Воен термин - категорија

далекометен повеќе

далекометниот
Вид збор: Придавка
Што има далечен домет, што допира, фрла далеку.
Англиски: long-range

далекострелен повеќе

Види и: далекометен (прид.)
далекострелниот
Вид збор: Придавка
далекометен
Англиски: long-range

дезертер повеќе

мн. дезертери
Вид збор: Именка, машки род
Тој што избегал од војска, што самоволно го напуштил служењето на воената обврска.
Англиски: deserter Француски: déserteur

дезертерство повеќе

мн. дезертерства
Вид збор: Именка, среден род
бегство од војска
Англиски: desert

дезертира повеќе

дезертираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Побегне, бега од војска, своеволно напушти, напушта служење на воена обврска, воена позиција, фронт и сл.
Англиски: desert

дезертиран повеќе

Види и: дезертира (св. и несв.)
дезертирани
Вид збор: Придавка
(глаг. прид.) дезертира

дејствие повеќе

мн. дејствија
Вид збор: Именка, среден род
дејство
Англиски: action Албански: veprim

дејство повеќе

мн. дејства
Вид збор: Именка, среден род
Вооружен судир, борбена акција.
Англиски: action Албански: veprim, aksion

делибаша повеќе

мн. делибаши
Вид збор: Именка, машки род
Турски старешина, заповедник, на коњаници (на делии) гардиски офицер.
Турски: delibaş

делија повеќе

мн. делии
Вид збор: Именка, машки род
Турски коњаник во султановата и везировата стража.
Англиски: horseman Турски: deli Албански: deli

демилитаризација повеќе

мн. демилитаризации
Вид збор: Именка, женски род
Разоружување, отстранување на војска и на воени уреди од некое место или од некоја земја.
Англиски: demilitarization Албански: demilitarizim
Укинување на воена индустрија.
Англиски: demilitarization Албански: demilitarizim

демилитаризира повеќе

демилитаризираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изврши, извршува демилитаризација, разоружи, разоружува војска.
Англиски: demilitarize

деминира повеќе

деминираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Отстрани, отстранува мини.

демобилизација повеќе

мн. демобилизации
Вид збор: Именка, женски род
Премин на вооружените сили од воена во мирновременска состојба.
Англиски: demobilisation Албански: demobilizim
Отпуштање воени лица од активна служба во резерва или во пензија.
Англиски: demobilisation Албански: demobilizim

демобилизира повеќе

демобилизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Стави, става вооружени сили од воена во мирновременска состојба.
Англиски: demobilize Албански: demobilizoj
Изврши, врши демобилизација на активните воени лица, отпушти, отпушта од активна служба во резерва или во пензија.
Англиски: demobilize Албански: demobilizoj

деморализација повеќе

мн. деморализации
Вид збор: Именка, женски род
Опаѓање на борбеноста, отстапување од борба.
Англиски: demoralization Албански: demoralizim

десант повеќе

мн. десанти
Вид збор: Именка, машки род
Префрлување трупи (војска) на непријателска територија по воден или по воздушен пат.
Англиски: landing

десетар повеќе

мн. десетари
Вид збор: Именка, машки род
Најнизок чин на старешини во војска, тој што води група од десет војници.
Англиски: lance corporal Албански: dhjetar

десетина повеќе

мн. десетини
Вид збор: Именка, женски род
Единица од десет војници, што ја води десетар.
Англиски: platoon Албански: dhjetëshet

десеткува повеќе

десеткуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
По казна, заради одмазда убивање, стрелање секој десетти заложник, бунтовник.
Англиски: decimate Албански: dhjetësoj, gjymtoj

десетник повеќе

Види и: десетар (м.)
мн. десетници
Вид збор: Именка, машки род
десетар

детонатор повеќе

мн. детонатори
Вид збор: Именка, машки род
Запалка, каписла што служи за палење експлозив.
Англиски: detonator

детонација повеќе

мн. детонации
Вид збор: Именка, женски род
Пукот, тресок, татнеж од експлозија.
Англиски: detonation

дефанзива повеќе

мн. дефанзиви
Вид збор: Именка, женски род
Состојба во која една страна е само во позиција да се брани.
Англиски: defense

дефанзивен повеќе

дефанзивниот
Вид збор: Придавка
одбранбен
Англиски: defensive

дефилада повеќе

(едн.) дефиладата
Вид збор: Именка, женски род
Криење на воените трупи од противничката енфилада.
Англиски: defilade

диверзант повеќе

мн. диверзанти
Вид збор: Именка, машки род
Човек што врши диверзија, учесник во диверзија.
Англиски: saboteur Албански: diversant

диверзантски повеќе

Види и: диверзија (ж.)
диверзантскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на диверзант или диверзија.
Примери:
диверзантска група

диверзија повеќе

мн. диверзии
Вид збор: Именка, женски род
Самостојна воена операција со цел да се одвлече вниманието на непријателот од главното боиште.
Англиски: diversion Албански: diversion
Илегална акција, саботажа на важни воени и индустриски објекти, железнички пруги и др. од страна на агенти на некоја странска земја.
Англиски: sabotage Албански: ilegalisht

дивизија повеќе

мн. дивизии
Вид збор: Именка, женски род
Најголема здружена воена единица за самостојно дејствување.
Англиски: division

дивизион повеќе

мн. дивизиони
Вид збор: Именка, машки род
Стратегиска единица составена од две до три батерии во артилеријата или од два до три ескадрона во коњицата и сл.
Англиски: division

дислокација повеќе

мн. дислокации
Вид збор: Именка, женски род
Разместување, распоредување на воени единици на одредена територија.
Англиски: dislocation Албански: shpërngulje

диспозиција повеќе

мн. диспозиции
Вид збор: Именка, женски род
Писмена заповед за извршување некаква оперативна задача, распоред на единици и сл.
Англиски: order Албански: urdhër

дострел повеќе

мн. дострели
Вид збор: Именка, машки род
Граничната точка до која може да се стрела со оружје.
Англиски: range Албански: varg
Примери:
Дострелот на пушката.

драгон повеќе

мн. драгони
Вид збор: Именка, машки род
Војник во лесна коњица.
Англиски: cavalryman

думдум-куршум повеќе

мн. думдум-куршуми
Вид збор: Именка, машки род
Пушчен експлозивен куршум со тап врв кој при ударот се распрснува и прави опасни рани.
а - б - в - г - д - ѓ - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш