Воен термин - категорија

табија повеќе

мн. табии
Вид збор: Именка, женски род
ров, окоп, опкоп, утврда
Англиски: fortification

табур повеќе

Види и: табор (м.)
Вид збор: Именка, машки род
Турска воена единица.
Англиски: squadron Турски: tabur

тактика повеќе

(едн.) тактиката
Вид збор: Именка, женски род
Како наука и умеење за организирање и водење на воени дејствија.
Англиски: tactic Албански: taktikë

таламбас повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Вид тапан од метална полутопка.
Англиски: drum

талим повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Воена обука, воена вежба.
Англиски: exercise Турски: talim

тампон-зона повеќе

мн. тампон-зони
Вид збор: Именка, женски род
Ничија зона меѓу две завојувани страни.
Англиски: no-man's-land

татарник повеќе

мн. татарници
Вид збор: Именка, машки род
Лак со штица како пушка за фрлање стрели.
Англиски: crossbow

тврдина повеќе

мн. тврдини
Вид збор: Именка, женски род
крепост, кале
Англиски: fortress

тежок повеќе

тешки
Вид збор: Придавка
За оружје со силно дејство.
Англиски: heavy Албански: fort

темпира повеќе

темпираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Дотера бомба, шрапнел да експлодира во определено време.

тенк повеќе

мн. тенкови
Вид збор: Именка, машки род
Вид бојна блиндирана кола на гасеничен од.
Англиски: tank

тенкист повеќе

мн. тенкисти
Вид збор: Именка, машки род
Војник на тенк.
Англиски: tank driver

тенковски повеќе

тенковска
Вид збор: Придавка
Што се однесува на тенк.
Примери:
Тенковско одделение.

топ повеќе

топови
Вид збор: Именка, машки род
артилериско оружје
Англиски: cannon Турски: top Албански: top

топчија повеќе

мн. топчии
Вид збор: Именка, машки род
Артилерец, војник што ракува со топ.
Англиски: gunner Турски: topçu

торпеден повеќе

торпедни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на торпедо.
Англиски: torpedo
Вооружен со торпеда.
Англиски: torpedo

торпедира повеќе

торпедираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Нападне, зададе удар со торпедо.
Англиски: torpedo Албански: torpedoj

торпедо повеќе

мн. торпеда
Вид збор: Именка, среден род
Подводна мина, пловечка мина во облик на вретено која се движи со сопствен механизам и се пали при допир на врвот со туѓо тело.
Англиски: torpedo

торпилер повеќе

мн. торпилери
Вид збор: Именка, машки род
Воен кораб, вооружен со торпеда.
Англиски: torpedo boat

транспорт повеќе

(едн.) транспортот
Вид збор: Именка, машки род
Комора, колона превозни средства со храна, луѓе и сл.
Англиски: charge Албански: ngarkon
Помошен воен брод за превоз на трупи и товари.
Англиски: transport Албански: transpot

транспортер повеќе

мн. транспортери
Вид збор: Именка, машки род
Оклопно возили или авион за транспортирање трупи.
Англиски: transporter

тревога повеќе

тревогата
Вид збор: Именка, женски род
Сигнал што предупредува за опасност.
Англиски: alarm Албански: alarm

тромблон повеќе

мн. тромблони
Вид збор: Именка, машки род
минофрлач
Англиски: grenade launcher Француски: tromblon

трубач повеќе

мн. трубачи
Вид збор: Именка, машки род
Војник што дава сигнали со труба.
Англиски: trumpeter Албански: trombist

трупа повеќе

мн. трупи
Вид збор: Именка, женски род
(само во мн.) војска
Англиски: troop Албански: trupë, grup
род оружје
Англиски: troupe Албански: trupë

трупен повеќе

трупна
Вид збор: Придавка
Што се однесува на трупа.
Англиски: troop
Примери:
Трупна единица.

трупи повеќе

трупите
Вид збор: Именка, множина
Војници или воени сили.
Англиски: troops
Примери:
Воени трупи се распоредени.

туфек повеќе

мн. туфеци
Вид збор: Именка, машки род
пушка
Англиски: rifle Турски: tüfek

туфекчија повеќе

мн. туфекџии
Вид збор: Именка, машки род
Војник вооружен со пушка.
Англиски: infantryman Албански: ushtar infanterist, këmbësori
Припадник на некогашната султанова гарда.
Англиски: palace guard Албански: pjestar i gardës sulltanit
а - б - в - г - д - ѓ - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш