Воен термин - категорија

евзалија повеќе

Види и: евзалија (прид.)
мн. евзалии
Вид збор: Именка, женски род
Вид старинска пушка.

евзон повеќе

мн. евзони
Вид збор: Именка, машки род
Грчки војник, припадник на лесната пешадија.

егзерцир повеќе

мн. егзерцири
Вид збор: Именка, машки род
Групно изведување на воени вежби.
Англиски: exercise

егзерцира повеќе

егзерцираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Врши воена обука, обучува војници низ вежби.
Англиски: exercise

едноцевка повеќе

мн. едноцевки
Вид збор: Именка, женски род
Пушка со една цевка.

еж повеќе

мн. ежови
Вид збор: Именка, машки род
Вид одбранбени пречки направени од испреплетени жици, метални прачки, шини, бетон и друг материјал со цел да се оневозможи поминување на непријателски моторизирани единици.

енфилада повеќе

(едн.) енфиладата
Вид збор: Именка, женски род
Концепт во воената тактика што ја опишува изложеноста на трупите на противничкиот оган.
Англиски: enfilade

еполета повеќе

мн. еполети
Вид збор: Именка, женски род
Пришиен дел на рамената на униформа со ознака за чинот.
Англиски: epaulet

ескадра повеќе

мн. ескадри
Вид збор: Именка, женски род
Воена единица во морнарицата или во военото воздухопловство.
Англиски: squadron

ескадрила повеќе

мн. ескадрили
Вид збор: Именка, женски род
Основна воздухопловна тактичка единица.
Англиски: wing Француски: escadrille

ескадрон повеќе

мн. ескадрони
Вид збор: Именка, машки род
Основна единица во коњицата што одговара на чета во пешадијата.
Англиски: squadron

ешалон повеќе

мн. ешалони
Вид збор: Именка, машки род
Дел од воена формација, воена единица поставена во колона, обично во движење.
Англиски: echelon Албански: njësit, eshallon, skalion
а - б - в - г - д - ѓ - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш