Воен термин - категорија

лајтнант повеќе

мн. лајтнанти
Вид збор: Именка, машки род
Офицерски чин.
Англиски: lieutenant

лансер повеќе

мн. лансери
Вид збор: Именка, машки род
Цевка од која се лансираат торпеда.
Англиски: launcher

лафет повеќе

мн. лафети
Вид збор: Именка, машки род
Основа на која се поставува и cе прицврстува артилериско оружје.
Англиски: gun-carriage Француски: l'affût

легија повеќе

мн. легии
Вид збор: Именка, женски род
Назив за различни воени единици во различни периоди.
Англиски: legion Албански: legjion

легионер повеќе

мн. легионери
Вид збор: Именка, машки род
Војник во легијата на странци.
Англиски: legionnaire Албански: legjionar

летач повеќе

мн. летачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што лета во авион или хеликоптер (за разлика од другите од аеродромската служба што не летаат).
Англиски: aircrew Албански: pilot

ловец повеќе

мн. ловци
Вид збор: Именка, машки род
Борбен воен авион.
Англиски: fighter plane Албански: aeroplan gjahtar

логистика повеќе

мн. логистики
Вид збор: Именка, женски род
Севкупност на знаења, технички средства и подготовки за дејствување на војската.
Англиски: logistics Албански: logjistikë
а - б - в - г - д - ѓ - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш