Ботаника - категорија

саз повеќе

мн. сазови
Вид збор: Именка, машки род
(само едн.) Растение што вирее во мочуришни места.
Латински: Typha latifolia Англиски: Bulrush Турски: saz Албански: kallame

саказ повеќе

мн. сакази
Вид збор: Именка, машки род
Смола од мастика.
Англиски: mastix Турски: sakız Албански: çamçakëz

сакаска повеќе

мн. сакаски
Вид збор: Именка, женски род
Тиква со долгнавеста форма.
Англиски: pumpkin Албански: lloj kungulli

салата повеќе

мн. салати
Вид збор: Именка, женски род
Растение со сочни и кревки лисја.
Латински: Lactuca sativa Англиски: lettuce Албански: marule

салеп повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Вид растение со грутчиња по коренот.
Латински: Orchis Англиски: orchid Турски: salep Албански: orkide

самодоверба повеќе

(едн.) самодовербата
Вид збор: Именка, женски род
Доверба во себеси, во споствените можности и способности.
Англиски: self-confidence
Примери:
Полека тој си ја поврати самодовербата.

самокитка повеќе

мн. самокитки
Вид збор: Именка, женски род
Вид многугодишно растение со розетни листови, со јадри цветови групирани во грозд или метличка со жолта или сина боја.
Латински: Aconitum napellus Англиски: monkshood

самоникнат повеќе

самоникнатиот
Вид збор: Придавка
Што е никнат сам од себе.

сандаловина повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Сандалово дрво - добиено од тропско растение со миризливо дрво.
Латински: Santalum album Англиски: sandalwood Албански: dru sandali

сараџица повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Вид растение.
Латински: Polygonatum multiflorum Англиски: Solomon's-seal Албански: lloj bime, Vulë Solomoni

сардела повеќе

мн. сардели
Вид збор: Именка, женски род
Вид растение со цветови што се одгледува во саксии.
Латински: pelargonium Англиски: pelargonium Албански: lloj lule, Sardelë

свекло повеќе

Види и: цвекло (ср.)
мн. свекла
Вид збор: Именка, среден род
цвекло
Латински: Beta vulgaris Англиски: beetroot Албански: panxhar

свене повеќе

свенат
Вид збор: Глагол, свршен
За растение - загуби свежина, се исуши.
Англиски: wilt Албански: vyshket

свиларка повеќе

Види и: свилар (м.)
мн. свиларки
Вид збор: Именка, женски род
Плевелно паразитско растение без коренов систем и хлорофил што вирее на други растенија.
Латински: Cuscuta spp Англиски: dodder
Руменика со розови цветови.
Латински: Lychnis flos cuculi Англиски: Ragged Robin

сврбогаска повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Вид дива ружа.
Латински: Rosa canina Англиски: dog rose Албански: trëndafil qeni

седеф повеќе

(едн.) седефот
Вид збор: Именка, машки род
Вид градинско цвеќе со светлозелени лисје и тешка миризба.
Латински: Ruta graveolens Англиски: Common Rue Албански: lloj bime kopshti

секвоја повеќе

мн. секвои
Вид збор: Именка, женски род
Иглолисно дрво со мамутски размери што расте во Калифорнија.
Латински: Sequoia Англиски: sequoia Албански: sekuojë

селвија повеќе

мн. селвии
Вид збор: Именка, женски род
Јужно вечно зелено дрво.
Латински: Cupressus Англиски: cypress Турски: servi Албански: selvi, qiparis

семе повеќе

семиња
Вид збор: Именка, среден род
зрнце на растение
Англиски: seed Албански: farë

семеник повеќе

мн. семеници
Вид збор: Именка, машки род
Ќесичка во која се наоѓа семето на некое растение.
Англиски: seed capsule Албански: fshikëz fare

семка повеќе

мн. семки
Вид збор: Именка, женски род
Одделно зрно од семето на некои растенија.
Англиски: seed Албански: farë, bërthamë
Примери:
Семки од лубеница.
Коската на некои плодови.
Англиски: stone Албански: bërthamë, koc
Примери:
Семки од кајсии.

сивак повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Грозје кое не зрее до крај, не узрева.
Албански: rrush i papjekur

сил повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Лековита билка што се користи и во функција на етимолошка магија, да се сили стоката; див копар.
Латински: Peucedanum ostruthium Англиски: masterwort

силина повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Долгогодишно растение со стебликав лист и лилов цвет.
Латински: Isatis tinctoria Англиски: Woad Албански: lloj bime, silinë

синамбељ повеќе

Вид збор: Именка, машки род
вид грозје
Англиски: grape Албански: lloj rrushi, grapë
Примери:
(нар. поез.) Да ми набереш два грозда грозје,/ два грозда грозје два синамбеља.

синап повеќе

Види и: сенф (м.)
Вид збор: Именка, машки род
Растение со ситни жолти цветови.
Латински: Sinapis arvensis Англиски: mustard Албански: mustardë
Семето од тоа растение.
Англиски: mustard Албански: mustardë

синапов повеќе

синапови
Вид збор: Придавка
Што е од синап.
Албански: mustarde
Примери:
Синапово зрно.

синоличка повеќе

мн. синолички
Вид збор: Именка, женски род
планинска љубичица, теменуга, темјануга
Латински: Viola Англиски: violet Албански: vjollcë

синци повеќе

Вид збор: Именка, множина
Круши средна големина, однатре црни.
Англиски: pears Албански: lloj dardhe

синчец повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Рано пролетно цвеќе со сини цветчиња.
Латински: Centaurea cyanus Англиски: Cornflower Албански: lulemisri

сињоличка повеќе

Вид збор: Именка, женски род
синоличка
Англиски: violet Албански: vjollcë

сипка повеќе

мн. сипки
Вид збор: Именка, женски род
Мочуришно или кратководно растение.
Латински: juncus Англиски: rushes
Примери:
Од сипките се плетат кошници.

сирак повеќе

мн. сираци
Вид збор: Именка, машки род
(само едн.) Житна зрнеста крма.
Латински: Sorghum vulgare Англиски: sorghum Албански: melekuqe

сирка повеќе

Види и: сирак (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
сирак
Англиски: sorghum

ситнак повеќе

мн. ситнаци
Вид збор: Именка, машки род
даб благун
Латински: quercus lanuginosa Англиски: oak Албански: lloj dushku

ситногорица повеќе

мн. ситногорици
Вид збор: Именка, женски род
Ситна, ниска шума.

ситноклас повеќе

ситнокласни
Вид збор: Придавка
Кој има ситен клас.
Албански: kalli i imë
Примери:
ситнокласа пченица

ситнолистен повеќе

ситнолисниот
Вид збор: Придавка
Што има ситен лист.

ситноплоден повеќе

ситноплодниот
Вид збор: Придавка
Што има ситен плод.

скастри повеќе

скастрат
Вид збор: Глагол, свршен
Скрати со сечење, подрамни.
Англиски: prune Албански: pres, shkurtoj
Примери:
Скастри ја малу црницана.

скорозрејка повеќе

Види и: скорозрелка (ж.)
мн. скорозрејки
Вид збор: Именка, женски род
скорозрелка
Албански: që piqet shpejt

скорозрелка повеќе

мн. скорозрелки
Вид збор: Именка, женски род
Овошје (поретко и житарка) чии плодови рано созреваат.
Албански: që piqet shpejt
Примери:
Скорозрелки кајсии.
Плод од тоа овошје.
Албански: frut që piqet shpejt

скоруша повеќе

мн. скоруши
Вид збор: Именка, женски род
Дрво со перести лисја и ситни плодови.
Латински: Pirus sorbus domestica Англиски: Mountain Ash Албански: vojsë, vadhë
Плодот на ова дрво.
Албански: vojsë, vadhë

скорчав повеќе

скорчави
Вид збор: Придавка
Обично за дрво - кој има тврда кора, глуждови.
Албански: dru me kore të fortë
Примери:
Скорчаво дрво.

скорша повеќе

Види и: скоруша (ж.)
мн. скорши
Вид збор: Именка, женски род
оскоруша, скоруша
Латински: Pirus sorbus domestica Англиски: Mountain Ash Албански: vadhë, vojsë

скреба повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Вид растение што се вие.
Латински: Clematis vitalba Англиски: Old man's beard Албански: kulpra

скрипец повеќе

мн. скрипци
Вид збор: Именка, машки род
Вид шумско тревно растение.
Латински: Silene vulgaris Англиски: maidenstears Албански: silenë, bimë barore mali

скроб повеќе

(едн.) скробот
Вид збор: Именка, машки род
Брашнен дел што се наоѓа во зрното на житата или коренот на некои други растенија.
Англиски: starch Албански: niseshte

слабинка повеќе

мн. слабинки
Вид збор: Именка, женски род
Растение со убав мирислив цвет.
Латински: Suringa vulgaris Англиски: lilac Албански: jargavan, lilak

сладун повеќе

мн. сладуни
Вид збор: Именка, машки род
даб благун
Латински: Quercus pubescens Англиски: downy oak Албански: dushk

сланоток повеќе

Види и: слануток (м.)
мн. сланотоци
Вид збор: Именка, машки род
слануток
Англиски: chickpea Албански: grashak, bizele

слаткарче повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Ароматична билка што се става во слатко за да го подобри мирисот.
Латински: Pelargonium odoratissimum Англиски: geranium Албански: barbarozë, geranium

слачец повеќе

Види и: повивка (ж.)
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
повивка
Латински: Convolvulus arvensis Англиски: Field Bindweed Албански: lloj lule

слез повеќе

мн. слезови
Вид збор: Именка, машки род
Растение со ниско стебло и лилаво-црвен цвет.
Латински: malva sylvestris Англиски: mallow Албански: malvë

слива повеќе

мн. сливи
Вид збор: Именка, женски род
Дрвото што дава сливи.
Латински: Prunus domestica Англиски: plum tree Албански: kumbull

сливче повеќе

Види и: слива (ж.)
мн. сливчиња
Вид збор: Именка, среден род
слива
Англиски: plum Албански: kumbull

смил повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Растение со жолт цвет што расте по песочливи места.
Латински: Helichrysum arenarium Англиски: Immortelle Албански: sumbull, trëndelinë
Примери:
Бере смил.

смоква повеќе

мн. смокви
Вид збор: Именка, женски род
Суптропско дрво со сладок плод.
Латински: Ficus carica Англиски: fig Албански: fik
Примери:
Никнаа и неколку смокви.

смокварник повеќе

Види и: смоква (ж.)
мн. смокварници
Вид збор: Именка, машки род
Место каде што растат смокви.
Албански: vend me fik

смоквен повеќе

Види и: смоква (ж.)
смоквени
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на смоква.
Албански: fiku
Примери:
Смоквено дрво.

смоков повеќе

Вид збор: Придавка
смоквен, смоквин
Албански: fiku

смоковница повеќе

Види и: смоква (ж.)
мн. смоковници
Вид збор: Именка, женски род
Смоквено дрво.
Англиски: fig tree Албански: dru fiku

смола повеќе

мн. смоли
Вид збор: Именка, женски род
Леплива супстанца што се цеди од кората на некои дрва.
Англиски: resin Албански: rrëshirë
Примери:
Течна, цврста смола.

смолец повеќе

мн. смолци
Вид збор: Именка, машки род
Вид трева со остри листови и цветови.
Латински: Bolboschoenus maritimus Англиски: bayonet grass Албански: bari bajonetë

смрделика повеќе

мн. смрделики
Вид збор: Именка, женски род
Вид смрека.
Латински: Juniperus sabina Англиски: Savin Juniper Албански: lloj dëllinje

смрека повеќе

мн. смреки
Вид збор: Именка, женски род
Вечнозелено иглолисно растение.
Латински: Juniperus communis Англиски: juniper Албански: dëllinjë

смрекин повеќе

Види и: смреков (прид.)
смрекиниот
Вид збор: Придавка
смреков

смрекинка повеќе

мн. смрекинки
Вид збор: Именка, женски род
Плод од смрека.
Англиски: juniper berry

смреков повеќе

смрекови
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на смрека.
Албански: dëllinje

смрековина повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Дрво од смрека.
Англиски: spruce Албански: bredh
Примери:
мирис од смрековина

смрчка повеќе

мн. смрчки
Вид збор: Именка, женски род
Вид печурка.
Латински: Morchella Англиски: common morel Албански: lloj këpurdhe

соин повеќе

соиниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува или што е направен од соја.

соја повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Растение со зрнести плодови во мешунки што се користат за исхрана.
Латински: Ѕоја hispida Англиски: soya Албански: sojë

сончоглед повеќе

мн. сончогледи
Вид збор: Именка, машки род
Едногодишно маслодајно растение со големи жолти цветови кои во текот на денот го следат движењето на сонцето.
Латински: Helianthus annuus Англиски: sunflower Албански: luledielli

сортен повеќе

сортни
Вид збор: Придавка
Кој е од висококвалитетна сорта.
Англиски: classified Албански: varietal, klasifikuar
Примери:
Сортни семиња.

соцветие повеќе

мн. соцветија
Вид збор: Именка, среден род
Повеќе цветови на едно место; грозд од цветови.
Англиски: umbel

сочиво повеќе

сочивото
Вид збор: Именка, среден род
леќа
Англиски: lentil Албански: thjerrëz

спанак повеќе

Види и: спанаќ (м.)
(едн.) спанакот
Вид збор: Именка, машки род
спанаќ
Латински: Spinacia oleracea Англиски: spinach Албански: spinaq

спанаќ повеќе

(едн.) спанаќот
Вид збор: Именка, машки род
Едногодишно зелјесто растение што се употребува за јадење.
Латински: Spinacia oleracea Англиски: spinach Турски: ıspanak Албански: spinaq

сплит повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Растение што прилега на повит.
Латински: Suscuta Англиски: Dodder Албански: kuskutë

срамниче повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Бел цвет со црнка насреде.
Латински: Daucus carota Англиски: wild carrot Албански: karrotë e egër

среќа повеќе

(едн.) среќата
Вид збор: Именка, женски род
Долгогодишно градинско растение со долг стебликав лист.
Латински: Hemerocallis fulva Англиски: orange daylily

срж повеќе

(едн.) сржта
Вид збор: Именка, женски род
Средишниот дел на стебло или на корен на некое растение.
Англиски: core Албански: bërthamë
Примери:
Сржта на дрвото.

стакло повеќе

мн. стакла
Вид збор: Именка, среден род
стебло
Англиски: stem Албански: trung

стамболка повеќе

мн. стамболки
Вид збор: Именка, женски род
Вид на некои овошја и нивните плодови (круша, јаболко, слива).
Англиски: fruit Албански: lloj fruta, stambollka
вид на тиква
Англиски: pumpkin Албански: kungull Stambolli

станушина повеќе

станушината
Вид збор: Именка, женски род
автохтона тиквешка сорта грозје

стеблак повеќе

мн. стеблаци
Вид збор: Именка, машки род
Гранките на дрво, крошна.
Англиски: tree-top Албански: shport peme, degë peme

стебло повеќе

мн. стебла
Вид збор: Именка, среден род
Телото на дрво или друго растение, кое го држи и му го дава обликот, и ги има елементите за спроведување на соковите.
Англиски: stem Албански: dru peme

столисник повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Вид лековито растение, ајдучка трева.
Латински: Achillea millefolium Англиски: yarrow

стратификација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Третман на семе со студ за да почне предвремено да ’рти.
Англиски: stratification
Примери:
стратификација на пченицата

стратор повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Вид украсно растение.
Латински: Amaranthus paniculatus Англиски: pigweed Албански: lloj bime, amarant

страторов повеќе

Види и: стратор (м.)
страторови
Вид збор: Придавка
Што е од стратор.
Албански: amaranti
Примери:
Китка страторова.

стрношина повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Вид црно грозје (расте по присој).
Англиски: grape Албански: lloj rrushi i zi

сусам повеќе

(едн.) сусамот
Вид збор: Именка, машки род
Ориентално (растение и плод); служи за исхрана и за добивање на мрсно и слатко масло слично на бадемовото масло.
Латински: Sesamum Англиски: sesame Турски: susam Албански: susam

сусамов повеќе

Види и: сусам (м.)
сусамовиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува или е направен од сусам.
Англиски: sesame Албански: susami
Примери:
Сусамово масло.

сусерка повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Лековита билка.
Латински: Marrubium peregrinum Англиски: Horehound Албански: bimë mjekuese
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш