Гастрономија - категорија

набодна повеќе

мн. набодни
Вид збор: Именка, женски род
Ражен со пет шилци за печење месо.
Англиски: skewer Албански: hell

навари повеќе

Види и: вари (несв.)
наварат
Вид збор: Глагол, свршен
Свари многу, големо количество.
Англиски: cook Албански: ziej

наготви повеќе

Види и: готви (несв.)
наготват
Вид збор: Глагол, свршен
Зготви многу, различни јадења.
Англиски: cook Албански: ziej, pregatis

назоли повеќе

назолат
Вид збор: Глагол, свршен
Посипе со шеќер, пипер и сл.
Англиски: sprinkle Албански: spërkat

најадувачка повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
најаска, најадување
Англиски: saturation Албански: ngopje

наливен повеќе

наливниот
Вид збор: Придавка
Што се користи со налевање или точење.

налути повеќе

налутат
Вид збор: Глагол, свршен
Почувствува малку лут вкус (од јадење, пијалак). Со кратка заменска форма - ми (ти, му).
Англиски: burn Албански: djegë

намирници повеќе

намирница
Вид збор: Именка, множина
Прехранбени производи.
Англиски: food Албански: artikuj ushqimor

намрси повеќе

намрсат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави, тури мрсно (сало, масло) при месење, при готвење.
Англиски: grease Албански: lyej me shumë yndyrë

напипери повеќе

напиперат
Вид збор: Глагол, свршен
Зачини со пипер, посипе со пипер.
Англиски: pepper Албански: piperos

напржи повеќе

Види и: пржи (несв.)
напржат
Вид збор: Глагол, свршен
Испржи доволно или во поголемо количество.
Англиски: broil Албански: fërgoj, përzhis

наренда повеќе

Види и: ренда (несв.)
нарендаат
Вид збор: Глагол, свршен
Изренда доволно, колку што е потребно.
Англиски: grate Албански: grij

нарони повеќе

наронат
Вид збор: Глагол, свршен
Изрони доволно, колку што е потребно.
Англиски: crumble Албански: thërmoj

насири повеќе

насират
Вид збор: Глагол, свршен
Потсири доволно или големо количество млеко, добие доволно или големо количество сирење.
Албански: zë djath

наточен повеќе

наточениот
Вид збор: Придавка
Што е наполнет со пијалак.
Англиски: tapped Албански: i mbushur

натучи повеќе

натучат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави маст, намрси, запржи со маст.
Англиски: grease Албански: bëj me yndyrë
Намрси, намачка леб со маст.
Англиски: smear Албански: lyej me tëlyen

наут повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
слануток
Латински: ciсеr arietinum Англиски: chickpea Турски: nohut Албански: naut

наутлија повеќе

мн. наутлии
Вид збор: Именка, женски род
Леб месен со маја подготвена од наут; вид обреден леб.
Албански: bukë me naut

начади повеќе

Види и: чади (несв.)
начадат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави нешто (суво месо, колбаси) да биде изложено подолго време на чад.
Англиски: smoke-dry Албански: tymos

нашеќери повеќе

Види и: шеќер (м.)
нашеќерат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави шеќер на или во нешто, облажи нешто со шеќер.
Англиски: sweeten Албански: sheqeros

неварен повеќе

неварениот
Вид збор: Придавка
Што не е варен, пресен.
Англиски: raw Албански: pazier

негазиран повеќе

негазирани
Вид збор: Придавка
Што не содржи гас.
Англиски: still Албански: pa gaz, jo i gazuar

недопржен повеќе

недопржениот
Вид збор: Придавка
Што не е доволно, колку што е потребно пржен.

недосторен повеќе

недосторениот
Вид збор: Придавка
За зимница - што не е доволно сторен, што уште не е готов за соодветна употреба.
Англиски: unfinished Албански: i pa bërë

незачинет повеќе

незачинети
Вид збор: Придавка
Што не е зачинет.
Англиски: unseasoned

нектар повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Кашест пијалак од плодови со додаток на шеќер, вода, арома и киселина за конзервирање.
Англиски: nectar

немасен повеќе

немасниот
Вид збор: Придавка
Што не содржи масти.
Англиски: low-fat

непечен повеќе

непечениот
Вид збор: Придавка
Што не е печен или што не е доволно печен.
Англиски: unbaked

несолен повеќе

несолениот
Вид збор: Придавка
Што не е солен, што е без сол или што е недоволно солен.
Англиски: unsalted Албански: i pakrip

нугат повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Слатка смеса од мелени лешници или ореви.
Англиски: nougat Француски: nougat
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - њ - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш