Гастрономија - категорија

магдонос повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Градинарско растение со специфичен мирис што се користи како зачин при готвење.
Латински: Petroselinum sativum Англиски: parsley Турски: maydanoz Албански: majdanoz

мазник повеќе

мн. мазници
Вид збор: Именка, машки род
Вид пита со маст, масло.
Англиски: pie Албански: lloj pete

маја повеќе

мн. маи
Вид збор: Именка, женски род
Квас, квасец - за месење леб.
Англиски: yeast Турски: maya Албански: majë
Кисело млеко - за поткиселување.
Англиски: yogurt Албански: majë, farë
Посебно подготвен наут за месење леб - мајаница.
Англиски: yeast Албански: majë, tharmë
Сириште - за подготвување сирење.
Англиски: casein Албански: kazeinë, farë, mullëz

мајалница повеќе

мн. мајалници
Вид збор: Именка, женски род
Леб замесен со маја, озгора премачкан со јајце.

мајаница повеќе

Види и: мајалница (ж.)
мн. мајаници
Вид збор: Именка, женски род
мајалница

мајка повеќе

мн. мајки
Вид збор: Именка, женски род
Комиње од коешто се одвојува, се точи вино.
Англиски: mash Албански: kominë

мајонез повеќе

мн. мајонези
Вид збор: Именка, машки род
Сос од жолчки, растително масло, лимон и др.
Англиски: mayonnaise Француски: mayonnaise Албански: majonezë

мака повеќе

макаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Потопува парче леб во храна.
Англиски: dunk Албански: ngjyj

макало повеќе

макалото
Вид збор: Именка, среден род
Изгмечен лук со масло и сол, што се користи за макање.
Англиски: dip Албански: dip, lëng

макарони повеќе

макароните
Вид збор: Именка, множина
Исушено тесто во различни облици, најчесто во вид на цевчиња, се приготвува со варење и cе служи со разни додатоци.
Англиски: maccaroni Турски: makarna Албански: makarona

макробиотика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Природен и здрав начин на исхрана и на живеење.
Англиски: macrobiotics Албански: makrobiotikë

макробиотски повеќе

макробиотскиот
Вид збор: Придавка
Што се сотои воглавно од зрнеста храна и зеленчук произведени без хемиски средства.
Англиски: macrobiotic Албански: makrobiotik

малина повеќе

мн. малини
Вид збор: Именка, женски род
Сок од ова растение.
Англиски: raspberry Албански: mjedhër

манго повеќе

мн. манга
Вид збор: Именка, среден род
Плод од такво дрво.
Англиски: mango Албански: mango

мандарина повеќе

мн. мандарини
Вид збор: Именка, женски род
Плод од такво дрво.
Англиски: tangerine Албански: mandarinë, mandalinë

манџа повеќе

мн. манџи
Вид збор: Именка, женски род
Зготвено јадење, обично чорбесто.
Англиски: stew Албански: gjellë

маракуја повеќе

(едн.) маракујата
Вид збор: Именка, женски род
Плод на амазонското цвеќе на страста.
Латински: Passiflora edulis Англиски: maracuja, passion fruit Албански: marakuja

мараскино повеќе

мн. мараскина
Вид збор: Именка, среден род
Ликер од мараска.
Албански: lloj pije, maraskino

маргарин повеќе

(едн.) маргаринот
Вид збор: Именка, машки род
Маст, обично од растително потекло, што cе користи во исхраната за готвење и за мачкање на леб.
Англиски: margarine Албански: margarinë

маринада повеќе

мн. маринади
Вид збор: Именка, женски род
Сос подготвен со оцет, растително масло, лук, зачини и др. во кој се ставаат да отстојат некои видови месо или риба за да примат определен вкус или да омекнат; начин на конзервирање риба.
Англиски: marinade Албански: marinadë

маринира повеќе

маринираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Стави, става нешто во маринада.
Англиски: marinade

мармалад повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Каша од сварено зашеќерено овошје.
Англиски: marmalade Албански: marmelatë

марула повеќе

мн. марули
Вид збор: Именка, женски род
Градинарско растение со зелена боја што се користи за салата.
Латински: Lactuca sativa Англиски: lettuce Турски: marul Албански: marule

марципан повеќе

(едн.) марципанот
Вид збор: Именка, машки род
Вид слатки од бадем и шеќер.
Англиски: marzipan Албански: marzipan

масленица повеќе

мн. масленици
Вид збор: Именка, женски род
Вид питулица или друго слично тесто пржено на масло.
Англиски: pie Албански: lloj pite
Вид пита.
Англиски: pie Албански: lloj pite

масленост повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Количество масло што се содржи во млеко, сирење и др.
Англиски: content of fat

маслинка повеќе

мн. маслинки
Вид збор: Именка, женски род
Плод од такво дрво.
Англиски: olive Албански: ulli

масло повеќе

мн. масла
Вид збор: Именка, среден род
Прехранбен производ во течна состојба, нерастворлив во вода, што се добива од некои растенија или од риба.
Англиски: oil Албански: vaj

маст повеќе

мн. масти
Вид збор: Именка, женски род
Млечен производ што се добива со биење.
Англиски: butter Албански: tëlyen, gjalpë

маталка повеќе

мн. маталки
Вид збор: Именка, женски род
направа за матење
Англиски: whisk

матеница повеќе

мн. матеници
Вид збор: Именка, женски род
Пијалак направен од закиселено млеко обезмастено со матење.
Англиски: buttermilk Албански: dhallë, dhalltë

маџун повеќе

мн. маџуни
Вид збор: Именка, машки род
Густо сварено овошје со шеќер, вид мармалад, вид слатко.
Англиски: molasses Турски: macun Албански: pelte
Гуcто сварен сируп од шира и шеќер.
Англиски: treacle Турски: macun Албански: melasë

меанџија повеќе

мн. меанџии
Вид збор: Именка, машки род
сопственик на меана
Англиски: landlord Турски: meyhaneci

мед повеќе

(едн.) медот
Вид збор: Именка, машки род
Слатка, густа течност што ја произведуваат пчелите од сокот на цветовите.
Англиски: honey Албански: mjaltë

медар повеќе

мн. медари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што многу сака да јаде мед.
Албански: mjaltaxhi

меден повеќе

медениот
Вид збор: Придавка
Што содржи мед.
Англиски: honey Албански: mjalte

медовина повеќе

(едн.) медовината
Вид збор: Именка, женски род
Алкохолен пијалак од мед, сличен на вино.
Англиски: mead Албански: pije alkoolike mjalti

меѓуоброк повеќе

мн. меѓуоброци
Вид збор: Именка, машки род
Оброк меѓу главните оброци; мал оброк.
Англиски: snack

мездра повеќе

мн. мездри
Вид збор: Именка, женски род
Стомачна ципа со слабо месо.
Албански: cipë

мезе повеќе

мн. мезиња
Вид збор: Именка, среден род
Јадење што се служи покрај алкохолни пијалаци (обично пред јадење или меѓу оброци).
Англиски: snack, side dish Турски: meze Албански: meze

мезелак повеќе

Види и: мезе (ср.)
мн. мезелаци
Вид збор: Именка, машки род
мезе
Англиски: side dish Турски: mezelik Албански: mezellëk

мезети повеќе

Види и: мези (несв.)
мезетат
Вид збор: Глагол, несвршен
мези

мези повеќе

мезат
Вид збор: Глагол, несвршен
Јаде мезе.
Англиски: have antipasti Албански: mezetoj
(се мези) Ужива во мезе.
Англиски: enjoy antipasti Албански: mezetoj

мек повеќе

меки
Вид збор: Придавка
Со мал процент алкохол.

мекица повеќе

мн. мекици
Вид збор: Именка, женски род
Меко тесто испржено на масло.
Албански: petull

мекичар повеќе

мн. мекичари
Вид збор: Именка, машки род
продавач на мекица

мекичарница повеќе

мн. мекичарници
Вид збор: Именка, женски род
Место каде што се прават и се продаваат мекици.

мелен повеќе

Види и: меле (несв.)
мелени
Вид збор: Придавка
(глаг. прид.) меле
Англиски: ground

ментол повеќе

(едн.) ментолот
Вид збор: Именка, машки род
Вид алкохолен пијалак, ликер со мирис на мента.
Албански: pije alkoolike mentol
Бонбона со мента.
Англиски: candy Албански: bonbone mentol

месар повеќе

мн. месари
Вид збор: Именка, машки род
љубител на месо
Албански: adhurues mishi

месен повеќе

месни
Вид збор: Придавка
Што содржи месо, што е од месо.
Англиски: meat Албански: mishi

меси повеќе

месат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Подготвува тесто од брашно, вода со гмечење.
Англиски: knead Албански: gatuaj

месо повеќе

мн. меса
Вид збор: Именка, среден род
Мускулно ткиво од животно што служи како храна.
Англиски: meat Албански: mish

месојадец повеќе

Види и: месојад (м.)
мн. месојадци
Вид збор: Именка, машки род
Човек што претпочита месо.
Англиски: meat eater Албански: mishngrënës

мешалка повеќе

мн. мешалки
Вид збор: Именка, женски род
Предмет што служи за мешање; голема дрвена лажица.
Англиски: stirring spoon Албански: lugë përziese

мешунка повеќе

мн. мешунки
Вид збор: Именка, женски род
Растенија што се користат во исхраната чиј плод е како мешунка.
Англиски: legume Албански: bimë bishtajore

миксер повеќе

мн. миксери
Вид збор: Именка, машки род
Кујнски апарат што служи за матење, мешање.
Англиски: mixer Албански: mikser

милиброд повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Леб направен со млеко, јајца и шеќер во вид на векна.
Германски: Milchbrot Албански: lloj buke

мирудија повеќе

мн. мирудии
Вид збор: Именка, женски род
Зачин воопшто.
Англиски: herb Албански: erëz

мисирка повеќе

Види и: мисир (м.)
мн. мисирки
Вид збор: Именка, женски род
глупачка
Англиски: jerk Албански: gusë

мисиркин повеќе

мисиркиниот
Вид збор: Придавка
Што припаѓа на мисирка, што потекнува од мисирка.
Англиски: turkey Албански: gjeldeti, pulëdeti

млад повеќе

млади
Вид збор: Придавка
Што не е ферментиран.

млеко повеќе

мн. млека
Вид збор: Именка, среден род
Бела хранлива течност од градите на жена или од животни цицачи што служи за исхрана на младите и за исхрана воопшто.
Англиски: milk Албански: qumsht

млечник повеќе

мн. млечници
Вид збор: Именка, машки род
Вид пита со фил од млеко и јајца.
Англиски: pie Албански: pite

модла повеќе

мн. модли
Вид збор: Именка, женски род
Калап за торти, колачи и сл.
Англиски: mould Албански: modeluese, kallëp

мома повеќе

мн. моми
Вид збор: Именка, женски род
тенко парче леб
Англиски: slice of bread Албански: thellë

момичка повеќе

мн. момички
Вид збор: Именка, женски род
тенко парче леб
Англиски: slice of bread Албански: rriskë buke

морков повеќе

мн. моркови
Вид збор: Именка, машки род
Двегодишна градинарско растение и неговиот портокалов корен кој се користи за храна.
Латински: Daucus carota hortensis Англиски: carrot Албански: karrotë

мортадела повеќе

мн. мортадели
Вид збор: Именка, женски род
Вид полутрајна, зачинета салама од свинско месо и парчиња сланина.
Англиски: mortadella Албански: lloj salami, mortadelë

мрва повеќе

мн. мрви
Вид збор: Именка, женски род
парче месо
Англиски: piece of meat Албански: copë mishi

мрс повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Храна која содржи масти (месо, сланина, млечни производи).
Англиски: fat

мумурузница повеќе

мн. мумурузници
Вид збор: Именка, женски род
Леб направен од пченкарно брашно.
Англиски: corn bread Албански: bukë misri

мусака повеќе

(едн.) мусаката
Вид збор: Именка, женски род
Bид јадење од мелено месо и компири или ориз, модри патлиџани и др.
Англиски: stew Турски: musakka Албански: musakë

мускат повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Вино од тоа грозје.
Англиски: wine Албански: lloj vere, muskat
Мускатов орев што служи како зачин.
Англиски: nutmeg

мусли повеќе

Вид збор: Именка, множина
Комбинација од снегулки од овес со мешани суви плодови за појадок.
Англиски: muesli Германски: Müsli
Примери:
Мусли се мојата омилена комбинација за почеток на денот.

мушмула повеќе

мн. мушмули
Вид збор: Именка, женски род
Плодот од тоа дрво.
Англиски: medlar Албански: mushmollë
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - њ - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш