Воен термин - категорија

магацин повеќе

мн. магацини
Вид збор: Именка, машки род
Дел од пушка на репетирање во кој се ставаат куршуми.
Англиски: magazine Албански: karikator

мајор повеќе

мн. мајори
Вид збор: Именка, машки род
Офицерски чин помеѓу капетан и потполковник.
Англиски: major

малокалибарски повеќе

малокалибарскиот
Вид збор: Придавка
Што е со мал калибар, обично за оружје.

маневар повеќе

мн. маневри
Вид збор: Именка, машки род
Воена вежба.
Албански: manovër

маневрира повеќе

маневрираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави маневар, маневра или маневри.
Англиски: maneuver Албански: manevroj

маринец повеќе

мн. маринци
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на пешадија во морнарицата.
Англиски: marine Албански: marinar, detar

марш повеќе

мн. маршеви
Вид збор: Именка, машки род
Војничка ритмичко чекорење во строј; движење на воена единица кон определена цел.
Англиски: march Албански: marsh

маршира повеќе

маршираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Чекори во марш; се движи кон определена цел.
Англиски: march

маскира повеќе

маскираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Направи, прави тешко видлив, тежок за распознавање.
Англиски: camouflage Албански: kanuflon

маузер повеќе

мн. маузери
Вид збор: Именка, машки род
Вид автоматски пиштол.
Англиски: pistol

маузерка повеќе

мн. маузерки
Вид збор: Именка, женски род
Вид воена пушка.
Англиски: rifle

машинка повеќе

мн. машинки
Вид збор: Именка, женски род
Автоматска пушка.
Албански: pushkë automatike

мегдан повеќе

мн. мегдани
Вид збор: Именка, машки род
Место каде што се води борба.
Англиски: battlefield Албански: sheshlufte

милитаризација повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Засилување на военото влијание; воведување милитаристички cиcтем.
Англиски: militarization

милитаризира повеќе

милитаризираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Воведе, воведува милитаристички cиcтем.
Англиски: militarize Албански: militarizoj
Организира нешто на војнички начин, воведе, воведува воен режим во граѓанскиот живот.
Англиски: militarize Албански: militarizoj

мина повеќе

мн. мини
Вид збор: Именка, женски род
Експлозивна направа со запалка што се става на определено место за да експлодира во определен момент.
Англиски: mine Албански: minë
Проектил за минофрлач.
Англиски: grenade Албански: granatë

миноловец повеќе

мн. миноловци
Вид збор: Именка, машки род
Брод опремен за откривање и уништување мини.
Англиски: minesweeper

миноположувач повеќе

мн. миноположувачи
Вид збор: Именка, машки род
Воен брод што положува мини.
Англиски: minelayer

минофрлач повеќе

мн. минофрлачи
Вид збор: Именка, машки род
Војник што ракува со минофрлачка.
Албански: minahedhës
минофрлачка
Англиски: mortar Албански: minahedhëse, mortaj

минофрлачка повеќе

мн. минофрлачки
Вид збор: Именка, женски род
Артилериско лесно оружје со краток дострел, со кратка цевка која испалува експлозивен проектил во високоаголна траекторија.
Англиски: mortar

мински повеќе

Види и: мина (ж.)
минскиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со мина.

мирно повеќе

Вид збор: Прилог
војничка команда
Англиски: attention

митралез повеќе

мн. митралези
Вид збор: Именка, машки род
Автоматско брзострелно огнено оружје, главно, во пешадијата и во авијацијата.
Англиски: machinegun

митралезец повеќе

мн. митралесци
Вид збор: Именка, машки род
Војник што пука со митралез.

митралира повеќе

митралираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Пукне, пука со митралез.

мобилен повеќе

мобилни
Вид збор: Придавка
За војска - што е во состојба на готовност.
Англиски: ready

мобилизација повеќе

мн. мобилизации
Вид збор: Именка, женски род
Повикување на воените обврзници во активна служба.
Англиски: mobilization Албански: mobilizim

мобилизира повеќе

мобилизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изврши, врши мобилизација.
Англиски: mobilize Албански: mobilizoj

монитор повеќе

мн. монитори
Вид збор: Именка, машки род
Оклопен воен брод, вооружен со топови, што оперира на морскиот брег и на пловните реки.
Англиски: patrol boat Албански: anije patrullimi

мостобран повеќе

мн. мостобрани
Вид збор: Именка, машки род
Освоен простор на противничкиот брег при насилно минување на воени единици преку река или при извршување десант.
Англиски: bridgehead Албански: kryeurë

мулазим повеќе

мн. мулазими
Вид збор: Именка, машки род
турски офицер
Англиски: officer Турски: mülazım Албански: mylazim, oficer turku

муниција повеќе

(едн.) муницијата
Вид збор: Именка, женски род
Куршуми и други експлозивни убојни средства.
Англиски: ammunition
а - б - в - г - д - ѓ - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш