Гастрономија - категорија

паб повеќе

мн. пабови
Вид збор: Именка, машки род
Крчма во Велика Британија и Ирска во која се точи пиво и се пие најчесто стоејќи.
Англиски: pub Албански: pab, pijetore

павлака повеќе

мн. павлаки
Вид збор: Именка, женски род
Густ, мастен слој на површината од млекото.
Англиски: cream Албански: mazë, kajmak
Примери:
кисела павлака

палачинка повеќе

мн. палачинки
Вид збор: Именка, женски род
Вид слатки, пржено течно тесто во форма на тркалезна кора, намачкано со џем, мед, слатко и свиткано во ролна.
Англиски: pancake Германски: Palatschinke Албански: petull

палента повеќе

(едн.) палентата
Вид збор: Именка, женски род
качамак, бакрдан
Англиски: polenta Албански: polentë, bakërdar

пандишпан повеќе

(едн.) пандишпанот
Вид збор: Именка, машки род
Вид печено слатко тесто од јајца, брашно и шеќер. Пандишпан значи „шпански леб“ но е вид торта што се прави за време на еврејскиот празник Пасха на шпанско-еврејски начин. Пандишпанот е едно од традиционалните сефардски јадења.
Англиски: sponge cake Турски: pandispanya Албански: tortë sfungjeri

панира повеќе

панираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Покрие со лебни трошки.
Англиски: breadcrumb Француски: paner

паница повеќе

мн. паници
Вид збор: Именка, женски род
чинија
Англиски: plate Албански: pjatë

папазјанија повеќе

мн. папазјании
Вид збор: Именка, женски род
Чорбесто јадење со варено месо и разновиден зеленчук.
Англиски: stew Турски: papazyahnisi Албански: lloj haje

паперка повеќе

Вид збор: Именка, женски род
пченковина, царевковина
Англиски: corn meal Албански: miell misri

паприкаш повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Вид манџа, јадење од месо и пиперки.
Англиски: paprikash Албански: paprikash

пара повеќе

мн. пари
Вид збор: Именка, женски род
пара од јадење
Англиски: vapor Албански: erë e hajes

пармезан повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Вид тврдо сирење што најчесто се користи изрендано.
Англиски: Parmesan cheese Албански: parmezan, lloj djathi

парнар повеќе

(едн.) парнарот
Вид збор: Именка, машки род
вид црно грозје
Албански: lloj rrushi

парфе повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Печена кашеста смеса од пудинг или од јајца, шеќер, млеко и др.
Англиски: parfait Француски: parfait

пасира повеќе

пасираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Меле, прави каша особено за храна.
Англиски: pass Германски: passieren Албански: bluaj, grij, pasoj

пастеризација повеќе

(едн.) пастеризацијата
Вид збор: Именка, женски род
Загревање на прехранбени производи, млеко, конзерви до температура при која загинуваат микроорганизмите, а се запазуваат нутритивните својства производите.
Англиски: pasteurization Албански: pasterizim

пастеризира повеќе

пастеризираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Подложи, подложува на пастеризација.
Англиски: pasteurize
Примери:
Пиварата го пастеризира пивото.

пастеризиран повеќе

Види и: пастеризира (св. и несв.)
пастеризирани
Вид збор: Придавка
(глаг. прид.) Што бил подложен на пастеризација.
Англиски: pasteurized Албански: i pasterizuar
Примери:
Пастеризирано млеко.

пастрма повеќе

мн. пастрми
Вид збор: Именка, женски род
Oвчо или козјо солено и сyшено месо.
Англиски: pastrami Турски: pastırma Албански: pastërm

пастрмајка повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Леб испечен заедно со парчиња пастрма наредени на горната кора.
Албански: bukë me pastërm

пастрмалија повеќе

мн. пастрмалии
Вид збор: Именка, женски род
Вид пита со парчиња пастрма.
Турски: pastırmalı Албански: pite me pastërm

пастрмалија повеќе

Вид збор: Придавка
Со пастрма, што содржи пастрма.
Турски: pastırmalı Албански: pastërme

патлиџан повеќе

мн. патлиџани
Вид збор: Именка, машки род
растение и плод
Латински: Solanum melongena Англиски: eggplant Турски: patlıcan Албански: patëllxhan
домат
Латински: Solanum lycopersium Англиски: tomato Албански: domat

пафлак повеќе

мн. пафлаци
Вид збор: Именка, машки род
Месо од стомакот и градите, под ребрата.
Англиски: spareribs Албански: kotëletë derri

пача повеќе

мн. пачи
Вид збор: Именка, женски род
Вид јадење сварено од нозете или од главата на свиња или говедо.
Англиски: jellied meat Турски: paça Албански: lloj haje, mish xhelatinoz

пашканат повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Градинарско миризливо растение со високи и разгранети стебленца и со вретенест бел корен, кои се употребуваат во кулинарството.
Латински: Pastinaca sativa Англиски: parsnip Албански: pastinake

паштета повеќе

мн. паштети
Вид збор: Именка, женски род
Вид јадење од ситно измелено месо, риби и др.
Англиски: pâté

пекар повеќе

мн. пекари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што пече леб и други печива.
Англиски: baker Албански: bukëpjekës

пекмез повеќе

мн. пекмези
Вид збор: Именка, машки род
Густо сварено слатко овошје.
Англиски: syrup Турски: pekmez Албански: pakmez

пексимид повеќе

мн. пексимиди
Вид збор: Именка, машки род
двапати печен леб
Англиски: rusk Турски: peksimet Албански: peksimadhe

пелинковец повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Ракија со пелин.

пелиноса повеќе

пелиносат
Вид збор: Глагол, свршен
Зачинува со пелин.
Албански: pelinos, bëj me pelin
Примери:
Ја пелиносал ракијата.

пелте повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Вид желе од овошен сок.
Англиски: jelly Турски: pelte Албански: pelte

пељте повеќе

Види и: пелте (ср.)
(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Овошен сок сварен со шеќер којшто се претвора во пивтија.
Англиски: jelly Турски: pelte Албански: pelte

перек повеќе

мн. переци
Вид збор: Именка, машки род
Солено печиво во украсна форма.
Англиски: pretzel Српски: перец

перлус повеќе

перлyс
Вид збор: Именка, машки род
Жолт шафран.
Латински: Crocus moesiacus Англиски: saffron Албански: shafran

петле повеќе

мн. петлиња
Вид збор: Именка, среден род
Лижавче од карамел во таква форма.
Англиски: candy cane Албански: lëpijëse në formë gjeli

петровка повеќе

мн. петровки
Вид збор: Именка, женски род
Кокошка што стасала за Петровден.
Албански: lloj pule
Примери:
Коковчица петровка таман за колење.

пече повеќе

пеков
Вид збор: Глагол, несвршен
Приготвува храна со суво греење на оган, на жар, во фурна.
Англиски: bake Албански: piqem
За печка - при загревање може да зготви храна.
Англиски: bake Албански: piqem
(се пече) Се приготвува за храна.
Англиски: cook Албански: gatuaj

печено повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Храна подготвена со печење.
Англиски: roast Албански: rosto, mish i pjekur

печење повеќе

Види и: пече (несв.)
(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
(глаг. им.) пече
Англиски: baking Албански: pjekëje
Примери:
печење месо, печење леб

печиво повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Обично она што е месено и испечено.
Англиски: baked food Албански: ushqim i pjekur
производ од тесто
Англиски: bakery product Албански: produkt furre

печурник повеќе

мн. печурници
Вид збор: Именка, машки род
Зелник со печурки.
Англиски: pie Албански: pite me këpurdha

пешник повеќе

мн. пешници
Вид збор: Именка, машки род
Пченичен леб со тркалезна форма потквасен со маја.
Англиски: corn bread Албански: lloj buke

пивкост повеќе

Види и: пивка (прид.)
пивкоста
Вид збор: Именка, женски род
Својство на тоа што е пивко, што се пие лесно.

пивница повеќе

мн. пивници
Вид збор: Именка, женски род
Место кај што се точи пиво и други алкохолни пијалаци.
Англиски: beer tavern

пиво повеќе

мн. пива
Вид збор: Именка, среден род
Алкохолен пијалак направен од јачмен, хмељ, квасец и вода.
Англиски: beer Албански: birrë
Примери:
Светло пиво, црно пиво.
Чаша, кригла, лименка, шише со пиво.
Англиски: beer Албански: birrë
Примери:
Донесете ни две пива!

пивоквас повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Вид ладна пијачка.
Англиски: malt beer Албански: lloj birre

пивтија повеќе

мн. пивтии
Вид збор: Именка, женски род
пача
Англиски: jellied meat Турски: pıhtı Албански: mish xhelatinoz, paçë

пијалак повеќе

мн. пијалаци
Вид збор: Именка, машки род
Пијалак, обично алкохолен.
Англиски: drink Албански: pije
Примери:
Продаваа разни пијалаци.

пијало повеќе

Вид збор: Именка, среден род
пијалак
Англиски: beverage Албански: pije
Примери:
Се сака, синко, јадало, пијало, а пусто - скршена пара немам.

пијачка повеќе

мн. пијачки
Вид збор: Именка, женски род
алкохолни пијачки
Англиски: drink Албански: pije alkoolike
пиење (обично алкохолно)
Англиски: drinking Албански: pije
Нарачка пијалак за секој член од групата во ресторан.
Англиски: drink

пикантен повеќе

пикантни
Вид збор: Придавка
За јадење - што го дразни вкусот, луто.
Англиски: spicy Албански: pikante,
Примери:
Пикантно јадење.

пилав повеќе

мн. пилави
Вид збор: Именка, машки род
Јадење од варен ориз попарен со зејтин.
Англиски: risotto Турски: pilav Албански: pilaf

пиле повеќе

мн. пилиња
Вид збор: Именка, среден род
пиле
Англиски: chicken Албански: zogth

пиљав повеќе

Види и: пилав (м.)
Вид збор: Именка, машки род
пилав, пилаф
Англиски: risotto Албански: pilaf

пипер повеќе

пиперот
Вид збор: Именка, машки род
Растение што се користи за јадење или како зачин.
Латински: Piper capsicum Англиски: pepper Турски: biber Албански: spec, biber

пиперлив повеќе

пиперливиот
Вид збор: Придавка
Многу лут.
Англиски: hot Албански: djegës

пиперца повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
пипер
Албански: piper

пире повеќе

(едн.) пирето
Вид збор: Именка, среден род
Густа каша од компири и др.
Англиски: puree Албански: pure

пирошка повеќе

мн. пирошки
Вид збор: Именка, женски род
Пржено полнето печиво.
Англиски: pirog Албански: pirog, lloj byreku

пита повеќе

мн. пити
Вид збор: Именка, женски род
Вид сукано тесто (баница).
Англиски: pie Турски: pide Албански: pite, pet

питар повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Тркалезно мало лепче озгора со некаква шара.
Албански: lloj buke

питулица повеќе

мн. питулици
Вид збор: Именка, женски род
Вид крофна.
Албански: lloj petulle
Вид палачинка.
Албански: lloj petulle

пица повеќе

мн. пици
Вид збор: Именка, женски род
Танко печено тесто, премачкано со доматен сос и покриено со салама, зеленчук, сирење, кашкавал, јајца и сл.
Англиски: pizza Албански: picë

пицерија повеќе

мн. пицерии
Вид збор: Именка, женски род
Место каде што се приготвува и се служат пици.
Англиски: pizzeria Албански: piceri

пишија повеќе

мн. пишии
Вид збор: Именка, женски род
Танок кравај пржен на масло или зејтин.
Турски: pişi Албански: pishi

пјат повеќе

мн. пјати
Вид збор: Именка, машки род
(обично плитка) чинија
Англиски: plate

пладнина повеќе

мн. пладнини
Вид збор: Именка, женски род
ручек
Англиски: lunch Албански: drekë
Примери:
(нар. поез.) Трета рече: пладнина донесов (ручек донесов).

плакета повеќе

мн. плакети
Вид збор: Именка, женски род
мазник
Англиски: pie Албански: pite

плескавица повеќе

мн. плескавици
Вид збор: Именка, женски род
Вид сплескано ќофте од мелено месо со зачини, испечено на скара.
Англиски: hamburger Албански: pleskavicë, hamburger

плетеница повеќе

мн. плетеници
Вид збор: Именка, женски род
Леб во вид на плетеница.
Англиски: bread Албански: lloj buke

плешка повеќе

мн. плешки
Вид збор: Именка, женски род
Месо околу рамото.
Англиски: saddle Албански: shpatull
Примери:
Во торбата карта вино и една плешка со месо.

плод повеќе

мн. плодови
Вид збор: Именка, машки род
Сиот род на едно растение што се користи за јадење.
Англиски: fruit Албански: frut

плоска повеќе

мн. плоски
Вид збор: Именка, женски род
Плоскато шише; обично за ракија.
Англиски: hip flask Албански: e rrafsht

плотна повеќе

мн. плотни
Вид збор: Именка, женски род
Метална површина која се загрева и на неа се готви.

плускавец повеќе

мн. плускавци
Вид збор: Именка, машки род
(обично мн.) пуканка, пуканица
Англиски: popcorn Албански: kokoshka

повечера повеќе

Види и: вечера (св. и несв.)
повечераат
Вид збор: Глагол, свршен
вечера
Англиски: dine

погача повеќе

мн. погачи
Вид збор: Именка, женски род
Пченичен леб од тесто без квасец, печен во тепсија.
Турски: poğaça Албански: bukë, pogaçe

погачица повеќе

Види и: погача (ж.)
мн. погачици
Вид збор: Именка, женски род
вид баничка
Англиски: roll
погача

погачка повеќе

мн. погачки
Вид збор: Именка, женски род
вид баничка
Англиски: roll

подвари повеќе

подварат
Вид збор: Глагол, свршен
Повари само малку за подоцна да се продолжи со готвење.
Англиски: precook Албански: parazirje
За млеко - се расипе, се подурди, се заурди при варење.
Англиски: curdle Албански: prishet, , tharbëtohet

подварок повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Подварена кисела зелка со печено месо.
Албански: gjellë me mish e lakër

подзаблажи повеќе

подзаблажат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да биде слатко во ограничена мера.
Англиски: sweeten Албански: ëmbëlsoj
(се подзаблажи) Се заблажи во ограничена мера.
Англиски: sweeten Албански: ëmbëlsoj

подзапржи повеќе

подзапржат
Вид збор: Глагол, свршен
Запржи нешто малку, набрзина.
Англиски: roast

подзасири повеќе

подзасират
Вид збор: Глагол, свршен
Засири, потсири (млеко) малку, донекаде.
Англиски: curd

подлутнува повеќе

Види и: лути (несв.)
подлутнуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
За јадење - лути малку, во некоја мера.

подналути повеќе

Види и: налути (св.)
подналутат
Вид збор: Глагол, свршен
Ми (ти, му, ...) Почувствува малку лут вкус.
Англиски: burn Албански: djeg

подурди повеќе

подурдат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи урда.

поиспече повеќе

Види и: испече (св.)
поиспечат
Вид збор: Глагол, свршен
Испече малку, донекаде или уште малку.
Англиски: bake Албански: pjek pak

поиспржи повеќе

Види и: испржи (св.)
поиспржат
Вид збор: Глагол, свршен
Испржи нешто уште малку.
Англиски: roast Албански: fërgoj, përzhit
Испржи нешто во големо количество.
Англиски: roast Албански: fërgoj, përzhit

појаде повеќе

појадат
Вид збор: Глагол, свршен
Јаде наутро, обично првпат во денот, јаде појадок.
Англиски: breakfast Албански: mëngjesoj

појадок повеќе

мн. појадоци
Вид збор: Именка, машки род
Прв оброк на денот што се зема наутро.
Англиски: breakfast Албански: mëngjes, kafjall, sillë

полномаслен повеќе

полномаслени
Вид збор: Придавка
Што има, што содржи висока масленост.
Англиски: full-cream Албански: shumë i yndyrshëm

полномастен повеќе

полномасни
Вид збор: Придавка
Што има вискок процент масти.
Англиски: full-cream Албански: shumë i yndyrshëm

полумастен повеќе

полумасни
Вид збор: Придавка
Донекаде, до определен степен мастен.
Англиски: medium-fat

помфрит повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Пржени компирчиња исечени како стапчиња.
Англиски: french fries Француски: pommes frites Албански: pomfrit

понасоли повеќе

Види и: насоли (св.)
понасолат
Вид збор: Глагол, свршен
Насоли, посоли уште малку, донекаде.
Англиски: salt
Засоли, потсоли малку, донекаде.
Англиски: salt

попара повеќе

мн. попари
Вид збор: Именка, женски род
Издробен сув леб попарен со врела вода, масло, млеко, чај и др.
Англиски: porridge Албански: përshesh

попржи повеќе

Види и: пржи (несв.)
попржат
Вид збор: Глагол, свршен
Пржи уште малку, кратко време.
Англиски: fry, roast

порто повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Црно поругалско вино.
Англиски: port Албански: lloj vere, porto

портокал повеќе

мн. портокали
Вид збор: Именка, машки род
плод од портокал
Англиски: orange Турски: portakal Албански: portokall

посен повеќе

посни
Вид збор: Придавка
Што содржи малку маснотии.
Англиски: low-fat Албански: jo i yndyrshëm

посоли повеќе

посолат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави сол на нешто, потури со сол.
Англиски: salt Албански: kripos

поташа повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Вид сол (калиум карбонат) добиен од пепелта на согорени растенија.
Англиски: potash Германски: Pottasche

потквас повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
квас, маја
Англиски: yeast Албански: majë, tharm

поткваси повеќе

потквасат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави квас, маја во пресно млеко.
Албански: zë, tharmoj

поткисели повеќе

поткиселат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави малку оцет во јадење за да добие кисел вкус.
Албански: tharbëtoj
поткваси
Албански: zë, tharmoj

поткове повеќе

потковат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави поткова.
Албански: mbath

потсоли повеќе

Види и: соли (несв.)
потсолат
Вид збор: Глагол, свршен
Посоли малку во мала мера, стави малку сол.
Албански: kripos

похрани повеќе

похранат
Вид збор: Глагол, свршен
Храни малку, некое време.
Англиски: feed Албански: ushqej
(се похрани) Се храни малку, некое време.
Англиски: eat Албански: ha, ushqej

похува повеќе

похуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Пржи во маст.
Англиски: fry Француски: pocher

похуван повеќе

похувани
Вид збор: Придавка
Изварен во врела течност и / или испржен во масло.
Англиски: poached Француски: pocher des œufs

праз повеќе

(едн.) празот
Вид збор: Именка, машки род
Вид градинарско растение што расте во стракови, со бела главица и зелени перја.
Латински: Allium porrum Англиски: leek Албански: pras, purri, presh

праска повеќе

мн. праски
Вид збор: Именка, женски род
Плод од тоа дрво.
Англиски: peach Албански: pjeshk
Примери:
Слатко од праски.

првак повеќе

мн. прваци
Вид збор: Именка, машки род
Првата, најсилна ракија што истекува од казанот при варење.
Албански: e para

пребој повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Крупно мелено брашно што се користи за исхрана на добитокот.
Албански: krunde

превареница повеќе

мн. превареници
Вид збор: Именка, женски род
Јака ракија добиена со преварување, препечување.
Албански: lloj rakie

превари повеќе

преварат
Вид збор: Глагол, свршен
Остави нешто да вари повеќе отколку што треба.
Англиски: overcook Албански: ziej tepër
Свари повторно, уште еднаш.
Англиски: cook again Албански: ziej përsëri
За ракија - го повтори процесот на варење за да биде појака.
Англиски: distil again Албански: destiloj përsëri

прегори повеќе

прегорат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да загори, да изгори, испече повеќе отколку што е потребно.
Англиски: burn Албански: djegë

предјадење повеќе

Види и: јадење (ср.)
мн. предјадења
Вид збор: Именка, среден род
Тоа што се дава пред главното јадење.
Англиски: starter Албански: parahajë

прекисне повеќе

прекиснат
Вид збор: Глагол, свршен
За тесто - искисне, скисне премногу, повеќе отколку што треба.
Албански: thartoj shumë

прелее повеќе

прелеат
Вид збор: Глагол, свршен
Потури со течност, нанесе прелив.
Англиски: glaze Албански: zmaltoj

прележи повеќе

Види и: лежи (несв.)
прележат
Вид збор: Глагол, свршен
За ракија, вино - се остави да отстои поради подобрување на квалитетот.
Англиски: mature Албански: qëndron për të arrirë, vjen

прелив повеќе

мн. преливи
Вид збор: Именка, машки род
Слатка облога за торти, колачи и сл.
Англиски: icing Албански: krem, shllag
Сос за месо, салати и сл.
Англиски: sauce Албански: salcë

прелути повеќе

Види и: лути (несв.)
прелутат
Вид збор: Глагол, свршен
Престане да лути.
Албански: ndalë së djeguri

премеси повеќе

Види и: измеси (св.)
премесат
Вид збор: Глагол, свршен
Повторно измеси.
Англиски: knead Албански: rigatuaj

препек повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Ракија двапати варена (печена), препечена ракија.
Албански: raki e stërzier

препече повеќе

препечат
Вид збор: Глагол, свршен
Испече повеќе од што треба.
Англиски: over-bake Албански: mbipjekur, tërpjekur

препечен повеќе

Види и: препече (св.)
препечениот
Вид збор: Придавка
Што е испечен повеќе од што треба.
Албански: tërpjekur, mbipjekur

препржи повеќе

Види и: пржи (несв.)
препржат
Вид збор: Глагол, свршен
Испржи повеќе од што треба.
Англиски: over-roast

пресен повеќе

пресни
Вид збор: Придавка
Што е без квас, непоквасен.
Албански: i freskët, taze

преснец повеќе

мн. преснеци
Вид збор: Именка, машки род
Вид бесквасен леб.
Албански: bukë pa farë
Вид пита со потпечени кори наредени една врз друга.
Албански: lloj pite

пресол повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Солена вода во која се чува сирење, туршија и сл.
Англиски: brine Албански: shëllirë

пресоли повеќе

пресолат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави премногу сол во јадење или намирници.
Англиски: oversalt Албански: kripos tejmase

прехрана повеќе

мн. прехрани
Вид збор: Именка, женски род
Продукти за хранање.
Англиски: food Албански: ushqim

прехранбен повеќе

прехранбени
Вид збор: Придавка
Што се однесува на прехрана или што се користи како храна.
Англиски: nutritional Албански: ushqimor

прехрани повеќе

прехранат
Вид збор: Глагол, свршен
Обезбеди храна за исхрана.
Англиски: feed Албански: ushqej

прженица повеќе

мн. прженици
Вид збор: Именка, женски род
пржено месо
Англиски: roasted meat Албански: mish i pjekur

пржи повеќе

пржат
Вид збор: Глагол, несвршен
Готви храна во врело масло или маст.
Англиски: fry Албански: fërgoj

пристави повеќе

Види и: стави (св.)
пристават
Вид збор: Глагол, свршен
Стави нешто за јадење, пиење на маса.
Албански: vë, shërbej
Стави нешто да се вари.
Албански:

провечера повеќе

Види и: вечера (св. и несв.)
провечераат
Вид збор: Глагол, свршен
Вечера набрзина, за кратко време.
Англиски: dinner

провирен повеќе

провирни
Вид збор: Придавка
За храна - лесно сварлив.
Англиски: digestible Албански: i tretshëm

продинста повеќе

Види и: динстува (св. и несв.)
продинстаат
Вид збор: Глагол, свршен
Свари во поклопен сад.
Англиски: stew

проја повеќе

(едн.) пројата
Вид збор: Именка, женски род
Вид леб или каша од пченкарно брашно.
Англиски: polenta Српски: проја Албански: bukë misri, bukë e kallambojt

проплеска повеќе

Види и: плеска (несв.)
проплескаат
Вид збор: Глагол, свршен
Измеси нешто на брзина.
Англиски: knead Албански: zë, gatuaj

пропржи повеќе

Види и: пржи (несв.)
пропржат
Вид збор: Глагол, свршен
Пржи малку.
Англиски: roast briefly

просен повеќе

Види и: просо (ср.)
просениот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на просо, што е од просо.

просеник повеќе

мн. просеници
Вид збор: Именка, машки род
Леб од просено брашно.
Англиски: millet-bread

прчовина повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Месо од јарец, од прч.
Албански: mish cjapi

пршка повеќе

мн. пршки
Вид збор: Именка, женски род
џимиринка
Англиски: greaves

пршута повеќе

мн. пршути
Вид збор: Именка, женски род
солено исушено месо
Англиски: prosciutto Албански: proshutë

пувка повеќе

мн. пувки
Вид збор: Именка, женски род
Вид слатки од белки и шеќер; целувки.
Англиски: meringue Албански: merengë
Пуканки од зрна пченка.
Албански: kokoshka, popkorn

пудинг повеќе

мн. пудинзи
Вид збор: Именка, машки род
Десерт од млеко, нишесте и разни овошни и други додатоци.
Англиски: pudding Албански: puding

пуздра повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Месо од стомачниот дел со малку хранливи состојки.
Албански: mish jo i majmë

пука повеќе

пукаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави пуканки од пченкарни зрна.
Англиски: pop Албански: pëlcet

пукало повеќе

мн. пукала
Вид збор: Именка, среден род
Направа со која се прават пуканки.
Англиски: popcorn pan Албански: tigan për popkornë

пуканка повеќе

мн. пуканки
Вид збор: Именка, женски род
(обично во мн.) Распукано зрно пченка на висока температура со или без масло.
Англиски: popcorn Албански: popkorn, kokoshka

пунч повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Топол алкохолен напиток подготвен од рум и други состојки.
Англиски: punch Албански: pije alkoolike, punç

путер повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Млечен производ добиен со биење на млекото.
Англиски: butter Албански: gjalpë

пцоменик повеќе

мн. пцоменици
Вид збор: Именка, машки род
Леб со многу лош квалитет.
Албански: buk me kualitet të dobët

пченица повеќе

(едн.) пченицата
Вид збор: Именка, женски род
Зрната на ова растение што се мелат во лебно брашно.
Англиски: wheat Албански: grurë

пченичен повеќе

пченични
Вид збор: Придавка
Што е од пченица.
Албански: gruri

пченка повеќе

мн. пченки
Вид збор: Именка, женски род
Плодот на ова растение како храна.
Англиски: maize Албански: misër, kollomboq

пченкарен повеќе

пченкарни
Вид збор: Придавка
Што е од пченка.
Англиски: corn

пченкарник повеќе

мн. пченкарници
Вид збор: Именка, машки род
Леб од пченкарно брашно.
Англиски: corn bread Албански: bukë misri

пченкарница повеќе

мн. пченкарници
Вид збор: Именка, женски род
Вид леб приготвен од пченкарно брашно.
Англиски: corn bread Албански: bukë misri
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - њ - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш