Гастрономија - категорија

фашира повеќе

фашираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Раздроби, раздробува месо на ситни парчиња.
Англиски: mince Германски: faschieren

фаширан повеќе

Види и: фашира (св. и несв.)
фаширани
Вид збор: Придавка
Приготвен со фаширање.
Англиски: minced Германски: faschiert Албански: i grirë
Примери:
Фаширано месо.

фаширање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
фашира
Англиски: mincing Албански: grirje

феферон повеќе

мн. феферони
Вид збор: Именка, машки род
ситно луто пиперче
Англиски: peperoni

феферонка повеќе

Види и: феферон (м.)
мн. феферонки
Вид збор: Именка, женски род
феферон
Англиски: peperoni

фиде повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Тенка тестенина.
Англиски: pasta Турски: fide Албански: vermiçeli, fide
Примери:
Супа со фиде.

фил повеќе

мн. филови
Вид збор: Именка, машки род
Материјал со кој се полни нешто, обично се однесува за храна и слаткарство, за колачи и торти.
Англиски: filling Албански: fill, mbushje

филе повеќе

мн. филеа
Вид збор: Именка, среден род
Кревко парче месо без коски.
Англиски: fillet Албански: fileto

филува повеќе

филуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
За слатки - прелева со фил.
Англиски: glaze Албански: bëj me krem, me fill

фишек повеќе

мн. фишеци
Вид збор: Именка, машки род
корнет за сладолед
Англиски: cone Албански: fishek, kon

флаширан повеќе

флашираниот
Вид збор: Придавка
наполнет во шишиња
Англиски: bottled

фонду повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Јадење од мали парчиња леб, месо или овошје што се потопуваат во некој зовриен сос.
Англиски: fondue
Примери:
чоколадно фонду

франџула повеќе

мн. франџули
Вид збор: Именка, женски род
Купечки долгнавест леб.
Англиски: french bread Албански: lloj buke, bukë frenge

фрба повеќе

фрбаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Пие нешто, обично топло, со поземање и воздух.
Англиски: slurp Албански: gjerb, surb
Јаде со лажица нешто топло и течно, срка.
Англиски: slurp Албански: gjerb, surb

фрижидер повеќе

мн. фрижидери
Вид збор: Именка, машки род
Механички ладилник.
Англиски: refrigerator Албански: frigorifer

фритеза повеќе

мн. фритези
Вид збор: Именка, женски род
Електричен апарат за пржење во масло.
Англиски: deep fryer Француски: friteuse

ф’стак повеќе

мн. ф’стаци
Вид збор: Именка, машки род
Грмушка или ниско дрво со јаткасти плодови.
Латински: Pistacia vera Англиски: pistachio

фурма повеќе

Види и: урма (ж.)
Вид збор: Именка, женски род
урма
Англиски: date Албански: hurmë

фурна повеќе

мн. фурни
Вид збор: Именка, женски род
Печка за печење, обично леб и пецива.
Англиски: oven Турски: fırın Албански: furrë Грчки: φούρνος
Количество леб што собира една фурна.
Англиски: bread Албански: furrë Грчки: φούρνος
пекарница
Англиски: bakery Албански: furrë Грчки: φούρνος
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - њ - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш