки
Вид збор: Именка, женски род
Пченка, плодот на растението.
Англиски: corn Албански: misër, kallamboq
Примери:
Вареа пченица и царевка ронеа.

царевница повеќе

Вид збор: Именка, женски род
пченкарен леб, пченкарник
Англиски: corn bread Албански: bukë misri, bukë e kallambojt

цвекло повеќе

мн. цвекла
Вид збор: Именка, среден род
Едногодишно градинарско растение со големи долгнавести листови и тркалезен, сочен, црвен корен што се користи во исхраната на човекот.
Латински: Beta vulgaris Англиски: beetroot Албански: panxhar

цвик повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Течност што се исцедува од потсирено млеко, од сирење, урда; преварена и прецедена сурутка.
Англиски: whey Албански: hirrë, thartor

целувка повеќе

мн. целувки
Вид збор: Именка, женски род
Вид слатки од белки и шеќер.
Англиски: meringue Албански: merengë

цикорија повеќе

мн. цикории
Вид збор: Именка, женски род
Коренот на ова растение употребуван како додаток на кафе.
Англиски: chicory Албански: çikore, radhiqe
Примери:
Кафе со цикорија.

цилунка повеќе

мн. цилунки
Вид збор: Именка, женски род
вид сушена риба
Албански: mish peshki i thatë

цимет повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Кората на ова растение; се употребува како зачин на печиво.
Англиски: cinnamon Албански: kanellë, cimt

цитронада повеќе

мн. цитронади
Вид збор: Именка, женски род
Напивка, сок од цеден цитрон.
Англиски: lemonade Албански: citronadë, limunadë
Примери:
студена цитронада

циун повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Чеп за бочва или каца.
Англиски: tap Албански: sqep, tap
Примери:
Тече низ циунот.

цицвара повеќе

(едн.) цицварата
Вид збор: Именка, женски род
Качамак со кајмак.
Англиски: polenta Албански: polentë, kaçamak

цопаќ повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Поголемо парче домашен леб.
Албански: copë buke

црвенка повеќе

Вид збор: Именка, женски род
црвено вино
Англиски: red wine Албански: verë e kuqe

цревар повеќе

мн. цревари
Вид збор: Именка, машки род
Човек што преработува или продава црева од заклан добиток.
Албански: zorrëtar

цреварски повеќе

цреварска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на цревар.
Албански: zorrëtare, zorrësh
Примери:
Цреварска работилница.

цревце повеќе

Види и: црево (ср.)
мн. цревца
Вид збор: Именка, среден род
Очистени црева, обично јагнешки, сплетени и приготвена за јадење.
Албански: zorrë

црепна повеќе

мн. црепни
Вид збор: Именка, женски род
Земјен сад со кој со поклопува леб при печење.
Албански: çerep
Примери:
Оваа црепна пече убаво

црепналка повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Крпа со која се брише црепната.
Албански: leckë për fshirje të çerepit

цреша повеќе

мн. цреши
Вид збор: Именка, женски род
Плодот на оваа овошка.
Англиски: cherry Албански: qershi

црница повеќе

мн. црници
Вид збор: Именка, женски род
Дрво и плод.
Латински: Morus alba Англиски: mulberry Албански: man i zi, dud
Примери:
Се качи на црницата.

црњак повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Црно вино.
Англиски: red wine Албански: verë e kuqe

црпалка повеќе

мн. црпалки
Вид збор: Именка, женски род
Голема лажица, обично за сервирање супа.
Англиски: ladle
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - њ - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш