Воен термин - категорија

јавка повеќе

мн. јавки
Вид збор: Именка, женски род
Договорен таен збор или реченица што се употребува во стражарската служба или во конспиративни активности, лозинка, знак за препознавање.
Англиски: password Албански: parullë

јаничар повеќе

мн. јаничари
Вид збор: Именка, машки род
Војник во елитна трупа на османлиската војска што го чувале султанот и достигнувале највисоки државни функции.
Турски: yeniçeri

јузбашија повеќе

мн. јузбашии
Вид збор: Именка, машки род
Капетан во османлиската војска.
Англиски: captain Турски: yüzbaşı

јуриш повеќе

мн. јуриши
Вид збор: Именка, машки род
Брз, силен напад на позициите на непријателот.
Англиски: storm

јуриша повеќе

јуришаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Оди во јуриш.
Англиски: attack Албански: atakon, sulmon, bën jyrish
Се стреми да постигне нешто, да освои позиција.
Англиски: storm Албански: mësyj

јурне повеќе

јурнат
Вид збор: Глагол, свршен
Тргне во јуриш, нападне.
Англиски: attack Албански: atakon, sulmon
а - б - в - г - д - ѓ - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш