Воен термин - категорија

кавалерија повеќе

мн. кавалерии
Вид збор: Именка, женски род
Коњички род во војска.
Англиски: cavalry

кавалерист повеќе

мн. кавалеристи
Вид збор: Именка, машки род
Војник што служи во кавалерија.
Англиски: cavalryman

кадар повеќе

мн. кадри
Вид збор: Именка, машки род
Постојан состав на воена единица (во време на мир).
Англиски: cadre Албански: staf

кадет повеќе

мн. кадети
Вид збор: Именка, машки род
Питомец на воено училиште.
Англиски: cadet

кадровец повеќе

мн. кадровци
Вид збор: Именка, машки род
Војник што служи редовен рок во постојаниот кадар.

казарма повеќе

Види и: касарна (ж.)
мн. казарми
Вид збор: Именка, женски род
касарна
Англиски: barracks

казмат повеќе

мн. казмати
Вид збор: Именка, машки род
Покриен простор како заштита против артилериски оган.
Англиски: casemate Француски: casematte

калашников повеќе

мн. калашникови
Вид збор: Именка, машки род
Автоматска пушка од руско производство.
Англиски: kalashnikov

калибар повеќе

мн. калибри
Вид збор: Именка, машки род
Внатрешниот пречник на цевка од огнено оружје (пиштол, пушка).
Англиски: caliber Албански: kalibër
Пречник на куршум или граната.
Англиски: caliber Албански: kalibër

камп повеќе

мн. кампови
Вид збор: Именка, машки род
Војнички логор.
Англиски: camp Албански: kamp ushtarak

камуфлажа повеќе

мн. камуфлажи
Вид збор: Именка, женски род
Прикривање, маскирање на воени објекти или војска за да не бидат забележани од непријателот.
Англиски: camouflage Француски: camouflage Албански: kamuflazhë

камуфлира повеќе

камуфлираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Прави, направи невидлив некој воен објект или војска заради измама на непријателот.
Англиски: camouflage Француски: camouflage Албански: kamuflon

капетан повеќе

мн. капетани
Вид збор: Именка, машки род
Највисокиот чин на нижите офицери во војска.
Англиски: captain Албански: kapiten

капетанија повеќе

мн. капетании
Вид збор: Именка, женски род
Област со која управува капетан и служба на капетан.
Албански: kapetani

капија повеќе

мн. капии
Вид збор: Именка, женски род
Стратешки важно место за понатамошно напредување.
Англиски: gate Албански: kalesë

каписла повеќе

мн. каписли
Вид збор: Именка, женски род
Метална запалка, исполнета со експлозив што cе пали со удар, триење, по елекричен пат и сл., а служи за палење на полнење од пушка, топ, мина.
Англиски: fuse Албански: kapsollë

капитулација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Прекин на вооружена борба и предавање на непријателот, под услови што ги поставува тој како победник.
Англиски: capitulation Албански: kapitulim

капитулира повеќе

капитулираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Се предаде, се предава на непријателот, се согласи, се согласува на капитулација.
Англиски: capitulate Албански: kapituloj

каплар повеќе

мн. каплари
Вид збор: Именка, машки род
најнизок воен чин
Англиски: sergeant

капсула повеќе

мн. капсули
Вид збор: Именка, женски род
каписла
Англиски: detonator Албански: kapsollë

кара повеќе

мн. кари
Вид збор: Именка, женски род
Кола со железни сандаци за превоз на муниција, обично артилериска.
Англиски: car Германски: Karre

карабин повеќе

мн. карабини
Вид збор: Именка, машки род
Леcна, куса војничка пушка.
Англиски: carbine Албански: pushkë karabine

караула повеќе

мн. караули
Вид збор: Именка, женски род
Стражарница на граница, крај мост, на пат и сл.
Англиски: sentry

картеч повеќе

мн. картечи
Вид збор: Именка, машки род
Вид топовска граната иcполнета cо топчиња што при пукање се распрскуваат.

картечен повеќе

картечниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на картеч, што потекнува од картеч.

картечница повеќе

мн. картечници
Вид збор: Именка, женски род
автоматско огнено оружје

касарма повеќе

Види и: касарна (ж.)
мн. касарми
Вид збор: Именка, женски род
касарна
Англиски: barracks

касарна повеќе

мн. касарни
Вид збор: Именка, женски род
Зграда за постојано сместување на војска.
Англиски: barracks

класа повеќе

мн. класи
Вид збор: Именка, женски род
Како дел од називи за одделни чинови во војска за определување на старешинскиот степен.
Англиски: class Албански: klasë

кокарда повеќе

мн. кокарди
Вид збор: Именка, женски род
Метална значка на службена шапка.
Англиски: cockade Француски: cocarde

кола повеќе

мн. коли
Вид збор: Именка, женски род
специјално воено возило
Англиски: car Албански: makinë ushtarake

колона повеќе

мн. колони
Вид збор: Именка, женски род
Поредок на војската во движење еден по друг на определено растојание.
Англиски: column Албански: kolonë

команда повеќе

мн. команди
Вид збор: Именка, женски род
Куса усна заповед по установен образец во војската или во спортската обука.
Англиски: command Албански: komandë, urdhër
Воено заповедништво, воена установа.
Англиски: command Албански: komandë
Седиште на воено заповедништво, на воена установа.
Англиски: command Албански: komandë

командант повеќе

мн. команданти
Вид збор: Именка, машки род
Заповедник на воена единица (поголема од баталјон), на град, на воен брод, воен округ, тврдина и сл.
Англиски: commander Албански: komandant

команден повеќе

командниот
Вид збор: Придавка
Што има команда или власт, што наредува.
Англиски: command

командир повеќе

мн. командири
Вид збор: Именка, машки род
Заповедник на помала воена, полициска или друга единица.
Англиски: commander

командос повеќе

мн. командоси
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на единица за делување на непријателска територија.
Англиски: commando unit

командува повеќе

командуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Издава команди, заповеда.
Англиски: command Албански: komandoj
Врши командантска должност.
Англиски: command Албански: komandoj

комесар повеќе

мн. комесари
Вид збор: Именка, машки род
Чин во полицијата во некои земји, полициски комесар.
Англиски: commissar Албански: komisar

комора повеќе

мн. комори
Вид збор: Именка, женски род
Посебна единица со превозни средства што ги снабдува борбените групи со храна, облека и муниција.
Албански: njësit ushtarak

коморџија повеќе

мн. коморџии
Вид збор: Именка, машки род
Војник што и припаѓа на воената комора.

конвој повеќе

мн. конвои
Вид збор: Именка, машки род
Вооружена придружба при транспорт на луѓе, пари, предмети.
Англиски: convoy Албански: konvoj
Воени бродови и авиони што придружуваат транспортни и трговски бродови заради заштита.
Англиски: convoy Албански: konvoj

контингент повеќе

мн. контингенти
Вид збор: Именка, машки род
Определен број воени единици со кои една држава учествува во меѓународна, политичка или воена акција.
Англиски: contingent Албански: kontingjent

контраадмирал повеќе

мн. контраадмирали
Вид збор: Именка, машки род
Чин од високиот офицерски состав на воената морнарица, понизок од вицеадмирал; лицето што го носи чинот.

контранапад повеќе

мн. контранапади
Вид збор: Именка, машки род
Напад како одговор на напад.
Англиски: counterattack

контраофанзива повеќе

мн. контраофанзиви
Вид збор: Именка, женски род
Напад преземен од одбранбена положба.
Англиски: counteroffensive

контраразузнавање повеќе

Види и: разузнавање (ср.)
(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Одбрана против разузнавање.
Англиски: counter reconnoiter

коњаник повеќе

мн. коњаници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што служи, што е во коњица.
Англиски: cavalryman Албански: kalorës

коњаница повеќе

Види и: коњица (ж.)
мн. коњаници
Вид збор: Именка, женски род
коњица
Англиски: cavalry

коњица повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Род војска на коњи.
Англиски: cavalry

коњоводец повеќе

мн. коњоводци
Вид збор: Именка, машки род
Војник што ги води коњите и се грижи за нив.
Албански: ushtar që kujdeset për kuajt

копнен повеќе

копнени
Вид збор: Придавка
Што се однесува на копно.

копоран повеќе

мн. копорани
Вид збор: Именка, машки род
Војничка блуза.
Албански: bluzë ushtarake

корвета повеќе

мн. корвети
Вид збор: Именка, женски род
Мал извиднички брод; мал брз крстосувач.
Англиски: corvette

корветен повеќе

корветниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на корвета.
Англиски: corvette

кордон повеќе

мн. кордони
Вид збор: Именка, машки род
Пограничен или заштитен одред војска или полиција верижно распореден.
Англиски: cordon Француски: cordon Албански: kordon

корпус повеќе

мн. корпуси
Вид збор: Именка, машки род
Голема формација што се cоcтои од неколку дивизии или бригади.
Англиски: army Албански: korparmatë

корпусен повеќе

Види и: корпус (м.)
корпусниот
Вид збор: Придавка
Што се однеcува на корпус.

крилен повеќе

крилниот
Вид збор: Придавка
Што се наоѓа, што е распореден на крилата, странично, бочно.

крило повеќе

мн. крилја
Вид збор: Именка, среден род
Десна и лева страна на борбените редови на војската.
Англиски: wing Албански: krah

крстосувач повеќе

мн. крстосувачи
Вид збор: Именка, машки род
Брз вооружен брод.
Англиски: cruiser

крстосувачки повеќе

крстосувачкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на крстосувач.

кртешница повеќе

мн. кртешници
Вид збор: Именка, женски род
митралез
Англиски: machine gun Албански: mitraloz

кршла повеќе

мн. кршли
Вид збор: Именка, женски род
касарна
Англиски: barracks Албански: kazermë
а - б - в - г - д - ѓ - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш