Гастрономија - категорија

саздрма повеќе

мн. саздрми
Вид збор: Именка, женски род
вид кавурма
Англиски: goulash Турски: sızdırma Албански: gulash

саке повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Јапонски акохолен пијалак од ориз.
Англиски: sake

салама повеќе

мн. салами
Вид збор: Именка, женски род
вид колбаси
Англиски: salami Турски: salam Албански: sallam
Примери:
свежа салама

саламура повеќе

саламурата
Вид збор: Именка, женски род
Солена вода во која се држи месо, риби, сирење и сл.
Англиски: brine Турски: salamura Албански: shëllirë
Примери:
Стави во саламура.

саламурен повеќе

Види и: саламура (ж.)
саламурна
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на саламура.
Албански: shëllire

салата повеќе

мн. салати
Вид збор: Именка, женски род
Додаток кон друго јадење - зеленчук полеан најчесто со оцет и масло.
Англиски: salad Албански: sallatë

салатен повеќе

салатниот
Вид збор: Придавка
Што е наменет за салата.

салатник повеќе

мн. салатници
Вид збор: Именка, машки род
Чинија за салата.
Англиски: salat bowl Албански: pjatë për sllatë

салеп повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Пијалак од тоа растение.
Турски: salep Албански: salep

салепчија повеќе

мн. салепчии
Вид збор: Именка, машки род
Лице што прави или продава салеп.
Турски: salepçi

салицил повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Салицилова киселина; бел кристален прав што спречува вриење и гниење.
Англиски: salicylic acid Албански: oksid salicili
Примери:
Во туршијата редовно става салицил.

салмонела повеќе

мн. салмонели
Вид збор: Именка, женски род
Бактерија што предизвикува труење со храна.
Латински: Salmonella Англиски: salmonella

сало повеќе

мн. сала
Вид збор: Именка, среден род
Маст добиена по топењето на мрсните делови од месото на свиња; свињска маст.
Англиски: lard Албански: sallo, dhjamë
Примери:
Салото го чува во канти.
Мас на трбушката од свиња.
Англиски: bacon Албански: proshutë

салфета повеќе

мн. салфети
Вид збор: Именка, женски род
Крпа што се употребува при јадење.
Англиски: napkin Француски: serviette Албански: pecetë, servietë

салца повеќе

(едн.) салцата
Вид збор: Именка, женски род
сос од домати
Англиски: tomato sauce Турски: salça Албански: salcë

самкис повеќе

Вид збор: Именка, машки род
кисело млеко
Англиски: yoghurt Албански: kos, jogurt

самовар повеќе

мн. самовари
Вид збор: Именка, машки род
Металски прибор за греење вода за чај.
Англиски: samovar Турски: semaver Албански: semaver
Примери:
Руски самовар.

самоквас повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Млеко што се поткиселило само.
Англиски: sour milk Албански: qumësht i thartuar

самокиш повеќе

Вид збор: Именка, машки род
самоквас
Англиски: sour milk Албански: qumësht i thartuar

самоток повеќе

мн. самотоци
Вид збор: Именка, машки род
Вино што ќе се исцеди од грозјето пред ферментацијата.
Албански: verë e ëmbël

сандвич повеќе

Вид збор: Именка, машки род
сендвич
Англиски: sandwich Албански: sanduiç

сарајлија повеќе

мн. сарајлии
Вид збор: Именка, женски род
вид погача, вид колач
Албански: sarajlie, lloj pogaçe

сарма повеќе

мн. сарми
Вид збор: Именка, женски род
Вид традиционално јадење од месо и ориз завиткано во листови од лоза, зелка штавеј и сл.
Англиски: roulade Турски: sarma Албански: sarmë

сармаџија повеќе

мн. сармаџии
Вид збор: Именка, машки род
Тој што сака да јаде сарма.

сафт повеќе

Вид збор: Именка, машки род
сок, сос
Англиски: sauce Германски: Saft Албански: salcë, lëng
Примери:
ќофте во сафт

сафтен повеќе

Види и: сафт (м.)
сафтни
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на сафт.
Албански: salce, lëngu

сахарин повеќе

(едн.) сахаринот
Вид збор: Именка, машки род
Бел кристален прашок многу посладок од обичниот шеќер, сурогат на шеќер.
Англиски: saccharine Албански: sakarinë

сахарински повеќе

сахаринска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на сахарин.
Албански: sakarine
Примери:
сахарински прашок

свирипиле повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Јадење од леб и пипер размешано со вода.

семка повеќе

мн. семки
Вид збор: Именка, женски род
Семки - печено семе од тикви.
Англиски: seeds Албански: farë
Примери:
Имаше полн џеб семки и само си грицкаше.

семкар повеќе

мн. семкари
Вид збор: Именка, машки род
Лице кое продава печени семки.
Албански: faraxhi

сендвич повеќе

мн. сендвичи
Вид збор: Именка, машки род
Обично две парчиња леб со маст, путер, колбаси, риба меѓу нив.
Англиски: sandwich Албански: sanduiç

сендвичарница повеќе

мн. сендвичарници
Вид збор: Именка, женски род
Продавница за сендвичи.
Англиски: sandwich shop

сенф повеќе

Види и: синап (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Паста од мелени семки од синап.
Англиски: mustard Германски: Senf Албански: mustardë, senf

сервис повеќе

мн. сервиси
Вид збор: Именка, машки род
Гарнитура, прибор за јадење, чај и сл.
Англиски: service Албански: servis
Примери:
Кристален сервис за ликер.

сеченица повеќе

мн. сеченици
Вид збор: Именка, женски род
Вид пита, се сече на коцки пред да се испече.

сечка повеќе

сечкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Сече на ситни парчиња.
Англиски: mince Албански: pres në copëza

симид повеќе

Види и: симит (м.)
мн. симиди
Вид збор: Именка, машки род
Лепче од бело брашно замесено со специјална маја.
Англиски: roll Турски: simit Албански: simite

симит повеќе

мн. симити
Вид збор: Именка, машки род
Лепче од бело брашно замесено со специјална маја.
Англиски: roll Турски: simit Албански: simite

симитче повеќе

Види и: симит (м.)
мн. симитчиња
Вид збор: Именка, среден род
симид
Англиски: roll Албански: simitkë

синап повеќе

Види и: сенф (м.)
Вид збор: Именка, машки род
Зачин што се прави од семето на тоа растение.
Англиски: mustard Албански: mustardë, senf

сиратка повеќе

Види и: сурутка (ж.)
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
сурутка
Англиски: whey

сиренце повеќе

Види и: сирење (ср.)
мн. сиренца
Вид збор: Именка, среден род
сирење
Англиски: cheese Албански: djathë
Примери:
Kупив малу сиренце.

сирење повеќе

мн. сирења
Вид збор: Именка, среден род
млечен производ
Англиски: cheese Албански: djath

сири повеќе

сират
Вид збор: Глагол, несвршен
(се сири) Станува сирење.

сириште повеќе

мн. сиришта
Вид збор: Именка, среден род
Вештачки препарат за оваа цел.
Англиски: rennet Албански: farë djathi

сирница повеќе

мн. сирници
Вид збор: Именка, женски род
Каца, сад во која се чува млекото пред да се сири.
Албански: fuçi ku zihet djathi

сируп повеќе

мн. сирупи
Вид збор: Именка, машки род
Густо сварен шеќерен сок.
Англиски: treacle Албански: shurup
Примери:
Малинов сируп.

сифон повеќе

мн. сифони
Вид збор: Именка, машки род
Шише со таква цевка за сода или минерална вода.
Албански: sifon, shishe për sodë

скара повеќе

мн. скари
Вид збор: Именка, женски род
Направа за печење месо.
Англиски: barbecue Турски: ızgara Албански: skarë
Печено месо - ќебапчиња на таква направа.
Англиски: barbecue Турски: ızgara Албански: skarë

скисне повеќе

(се) скиснат
Вид збор: Глагол, свршен
За тесто - нарасне под дејство на квасец.
Англиски: sour Албански: thartoj
За храна - се скисели, добие лош вкус, се расипе.
Англиски: spoil Албански: thartoj, prishë

скроб повеќе

(едн.) скробот
Вид збор: Именка, машки род
Брашнен дел што се наоѓа во зрното на житата или коренот на некои други растенија.
Англиски: starch Албански: niseshte

скробен повеќе

скробна
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на скроб.
Албански: niseshte
Примери:
Скробно брашно.

слад повеќе

(едн.) сладот
Вид збор: Именка, машки род
Јачмен осушен и подготвен за правење пиво.
Англиски: malt Албански: malt

слади повеќе

сладат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави сладок со додавање шеќер, мед и сл.
Англиски: sweeten Албански: ëmbëlsoj
Примери:
Gо слади тестото со мед.

сладина повеќе

мн. сладини
Вид збор: Именка, женски род
Вкус на она што е слатко.
Англиски: sweetnes Албански: ëmbëlsi
Примери:
Сладината на грозјето.

сладникав повеќе

сладникави
Вид збор: Придавка
Кој не е многу сладок.
Англиски: sweetish Албански: pak i ëmbël
Примери:
Сладникаво вино.

сладок повеќе

слатки
Вид збор: Придавка
Што има вкус својствен на шеќер, мед; приготвен со шеќер.
Англиски: sweet Албански: i ëmbël

сладокусец повеќе

мн. сладокусци
Вид збор: Именка, машки род
Лице што ужива во вкусот.
Англиски: gourmet
Примери:
голем сладокусец

сладолед повеќе

мн. сладоледи
Вид збор: Именка, машки род
Замрзната смеса обично од млеко, шеќер и јајца.
Англиски: ice-cream Албански: akullore
Примери:
млечен сладолед

сладоледен повеќе

сладоледниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на сладолед.

сладоледџија повеќе

Вид збор: Именка, машки род
сладолетчија
Англиски: iceman Албански: shitës akulloresh

сладолетчија повеќе

мн. сладолетчии
Вид збор: Именка, машки род
Лице што прави или продава сладолед.
Англиски: iceman Албански: shitës akulloresh

сламка повеќе

мн. сламки
Вид збор: Именка, женски род
Тенка цевка за пиење течности (сок, коктел).
Англиски: straw

сланина повеќе

мн. сланини
Вид збор: Именка, женски род
Мрсен поткожен слој кај свињата или кај некои други животни од кој се топи сало.
Англиски: flab Албански: proshutë
Полутраен производ од поткожниот слој од свиња или друго животно приготвен со солење и сушење на чад или на друг начин.
Англиски: bacon

сланиница повеќе

Види и: сланина (ж.)
мн. сланиници
Вид збор: Именка, женски род
сланина
Англиски: bacon Албански: proshutë

сланоток повеќе

Види и: слануток (м.)
мн. сланотоци
Вид збор: Именка, машки род
слануток
Англиски: chickpea Албански: grashak, bizele

слатка повеќе

мн. слатки
Вид збор: Именка, женски род
(обично во мн.) Слатки прехранбени производи.
Англиски: sweets

слаткар повеќе

мн. слаткари
Вид збор: Именка, машки род
Човек што прави и продава слатки.
Англиски: pastry cook Албански: pastiçer
Тој што сака слатки.
Албански: adhurues ëmbëlsirash

слаткарка повеќе

мн. слаткарки
Вид збор: Именка, женски род
жена слаткар
Англиски: pastry cook

слаткарница повеќе

мн. слаткарници
Вид збор: Именка, женски род
Дуќан или гостилница каде што се продаваат слатки.
Англиски: pastry shop Албански: ëmbëltore

слаткарски повеќе

слаткарска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на слаткар и на слаткарство.
Албански: pastiçerie
Примери:
слаткарска работилница

слаткарство повеќе

(едн.) слаткарството
Вид збор: Именка, среден род
Професија за правење слатки.
Англиски: patisserie Албански: pastiçeri
Примери:
Курс по слаткарство.

слаткиш повеќе

Види и: слатка (ж.)
мн. слаткиши
Вид збор: Именка, машки род
слатки
Англиски: sweets Албански: ëmbëlsirë

слатко повеќе

мн. слатка
Вид збор: Именка, среден род
Густо сварено овошје со многу шеќер.
Англиски: preserve Албански: reçel

слачен повеќе

слачни
Вид збор: Придавка
Што има слач, сладина, што е сластен.
Англиски: sweet
Примери:
слачни јаболка

слива повеќе

мн. сливи
Вид збор: Именка, женски род
Плодот на дрвото.
Латински: Prunus domestica Англиски: plum Албански: kumbull
сливка, сливова (ракија), сливовица
Англиски: plum brandy Албански: raki kumbulle

сливка повеќе

мн. сливки
Вид збор: Именка, женски род
сливова ракија
Албански: raki kumbulle
Примери:
Пиеше само сливка.

сливовица повеќе

(едн.) сливовицата
Вид збор: Именка, женски род
сливова ракија
Англиски: plum brandy Албански: raki kumbulle, slivovicë
Примери:
извозна сливовица

слоч повеќе

Вид збор: Именка, машки род
вид саламура
Англиски: brine

смесник повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Мешано брашно.
Албански: miell i përzier

смоква повеќе

мн. смокви
Вид збор: Именка, женски род
Плодот на ова дрво.
Англиски: fig Албански: fik
Примери:
Слатко од смокви.

смрзнат повеќе

смрзнати
Вид збор: Придавка
Конзервиран со замрзнување.
Англиски: frozen Албански: i ngrirë
Примери:
Смрзната кокошка.

снекбар повеќе

мн. снекбарови
Вид збор: Именка, машки род
Кафе-ресторан во кој се служат брзи, едноставни оброци.
Англиски: snack-bar

сода повеќе

мн. соди
Вид збор: Именка, женски род
газирана вода
Англиски: soda water Албански: ujë i gazuar

содаџилница повеќе

мн. содаџилници
Вид збор: Именка, женски род
Продавница за сода.

содаџиски повеќе

содаџиска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на содаџија.
Албански: sode
Примери:
Содаџиски дуќан.

соја повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Семето од ова растение што се користи во исхраната како замена за протеините од животинско потекло.
Англиски: soya Албански: sojë

сок повеќе

мн. сокови
Вид збор: Именка, машки род
Пијалак од некои плодови.
Англиски: juice Албански: lëng

сол повеќе

мн. соли
Вид збор: Именка, женски род
(едн.) Бела кристална супстанца со специфичен вкус што се додава кон храната, натриум хлорид.
Латински: NaCl Англиски: salt Албански: kripë

соларник повеќе

Види и: соленик (м.)
мн. соларници
Вид збор: Именка, машки род
Мал домашен сад за сол.
Англиски: salt shaker Албански: kripës, kripore

солен повеќе

солени
Вид збор: Придавка
Приготвен со сол, кој има вкус на сол.
Англиски: salty Албански: i njelmët

соленица повеќе

Вид збор: Именка, женски род
соленик, соларник
Англиски: salt shaker Албански: kripës, kripore

соленка повеќе

соленко
Вид збор: Придавка
(само во ж. и ср. род) солен
Англиски: salty Албански: i njelmët
Примери:
Јадењево ви е соленко.

соленка повеќе

мн. соленки
Вид збор: Именка, женски род
Тестенина со солен вкус.
Англиски: saltstick Албански: shkopinj të kripur

соли повеќе

солат
Вид збор: Глагол, несвршен
Сипе сол во нешто, посипува со сол.
Англиски: salt Албански: kripos
Примери:
Соли јадење.
Приготвува со сол, со раствор од сол.
Англиски: pickle Албански: kripos
Примери:
Соли риба.

солило повеќе

мн. солила
Вид збор: Именка, среден род
Солена вода во која се чува сирење и др.
Англиски: brine Албански: shëllirë

солна повеќе

мн. солни
Вид збор: Именка, женски род
Скелето на кое што се суши пастрмата.
Албански: kripore për pastërm

солница повеќе

Вид збор: Именка, женски род
соларник
Англиски: salt shaker Албански: kripës, kripore

сол-пипер повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Сол со толчена сува пиперка.
Албански: kripëspec
Склопец со сол-пипер.
Албански: kripëspec

сомеле повеќе

сомелат
Вид збор: Глагол, свршен
Претвори во брашно, со мелење направи нешто на ситни парченца.
Англиски: grind Албански: bluaj

сомовина повеќе

(едн.) сомовината
Вид збор: Именка, женски род
Месо, јадење приготвено од сом.
Англиски: catfish meat Албански: haje me silur, me mustak

сомски повеќе

сомскиот
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на сом.
Англиски: catfish Албански: siluri, mustaki
Примери:
Сомско месо.

сомуниште повеќе

Види и: сомун (м.)
мн. сомуништа
Вид збор: Именка, среден род
сомун
Англиски: loaf Албански: somune, bukë

сомунче повеќе

Види и: сомун (м.)
мн. сомунчиња
Вид збор: Именка, среден род
сомун
Англиски: loaf Албански: somune, bukëz
Примери:
сомунче и неколку маслинки.

сончогледов повеќе

сончогледови
Вид збор: Придавка
Кој се добива од сончоглед.
Англиски: sunflower Албански: luludielli
Примери:
Сончогледово масло.

сос повеќе

мн. сосови
Вид збор: Именка, машки род
Вид каша.
Англиски: sauce Албански: salcë
Примери:
Доматен сос.

сосири повеќе

сосират
Вид збор: Глагол, свршен
За млеко - направи да се пресече, да стане густо.
Англиски: curdle Албански:
Примери:
Го сосири ли млекото?

софра повеќе

мн. софри
Вид збор: Именка, женски род
Ниска тркалезна маса за хранење.
Англиски: table Турски: sofra Албански: sofër
јадење, храна
Англиски: food Турски: sofra Албански: sofër, ushqim

сочен повеќе

сочни
Вид збор: Придавка
Кој содржи многу сок.
Англиски: juicy Албански: i lëngshëm, pikant

спанак повеќе

Види и: спанаќ (м.)
(едн.) спанакот
Вид збор: Именка, машки род
спанаќ
Латински: Spinacia oleracea Англиски: spinach Албански: spinaq

спанаќ повеќе

(едн.) спанаќот
Вид збор: Именка, машки род
Едногодишно зелјесто растение што се употребува за јадење.
Латински: Spinacia oleracea Англиски: spinach Турски: ıspanak Албански: spinaq

спеник повеќе

мн. спеници
Вид збор: Именка, машки род
Вид пита од пченкарно брашно.
Албански: pite e kallombojt, me miell misri

специјалитет повеќе

мн. специјалитети
Вид збор: Именка, машки род
Обично за јадење - нешто специјално приготвено.
Англиски: speciality Албански: specialitet

спорија повеќе

мн. спории
Вид збор: Именка, женски род
(обично мн.) Печено семе од тикви.
Англиски: pumpkin seeds Албански: fara kungulli

спорјаџија повеќе

мн. спорјаџии
Вид збор: Именка, машки род
Лице кое продава семки.
Албански: faraxhi

спржи повеќе

спржат
Вид збор: Глагол, свршен
Приготви со пржење.
Англиски: roast Албански: përzhit, fërgon
Примери:
Спржија неколку јајца со сланина.

средина повеќе

средината
Вид збор: Именка, женски род
Внатрешниот дел на леб, лубеница и сл.
Англиски: middle Албански: mes

сретка повеќе

мн. сретки
Вид збор: Именка, женски род
Мекиот дел од лебот.

срка повеќе

сркаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Јаде со лажица нешто течно, ретко.
Англиски: slurp

стамболка повеќе

мн. стамболки
Вид збор: Именка, женски род
Вид на некои овошја и нивните плодови (круша, јаболко, слива).
Англиски: fruit Албански: lloj fruta, stambollka

стафиди повеќе

Вид збор: Именка, множина
Сушено грозје.
Англиски: raisins Албански: lloj rrushi i tharë

стафитка повеќе

Види и: стафиди (само мн.)
мн. стафитки
Вид збор: Именка, женски род
Исушено грозје од сонцето додека е на лозата.
Англиски: currant

стек повеќе

Вид збор: Именка, машки род
стек, шницла
Англиски: steak Албански: stek, biftek

сув повеќе

суви
Вид збор: Придавка
Приготвен со сушење, исушен.
Англиски: dry Албански: i tharë, i thatë

сувомесен повеќе

сувомесни
Вид збор: Придавка
Приготвен со сушење, димење, конзервирање.
Англиски: cured Албански: i konzervuar

сукало повеќе

мн. сукала
Вид збор: Именка, среден род
Стапче со кое се сучат кори.
Англиски: rolling pin Албански: okllagi, shkop pete

султанина повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Вид бело десертно грозје со валчесто издолжено зрно со една семка.

султанка повеќе

Види и: султана (ж.)
мн. султанки
Вид збор: Именка, женски род
(само едн.) Вид бело грозје од кое се произведува суво грозје.
Англиски: sultana

супа повеќе

мн. супи
Вид збор: Именка, женски род
Течно јаддење направено од варен зеленчук, месо, риба и сл.
Англиски: soup Албански: supë
Примери:
говедска супа

супен повеќе

Види и: супа (ж.)
супени
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на супа.
Албански: supe
Примери:
Супена лажица.

супица повеќе

Види и: супа (ж.)
мн. супици
Вид збор: Именка, женски род
супа
Англиски: soup Албански: supëz

сурутка повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Течност што се исцедува од потсирено млеко.
Англиски: whey Албански: hirrë, thartor

сусам повеќе

(едн.) сусамот
Вид збор: Именка, машки род
Ориентално (растение и плод); служи за исхрана и за добивање на мрсно и слатко масло слично на бадемовото масло.
Латински: Sesamum Англиски: sesame Турски: susam Албански: susam
Семето (плодот) од тоа растение.
Англиски: sesame

сусамов повеќе

Види и: сусам (м.)
сусамовиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува или е направен од сусам.
Англиски: sesame Албански: susami
Примери:
Сусамово масло.

сусамче повеќе

мн. сусамчиња
Вид збор: Именка, среден род
Благо од сусам.
Англиски: sesame sweet Албански: susamëz

сутлијач повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Засладено јадење приготвено со млеко и ориз.
Англиски: rice pudding Турски: sütlaç Албански: tëmbëloriz, sutliaç

суфле повеќе

мн. суфлеа
Вид збор: Именка, среден род
Вид печено јадење подготвено од хомогена смеса на цврсто изматени белки со фино пасирано овошје, зеленчук, месо или риба.
Англиски: soufflé Француски: soufflé

суче повеќе

сучат
Вид збор: Глагол, несвршен
Танчи, развива, развлекува тесто со сукало, прави кора; за тесто - развива.
Англиски: knead Албански: gatuaj

сучен повеќе

сучениот
Вид збор: Придавка
За јадење од тесто - што е подготвен со сучење.
Примери:
Сучена пита.

сучено повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Се што е расукано од тесто, на пример, пита, јуфки и сл.
Албански: gatim, gatesë

суџук повеќе

мн. суџуци
Вид збор: Именка, машки род
Вид дебел колбас приготвен од зачинето мелено или сечкано говедско месо.
Англиски: sausage Турски: sucuk Албански: suxhuk
Вид локум направен во таква форма.
Турски: sucuk Албански: lloj llokume

сушелка повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Исушен плод од некое овошје, обично: сливи, круши, јаболка.
Англиски: dried fruit Албански: fruta të thata

сушен повеќе

сушени
Вид збор: Придавка
Подготвен со сушење.
Англиски: dried, cured Албански: i thatë, i tharë

суши повеќе

сушат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се суши, само во 3 л.) За растенија, плодови; се засушува.
Англиски: cure Албански: teret
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - њ - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш