Гастрономија - категорија

ваган повеќе

мн. вагани
Вид збор: Именка, машки род
Сад од кој се јаде.
Англиски: plate Албански: pjatë

ванила повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Вид тропско растение чиј плод поради убавиот мирис се користи како зачин.
Латински: Vanilla planifolia Англиски: vanilla Албански: vanilje

ванилија повеќе

Види и: ванила (ж.)
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
ванила
Англиски: vanilla Албански: vanilje

ванилин повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Во плодот на ванилата содржана или вештачки произведена арома што се користи во гастрономијата.
Англиски: vanillin

варен повеќе

варениот
Вид збор: Придавка
Храна приготвена со варење.
Англиски: boiled Албански: i zier

вареница повеќе

мн. вареници
Вид збор: Именка, женски род
Каша направена од брашно.
Англиски: porridge

вари повеќе

варат
Вид збор: Глагол, несвршен
Готви храна во вода со загревање до степен на вриење.
Англиски: cook Албански: ziej
(се вари) се готви, врие
Англиски: cook Албански: zihet, gatuhet

вариво повеќе

Види и: варило (ср.)
мн. варива
Вид збор: Именка, среден род
варило
Англиски: cooked vegetables Албански: gjellë perimesh, çorbë

варило повеќе

мн. варила
Вид збор: Именка, среден род
Секое варено јадење, најчесто од зеленчук или од мешункаво растение.
Англиски: cooked vegetables Албански: gjellë perimesh

вафла повеќе

мн. вафли
Вид збор: Именка, женски род
Вид слатки од тенки кори, исполнети со крем, чоколада и сл.
Англиски: waffle Германски: Waffel Албански: vafël, ëmbëlsirë

вегетаријанец повеќе

мн. вегетаријанци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што се храни само со растително храна, што не јаде месо.
Англиски: vegetarian Албански: vegjetarian

вегетаријанство повеќе

(едн.) вегетаријанството
Вид збор: Именка, среден род
Исхрана исклучиво со растителна храна.
Англиски: vegetarianism Албански: vegjetarianizëm

векна повеќе

мн. векни
Вид збор: Именка, женски род
Леб со долгнавеста форма.
Англиски: loaf Албански: bukë

вепровина повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Месо од вепар.
Англиски: wild boar meat Албански: mish derri i egër

вечера повеќе

мн. вечери
Вид збор: Именка, женски род
Оброк што се зема навечер.
Англиски: dinner Албански: darkë

вечера повеќе

вечераат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Јаде вечера, последен оброк во денот.
Англиски: dine Албански: darkoj

виљушка повеќе

мн. виљушки
Вид збор: Именка, женски род
Дел од приборот за јадење, со запци, што служи за набоднување на храната.
Англиски: fork Албански: pirun

винен повеќе

винениот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на вино.

вино повеќе

мн. вина
Вид збор: Именка, среден род
Алкохолен пијалак добиен со ферментација на сок од грозје.
Англиски: wine Албански: verë, venë

винотека повеќе

мн. винотеки
Вид збор: Именка, женски род
Збирка на вина, бар за дегустација на вина, продавница на одбрани вина.
Англиски: enoteca Албански: enotekë

вински повеќе

винскиот
Вид збор: Придавка
Што е од вино, што се однесува на вино.
Англиски: wine Албански: vere, i verës

вињак повеќе

мн. вињаци
Вид збор: Број
Вински дестилат, ракија добиена со печење, варење на вино.
Англиски: brandy

виршла повеќе

мн. виршли
Вид збор: Именка, женски род
Вид тенок колбас од фино посно месо.
Англиски: sausage Германски: Würstchen Албански: salsiçe

вишна повеќе

мн. вишни
Вид збор: Именка, женски род
Плод од вишна.
Англиски: sour cherry Албански: vishnjë

вишнов повеќе

Види и: вишна (ж.)
вишновиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на вишна.
Албански: vishnje
Примери:
вишнова градина, вишново дрво

вишновка повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Ракија или ликер од вишни.
Англиски: cherry brandy Албански: raki vishnje

вкиселен повеќе

Види и: вкисели (св.)
вкиселени
Вид збор: Придавка
Конзервиран со оцет; станал туршија.
Англиски: pickled

вкисели повеќе

вкиселат
Вид збор: Глагол, свршен
Конзервира со оцетна киселина.
Англиски: pickle Албански: thartoj
(се вкисели) За храна, стане кисела.
Англиски: sour Албански: thartohet, prishet

вкус повеќе

мн. вкусови
Вид збор: Именка, машки род
Осетот што го произведува храната во устата (благ, кисел, горчлив, лут).
Англиски: taste Албански: shije

вкуси повеќе

вкусат
Вид збор: Глагол, свршен
Касне или пивне, проба, обиде храна, пијалак.
Англиски: taste Албански: shijoj

вода повеќе

мн. води
Вид збор: Именка, женски род
Сок што се добива со цедење или при варење овошје, зеленчук и сл.
Англиски: juice Албански: lëng

вранец повеќе

мн. вранци
Вид збор: Именка, машки род
вид црно вино
Албански: vranec

врие повеќе

вријат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се вари во зовриена вода.
Англиски: cook Албански: ziej

врл повеќе

врли
Вид збор: Придавка
Лут, јак вкус.
Англиски: sharp Албански: i fortë, therrës

вршник повеќе

мн. вршници
Вид збор: Именка, машки род
Метален поклопец под кој се пече леб и др.
Албански: saç

всали повеќе

(се) всалат
Вид збор: Глагол, свршен
Замириса од застоеност, обично месо или маст.
Англиски: go rancid Албански: prishet, myket
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - њ - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш