Ботаника - категорија

угојка повеќе

мн. угојки
Вид збор: Именка, женски род
Растение со црвени или бели цветови.
Латински: Bryonia dioica Англиски: bryony Албански: rrepë e kuqe gardhi
Примери:
На некои места кај нас со угојка се обвиваат на Ѓурѓовден и се нишаат на нишалка за да се угојат или пак ја закачуваат над вратата.

узрее повеќе

узреат
Вид збор: Глагол, свршен
(за плод) созрее, дозрее
Англиски: ripen Албански: pjek

унап повеќе

мн. унапи
Вид збор: Именка, машки род
дива маслинка
Латински: Olea oleaster Англиски: wild-olive

урма повеќе

мн. урми
Вид збор: Именка, женски род
Вид палма со слатки костенливи плодови.
Латински: Phoenix dactylifera Англиски: date Турски: hurma Албански: hurmë

урмин повеќе

урминиот
Вид збор: Придавка
Што припаѓа, што се однесува на урма.

уров повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Мешункасто растение кое се користи главно како сточна храна.
Латински: Vicia sativa Англиски: Common Vetch Албански: egjër, modhull

уста повеќе

мн. усти
Вид збор: Именка, женски род
Чавкина уста (едногодишно растение чијшто цветови се отвораат како уста кога ќе ги притиснеш.
Латински: Antirrhinum Англиски: snapdragon Албански: gojuku

усте повеќе

Види и: устиче (ср.)
устето
Вид збор: Именка, среден род
устиче
Албански: gojzë

устиче повеќе

мн. устичиња
Вид збор: Именка, среден род
Едногодишно растение чиишто цветови се отвораат како уста кога ќе ги притиснеш; чавкина уста.
Латински: Antirrhinum majus Англиски: snapdragon Албански: gojujku
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш