Воен термин - категорија

база повеќе

мн. бази
Вид збор: Именка, женски род
Собирно место за концентрација на воени единици и за нивно снабдување и опслужување (подалеку од главните сили во земјата или надвор од неа).
Англиски: base Албански: bazë

базука повеќе

мн. базуки
Вид збор: Именка, женски род
Рачен противтенковски фрлач на гранати на ракетен погон.
Англиски: bazooka Албански: bazukë

бајонет повеќе

мн. бајонети
Вид збор: Именка, машки род
Студено оружје, нож со кој се сече и се боде, а може да се стави на цевката од пушката.
Англиски: bayonet

бараж повеќе

мн. баражи
Вид збор: Именка, машки род
Интензивно артилериско бомбардирање.
Англиски: barrage Албански: barazh

баражен повеќе

баражниот
Вид збор: Придавка
интензивен, концентриран

барикада повеќе

мн. барикади
Вид збор: Именка, женски род
Преграда направена од разни предмети како засолниште при улична борби.
Англиски: barricade Албански: barikadë

барутана повеќе

мн. барутани
Вид збор: Именка, женски род
Зграда во која се чува барут и друг експлозивен материјал.
Англиски: arsenal

баталјон повеќе

мн. баталјони
Вид збор: Именка, машки род
Воена единица составена од две до четири чети.
Англиски: battalion

батерија повеќе

мн. батерии
Вид збор: Именка, женски род
Борбена и тактичка единица во артилеријата (обично од 3 до 6 топа).
Англиски: battery unit Албански: njësija e baterisë

башибозук повеќе

мн. башибозуци
Вид збор: Именка, машки род
Нередовна турска војска или припадник на таква војска.
Англиски: guerrilla Турски: başıbozuk Албански: bashibozuk

бегалец повеќе

мн. бегалци
Вид збор: Именка, машки род
Човек што избегнал отслужување на воениот рок или што напуштил борба или воена служба дезертер.
Англиски: deserter Албански: dezertor

бесповлечен повеќе

бесповлечниот
Вид збор: Придавка
особина на оружје
Англиски: recoil free

бивак повеќе

мн. биваци
Вид збор: Именка, машки род
Војнички логор за привремен престој.
Англиски: bivouac

бивакува повеќе

бивакуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Престојува во бивак, логорува.
Англиски: bivouac

бимбашија повеќе

мн. бимбашии
Вид збор: Именка, машки род
Турски офицер, командант на 1000 војници во османлиската војска.
Англиски: major Турски: binbaşı

блиндира повеќе

блиндираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Заштити, заштитува со челичен оклоп (обично автомобил, воз, врата).
Англиски: armour

блиндиран повеќе

блиндираниот
Вид збор: Придавка
Што е заштитен со челичен оклоп.
Англиски: armoured

блокада повеќе

мн. блокади
Вид збор: Именка, женски род
Целосно опколување на некое место, област со вооружена сила.
Англиски: blockade Албански: bllokadë

боиште повеќе

мн. боишта
Вид збор: Именка, среден род
Место каде што се бие битка, бојно поле.
Англиски: battlefield

бој повеќе

мн. боеви
Вид збор: Именка, машки род
Битка, вооружен судир.
Англиски: battle, combat Албански: betejë

бомба повеќе

мн. бомби
Вид збор: Именка, женски род
Метално тело, предмет исполнет со експлозив, наменет за уништување објекти и жива сила.
Англиски: bomb Албански: bombë

бомбардер повеќе

мн. бомбардери
Вид збор: Именка, машки род
Авион наменет за бомбардирање.
Англиски: bomber

бомбардира повеќе

бомбардираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Исфрли, исфрла бомби од авион, врши бомбардирање.
Англиски: bombard Албански: bombardon

бомбаш повеќе

мн. бомбаши
Вид збор: Именка, машки род
Тој што фрла бомби.
Англиски: bomber

борба повеќе

мн. борби
Вид збор: Именка, женски род
Вооружен судир меѓу две воени единици или војски.
Латински: betejë Англиски: battle, combat

борен повеќе

борниот
Вид збор: Придавка
Што е за борба.

брзометен повеќе

брзометниот
Вид збор: Придавка
Што стрела, пука брзо.

бригада повеќе

мн. бригади
Вид збор: Именка, женски род
Здружена единица од батаљонски, полковски или појак состав, помала од дивизија.
Англиски: brigade Албански: brigadë

бригаден повеќе

бригадниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на бригада.
Примери:
Бригаден офицер.

бригадир повеќе

мн. бригадири
Вид збор: Именка, машки род
Командант на бригада.
Англиски: brigadier Албански: brigadier

брише повеќе

бришат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
За ветер - силно дува.
Англиски: blow Албански: fryj
Простор на кој се пука без да се има заштита.

бункер повеќе

мн. бункери. из. мн. бункера
Вид збор: Именка, машки род
Бетонско или поинакво засолниште за мал број војници со соодветно оружје.
Англиски: bunker Албански: bunker
а - б - в - г - д - ѓ - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш