Ботаника - категорија

магдонос повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Градинарско растение со специфичен мирис што се користи како зачин при готвење.
Латински: Petroselinum sativum Англиски: parsley Турски: maydanoz Албански: majdanoz

магнолија повеќе

мн. магнолии
Вид збор: Именка, женски род
Украсно дрво или грмушка со големи цветови слични на роза.
Латински: Magnolia Англиски: magnolia Албански: manjolia

мајоран повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Средоземна билка што се користи како мирудија.
Латински: Origanum majorana Англиски: marjoram

мак повеќе

мн. макови
Вид збор: Именка, машки род
афион
Англиски: poppy Албански: afion, lulekuqe

маков повеќе

маковиот
Вид збор: Придавка
Што потекнува од мак или се однесува на мак.
Албански: afioni

малина повеќе

мн. малини
Вид збор: Именка, женски род
Растение во вид на грмушка со црвени сочни плодови.
Латински: Rubus idaeus Англиски: raspberry Албански: mjedhër

мана повеќе

мн. мани
Вид збор: Именка, женски род
Габично заболување кај растенијата, обично кај виновата лоза, што настапува по дожд.
Албански: sëmundje te bimët

манго повеќе

мн. манга
Вид збор: Именка, среден род
Тропско овошно дрво со бујно разгрането стебло, со крупни плодови во светложолта боја;
Латински: Mangifera indica Англиски: mango Албански: mango

мандарина повеќе

мн. мандарини
Вид збор: Именка, женски род
Дрво што расте во јужните краишта, слично на портокал, но со помали плодови со сладок вкус и убав мирис.
Латински: Citrus nobilis Англиски: tangerine Албански: mandarinë, mandalinë

мандрагора повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Отровна билка чиј корен наликува на човек поради што и се припишуваат волшебни својства.
Латински: Mandragora officinarum Англиски: Mandrake Албански: madërgonë

маракуја повеќе

(едн.) маракујата
Вид збор: Именка, женски род
Плод на амазонското цвеќе на страста.
Латински: Passiflora edulis Англиски: maracuja, passion fruit Албански: marakuja

мараска повеќе

мн. мараски
Вид збор: Именка, женски род
Вид приморска вишна.
Латински: Prunus marasca Англиски: sour cherry Албански: vishnje

маргаритка повеќе

мн. маргаритки
Вид збор: Именка, женски род
Украсно растение што се одгледува во домашни услови и по парковите, но расте и диво со едноставни бели покрупни или поситни цветови; бела рада.
Латински: Leucanthemum Англиски: oxeye daisy Албански: lule shëngjergji

марула повеќе

мн. марули
Вид збор: Именка, женски род
Градинарско растение со зелена боја што се користи за салата.
Латински: Lactuca sativa Англиски: lettuce Турски: marul Албански: marule

масларка повеќе

мн. масларки
Вид збор: Именка, женски род
јадлива печурка

маслинка повеќе

мн. маслинки
Вид збор: Именка, женски род
Повеќегодишно зимзелено суптропско дрво со ситни плодови со семка кои се користат за јадење и за производство на масло.
Латински: Olea europaea Англиски: olive tree Албански: dru ulliri

маслинов повеќе

маслиновиот
Вид збор: Придавка
Што потекнува од маслинка, што се прави од маслинка.
Англиски: olive Албански: ulliri

матерка повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Лековито растение со виолетови цветови што се користи за чај, мајчина душица.
Латински: Thymus serpyllum Англиски: thyme Албански: lloj lule, trumzë

матичина повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Лековито тревно растение со бели или светловиолетови цветови со мирис на лимон, лимониче.
Латински: Меliѕѕа officinalis Англиски: balm Албански: balsam
Лековито тревно растение со беложолтеникави или темнорозови цветови во вид на уста.
Латински: Melittis melissophyllum Англиски: Bastard Balm Албански: balsam bastard

маточина повеќе

Види и: матичина (ж.)
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
матичина
Албански: balsam

махагон повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Црвенкастокафеаво тропско дрво од кое се изработува мебел.
Латински: Meliaceae Англиски: mahagony Албански: mahagon

мачетрева повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
валеријана
Англиски: valerian

меденика повеќе

мн. меденики
Вид збор: Именка, женски род
вид печурка
Латински: Armillaria ostoyae Англиски: honey mushroom Албански: lloj këpurdhe, mjaltore

медлика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Слатка материја што ја исфрлаат лисните вошки и други растителни паразити, остаток од растителните сокови со кои се хранат овие инсекти, се таложи во вид на капки најчесто на лисјата; медена роса.
Англиски: honeydew Албански: nektar

медуника повеќе

Вид збор: Именка, женски род
зимзелена лековита билка
Латински: Pulmonaria officinalis Англиски: lungwort

мездра повеќе

мн. мездри
Вид збор: Именка, женски род
Обвивка на семки на плод (кај калинка, тиква).
Албански: lëvozhgë

менѓуша повеќе

мн. менѓуши
Вид збор: Именка, женски род
Декоративно растение со цветови што потсетуваат на менѓуша, лити или четворни, чашката и венчето се во различни бои, а прашниците се подолги и излегуваат надвор од цветот.
Латински: Fuchsia hybrida Англиски: fuchsia Албански: lule vëthi

мента повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Лековито растение со cитни цветчиња и пријатен мирис.
Латински: Mentha Англиски: Mint Албански: mentë

месечарка повеќе

мн. месечарки
Вид збор: Именка, женски род
Вид ружа.
Латински: Rosa bengalensis Албански: lloj trendafile
Растение што цвета или што дава плод секој месец.
Албански: lloj bime që lep fruta çdo muaj

метла повеќе

мн. метли
Вид збор: Именка, женски род
Полско растение од кое се прави тој предмет.
Латински: Sorghum vulgare Англиски: sorghum Албански: melekuqe

Мечкино грозје повеќе

Вид збор: Сложенка
Вид боровинка со црвени зрна.
Латински: Vaccinium vitis idaea Англиски: lingonberry
Вид билка чии црвени плодови се користат за чаеви со лековито дејство.
Латински: Arctostaphylos uva-ursi Англиски: uva ursi

мешунка повеќе

мн. мешунки
Вид збор: Именка, женски род
Плод од пеперугоцветните растенија, обвивка, чушка, кожурец во која се сместени зрна.
Англиски: husk Албански: bishtajl, lëvozhgë
Растенија што се користат во исхраната чиј плод е како мешунка.
Англиски: legume Албански: bimë bishtajore

мешункаст повеќе

мешункастиот
Вид збор: Придавка
Што се однеcува на растенија чиј плод е во форма на мешунка.
Албански: bishtajore

мигдал повеќе

мн. мигдали
Вид збор: Именка, машки род
бадем
Англиски: almond Албански: bajame

микологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
наука за габите
Англиски: mycology

мимоза повеќе

мн. мимози
Вид збор: Именка, женски род
Вид тропско или суптропско растение со ситни топчести жолти цветови.
Латински: Mimosa pudica Англиски: mimosa Албански: mimozë

мирта повеќе

мн. мирти
Вид збор: Именка, женски род
Вид зимзелено растение со cитни, бели, мирисливи цветови.
Латински: Myrtos communis Англиски: myrtle Албански: myrtë, mersinë

миск повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
итер
Латински: Pelargonium odoratissimum Англиски: geranium Албански: barbarozë

мицелиум повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Вегетативно тело кај габите што се состои од многу тенки испреплетени нишки.
Латински: mycelium Англиски: mycelium Албански: miceli

млеко повеќе

мн. млека
Вид збор: Именка, среден род
Растителен сок сличен на млеко.
Англиски: sap Албански: qumësht

млеч повеќе

(едн.) млечот
Вид збор: Именка, машки род
Тревно растение што содржи млечен сок.
Латински: Euphorbia Англиски: spurge Албански: qumështorja

млечарка повеќе

мн. млечарки
Вид збор: Именка, женски род
Вид печурка.
Латински: Lactarius Англиски: milk-cap Албански: këpurdhë qumështore

млечка повеќе

мн. млечки
Вид збор: Именка, женски род
Група растенија со млечен сок во стеблото и листовите.
Латински: Euphorbiaceae Англиски: spurge Албански: qumështore
Многу распространета билка со жолт цвет и тенко стебло во кое има млечен сок.
Латински: Euphorbia Англиски: spurge Албански: luledhëmbi
глуварче
Латински: Taraxacum officinale Англиски: dandelion Албански: luleradhiqe

мов повеќе

(едн.) мовот
Вид збор: Именка, машки род
Растение што расте по стеблата на дрвјата, по влажни камења со зелена боја.
Латински: Bryophyta Англиски: moss Албански: myshk

мовлив повеќе

мовливиот
Вид збор: Придавка
Што има мов.
Англиски: moosy Албански: myshku

Модра китка повеќе

Види и: китка (ж.)
Вид збор: Сложенка
Паразитно растение што ги напаѓа другите растенија.
Латински: Orobanche ramosa Англиски: Hemp broomrape

модрика повеќе

мн. модрики
Вид збор: Именка, женски род
Плевел што расте по житата со виолетово-модра боја на цветот, чест мотив на народните везови.
Латински: Centaurea cygnus Англиски: Purple cornflower Албански: lloj baroje me ngjyrë violete
Лековита билка, плевел што расте покрај патишта, на запустени места со цврсто стебло и воочливи модри цветови, честа и во градcка средина.
Латински: Cichorium intybus Англиски: Common chicory Албански: çikore e zakonshme

молика повеќе

мн. молики
Вид збор: Именка, женски род
Ендемично иглолисно дрво, вид бор што расте во Македонија (на планината Пелистер), Косово, Црна Гора и Албанија.
Латински: Pinus peuce Англиски: Macedonian Pine Албански: pishë

момина солза повеќе

Вид збор: Сложенка
Пролетно цвеќе со бел цут.
Латински: Convallaria majalis Англиски: Lily of the Valley

монокотиледони повеќе

Вид збор: Именка, множина
Растенија со едно ливче во никулецот.

Мораво рокче повеќе

Вид збор: Сложенка
Ситна отровна габа кај некои житни растенија од која зрната стануваат морави.
Латински: Сlaviceps purpurea Англиски: ergot

морач повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Лековита, ароматична, зачинска, медоносна, хранлива и индустриска билка, висока од еден до два метра со пријатен мирис и вкус.
Латински: Foeniculum vulgare Англиски: fennel Албански: kopër

морков повеќе

мн. моркови
Вид збор: Именка, машки род
Двегодишна градинарско растение и неговиот портокалов корен кој се користи за храна.
Латински: Daucus carota hortensis Англиски: carrot Албански: karrotë

мразовец повеќе

мн. мразовци
Вид збор: Именка, машки род
Лековита билка слична на качунка што цвета на есен, во време на цветењето нема развиени листови.
Латински: colchicum autumnale Англиски: crocus Албански: lloj bime shëruese

мумуруз повеќе

мн. мумурузи
Вид збор: Именка, машки род
пченка, царевка
Англиски: corn Албански: misër

мура повеќе

мн. мури
Вид збор: Именка, женски род
Бела елка.
Латински: Pinus peuce Англиски: Macedonian Pine Албански: bredh i bardhë, pishë

муренка повеќе

мн. муренки
Вид збор: Именка, женски род
Дудинка, бела црница, плод и дрво.
Латински: Morus Англиски: mulberry Албански: man

мускат повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Вид мирисно грозје.
Латински: Muscat Англиски: grape Албански: lloj rrushi, muskat

мушмула повеќе

мн. мушмули
Вид збор: Именка, женски род
Овошно дрво со ниско стебло или поголема грмушка со мали тркалезни плодови со многу семки што се јадат откако ќе омекнат.
Латински: Mespilus germanica Англиски: medlar Турски: muşmula Албански: mushmollë
Плодот од тоа дрво.
Англиски: medlar Албански: mushmollë
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш