Ботаника - категорија

кабак повеќе

мн. кабаци
Вид збор: Именка, машки род
тиква
Англиски: pumpkin Турски: kabak Албански: kungull

каварџик повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Вид пиперки долги и тенки, по боја светлозелени.
Англиски: paprika Турски: kıvırcık Албански: lloj speci

када повеќе

мн. кади
Вид збор: Именка, женски род
(едн.) жалфија
Англиски: sage Албански: sherbelë

каданка повеќе

мн. каданки
Вид збор: Именка, женски род
црвен плод од пченка
Англиски: red corn Албански: kollomboq i kuq

кадифка повеќе

мн. кадифки
Вид збор: Именка, женски род
Вид растение со кадифести цветови.
Латински: Tagetes erecta Англиски: Mexican marigold Албански: xhanxhule

кајкушка повеќе

мн. кајкушки
Вид збор: Именка, женски род
Вид ситна круша.
Англиски: pear Албански: dardhë e imë

кајсија повеќе

мн. кајсии
Вид збор: Именка, женски род
Дрво, овошка со жолто-црвен плод и голема семка во средината.
Латински: Prunus armeniaca Англиски: apricot Турски: kayısı Албански: kajsi

какалашка повеќе

мн. какалашки
Вид збор: Именка, женски род
Мешунка од мак.
Албански: bishtajë

какао повеќе

мн. какаа
Вид збор: Именка, среден род
Дрво што расте во тропските предели, чии семки се употребуваат за производство на чоколадо.
Латински: Theobroma cacao Англиски: cocoa Албански: kakao

какол повеќе

(едн.) каколот
Вид збор: Именка, машки род
Растение со сино-црвеникави цветови и отровно семе што расте по ливади и ниви.
Латински: Agrostemma githago Англиски: corn cockle Српски: кукољ Албански: egjër, kipçë

кактус повеќе

мн. кактуси
Вид збор: Именка, машки род
Многугодишно пустинско растение (кај нас се одгледува како собно цвеќе), со дебело и сочно стебло, обрастено со боцка наместо лисје.
Англиски: cactus Албански: kaktus

кала повеќе

мн. кали
Вид збор: Именка, женски род
Украсно собно растение со бели цветови во вид на инка.
Латински: Calla aethiopica Англиски: Calla lily Албански: kalla, lloj lule

калем повеќе

мн. калеми
Вид збор: Именка, машки род
Косо пресечено гранче, од сортно растение (овошка, винова лоза, ружа) што се става под кората на друго растение од иста или сродна сорта за да се добие сортно растение.
Англиски: graft Албански: shartesë, shartim
Калемено растение или дрво.
Албански: shartesë

калеми повеќе

калемат
Вид збор: Глагол, несвршен
Става, вметнува калем.
Англиски: graft

калерка повеќе

мн. калерки
Вид збор: Именка, женски род
Вид слива.
Англиски: plum Албански: lloj kumbulle

калина повеќе

мн. калини
Вид збор: Именка, женски род
калинка
Англиски: pomegranate Албански: shegë
Висока цветна грмушка cо тесни листови на кратки дршки, елиптични, cо ситни бели мирисни цветови собрани во соцветие; плодот е округла, црна и сјајна бобинка; бисер, зеленика, жива ограда.
Латински: Ligustrum vulgare Англиски: privet Албански: voshtër

калинка повеќе

мн. калинки
Вид збор: Именка, женски род
Овошно дрво со ниско стебло и големи тркалезни плодови со дебела црвено-зеленикава кора во чијашто внатрешност има голем број cитни, црвени и сочни зрнца.
Латински: Punica granatum Англиски: pomegranate Албански: shegë

калофер повеќе

мн. калофери
Вид збор: Именка, машки род
Мирисливо, украсно растение што се употребува во медицината и како зачин.
Латински: Balsamita vulgaris Англиски: Costmary Албански: lloj bime balsami

калуѓерка повеќе

мн. калуѓерки
Вид збор: Именка, женски род
водна перуника
Латински: Iris pseudacorus Англиски: iris Албански: luleshpatë uji, iris

камелија повеќе

мн. камелии
Вид збор: Именка, женски род
Украсно растение, грмушка со големи бели, црвени или розови мирисливи цветови.
Латински: Camellia japonica Англиски: Japanese camellia Албански: kamelie, trandofile japoneze

камилица повеќе

Вид збор: Именка, женски род
боливач, вртипоп
Латински: Matricaria chamomilla Англиски: camomile Албански: kamomilë

камфор повеќе

(едн.) камфорот
Вид збор: Именка, машки род
Бела кристална материја со силен мирис што се добива од камфорово дрво и се употребува во медицината и во хемијата.
Англиски: camphor Албански: kamfur

кана повеќе

мн. кани
Вид збор: Именка, женски род
Bид тропско украсно растение.
Латински: Canna indica Англиски: Indian shot Албански: lule këne

канабис повеќе

(едн.) канабисот
Вид збор: Именка, машки род
Индиски коноп што се користи како опојна дрога.
Латински: Cannabis indica Англиски: cannabis

канарија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
кантарион
Латински: Hypericum perforatum Англиски: St John's wort Албански: kantarion

кандилка повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Вид украсно растение со шарени листови.
Латински: Aquilegia vulgaris Англиски: black barlow Албански: lule kandili

кантарион повеќе

(едн.) кантарионот
Вид збор: Именка, машки род
Повеќегодишно лековито растение, засеклива трева.
Латински: hypericum perforatum Англиски: St John's wort Албански: kantarion

кантарка повеќе

мн. кантарки
Вид збор: Именка, женски род
Вид круша со крупен плод.
Англиски: pear Албански: dardhë e madhe

кањерка повеќе

мн. кањерки
Вид збор: Именка, женски род
Вид модри cливи.
Англиски: plum Албански: lloj kumbulle

капина повеќе

мн. капини
Вид збор: Именка, женски род
Грмушка со долги трнливи гранки во вид на ластари, со срцести, назабени листови, со мали бели или розови цветови и cитни, тркалезни и сочни зрнести плодови со сјајна црна боја.
Латински: Rubus fructicosus Англиски: blackberry Албански: manaferrë

капинка повеќе

Види и: капина (ж.)
мн. капинки
Вид збор: Именка, женски род
капина
Англиски: blackberry Албански: manaferrë
Примери:
Ги изедоа сите капинки во чинијата.

капинов повеќе

Види и: капина (ж.)
капиновиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на капина, што е од капина или од капинки.
Англиски: blackberry Албански: manaferre

капињак повеќе

мн. капињаци
Вид збор: Именка, машки род
Место каде што има многу капини.

капица повеќе

мн. капици
Вид збор: Именка, женски род
Обвивката со која е обвиен плодот, семето кај некои растенија.
Албански: lëvozhgë

карадутка повеќе

мн. карадутки
Вид збор: Именка, женски род
вид црница, дудинка
Латински: Morus nigra Англиски: black mulberry Турски: karadut

караманка повеќе

мн. караманки
Вид збор: Именка, женски род
Вид круша што кај нас е пренесена од Турција.
Англиски: pear Албански: lojj dardhe, karamane

каранфил повеќе

мн. каранфили
Вид збор: Именка, машки род
Диво или градинарско цвеќе со мирисливи, тркалезни цветови со многу цветни ливчиња во различни бои.
Латински: Dianthus caryophyllus Англиски: carnation Турски: karanfil Албански: karafil

каранфилче повеќе

мн. каранфилчиња
Вид збор: Именка, среден род
каранфил
Англиски: carnation Албански: karafile
Суптропско дрво чии мирисливи, исушени цветни пупки се употребуваат како зачин; исушени цветни пупки од тоа дрво.
Латински: Caryophillus aromaticus Англиски: clove Албански: karafil

карпуз повеќе

мн. карпузи
Вид збор: Именка, машки род
лубеница
Англиски: melon Турски: karpuz Албански: shalqi

картоп повеќе

мн. картопи
Вид збор: Именка, машки род
Bид украсно дрво, со бели цветови во форма на снежни топки, чија кора се употребува како лек.
Латински: Viburnum opulus Англиски: Guelder Rose Турски: kartopu Албански: shegë e bardhë

карфиол повеќе

(едн.) карфиолот
Вид збор: Именка, машки род
Bид зелка, чиј дебел, бел цвет се користи како зеленчук.
Латински: Вrаѕѕiса oleracea botrytis cauliflora Англиски: cauliflower Албански: lulelakër

кастреж повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Кастрење, поткастрување на гранки.
Англиски: pruning Албански: krasitje
Поткастрено дрво.
Албански: dru i krasitur

кастреник повеќе

мн. кастреници
Вид збор: Именка, машки род
Дрво со поткастрени гранки.
Албански: dru i krasitur

каструшка повеќе

Види и: кастреник (м.)
мн. каструшки
Вид збор: Именка, женски род
кастреник
Албански: dru i krasitur

каучук повеќе

(едн.) каучукот
Вид збор: Именка, машки род
Еластична материја, добиена од млечен сок на различни тропски дрва, што служи како главен продукт за изработка на гума.
Англиски: India rubber Албански: kauçuk

кафе повеќе

мн. кафиња
Вид збор: Именка, среден род
(само едн.) Растение во вид на грмушка што дава зрнест плод.
Латински: Coffea Англиски: coffee Турски: kahve Албански: kafe

качунка повеќе

мн. качунки
Вид збор: Именка, женски род
Рано пролетно цвеќе, весник на пролетта, речиси приземни бели, жолти или сино-виолетови цветови во вид на ѕвонче.
Латински: Crocus neapolitanus Англиски: crocus Албански: luleborë

квечерка повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Вид трева што навечер, во квечерина шири опоен мирис.
Албански: lule nate

кедар повеќе

мн. кедри
Вид збор: Именка, машки род
Вид иглолисно дрво.
Латински: Cedrus Англиски: cedar Албански: kitër, kedri

кедров повеќе

кедровиот
Вид збор: Придавка
Што е од кедар.

келераба повеќе

мн. келераби
Вид збор: Именка, женски род
Двогодишно растение што се употребува како зеленчук во исхраната, вид зелкова култура.
Латински: Brassica oleracea gongylodes Англиски: turnip cabbage Германски: Kohlrabi Албански: rrepë, panxhar

кељ повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Двогодишно растение што cе употребува како зеленчук во исхраната, вид зелкова култура.
Латински: brassica oleracea Англиски: wild cabbage Албански: lakër jeshile

киви повеќе

мн. кивија
Вид збор: Именка, среден род
актинидија
Англиски: kiwi Албански: kivi

кикиритка повеќе

мн. кикиритки
Вид збор: Именка, женски род
Едногодишно, ниско растение, чии мешункасти плодови cо семки, богати со масло, растат под земја; плодот и семките на тоа растение.
Латински: Arachis hypogaea Англиски: peanut Турски: kikirik Албански: kikirik

ким повеќе

(едн.) кимот
Вид збор: Именка, машки род
Двогодишно, тревно, средоземно растение со бели или розови цветови што расте по ливади; плодовите се користат како зачин и во медицината.
Латински: Carum carvi Англиски: caraway, cumin Албански: qimjon, qimnon

киноа повеќе

(едн.) киноата
Вид збор: Именка, женски род
Растение од Андите со зрнест плод што се користи за јадење.
Латински: Chenopodium Англиски: quinoa

кипарис повеќе

мн. кипариси
Вид збор: Именка, машки род
Зимзелено дрво, што расте во јужните, топли краишта.
Латински: Cupressus sempervirens Англиски: cypress Албански: selvi, qiparis

киселачка повеќе

мн. киселачки
Вид збор: Именка, женски род
Bид диво, кисело јаболко.
Англиски: apple Албански: mollë e tharbët

киселец повеќе

мн. киселци
Вид збор: Именка, машки род
Тревно растение, cо долги листови и кисел вкус, што може да се користи во исхраната.
Латински: Rumex acetosa Англиски: Sorrel Албански: uthullishtë, lëpjetë

киселица повеќе

мн. киселици
Вид збор: Именка, женски род
Диво, кисело јаболко.
Англиски: apple Албански: mollë e tharbët
киселец
Англиски: Sorrel Албански: lëpjetë

китка повеќе

мн. китки
Вид збор: Именка, женски род
цвет
Англиски: flower Албански: lule

китнест повеќе

китнестиот
Вид збор: Придавка
Што има густи гранки и многу лисја.
Албански: me shumë degë

клавче повеќе

Види и: клас (м.)
мн. клавчиња
Вид збор: Именка, среден род
клаc
Англиски: cob Албански: kalliçkë

клас повеќе

мн. класови
Вид збор: Именка, машки род
Најгорниот дел од житни растенија каде што се образува семето; целиот страк заедно со тој дел.
Англиски: glean Албански: kalli
Кочан од пченка со зрната.
Англиски: cob Албански: kalli

класатка повеќе

мн. класатки
Вид збор: Именка, женски род
Стеблото на пченица со класот.
Албански: trung gruri
Вид трева, едногодишно растение cо виcоко тенко стебло, со повеќе класчиња на едно стебленце распоредени во форма на метличка.
Латински: Bromus commutatus Англиски: Meadow Brome Албански: lule kaliri

класест повеќе

Види и: клас (м.)
класестиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на клаc, што е со клас, што е прекриен со клас.
Албански: kalliri

класи повеќе

класат
Вид збор: Глагол, несвршен
Развива, создава клас.

класинка повеќе

мн. класинки
Вид збор: Именка, женски род
Изронет пченкарен клас.
Англиски: cob Албански: koçan, kërcyell

клен повеќе

мн. кленови
Вид збор: Именка, машки род
Bид виcоко, широколисно дрво од родот јавори.
Латински: Асеr campestre Англиски: maple Албански: panjë

кленов повеќе

Види и: клен (м.)
кленовиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на клен.
Албански: panje

клови повеќе

кловат
Вид збор: Глагол, несвршен
Пушта ртулци, рти.
Англиски: germinate

кломбе повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Вид крупен бел грав.
Англиски: bean Албански: lloj bathe, groshe, fasule

ковил повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Растение со долги и меки иглички на класјето.
Латински: Stipa pennata Англиски: feather grass Албански: lloj bari fushe

кожа повеќе

мн. кожи
Вид збор: Именка, женски род
Надворешна обвивка на некои плодови.
Англиски: peel Албански: lëvore, lëkurë

кожичка повеќе

мн. кожички
Вид збор: Именка, среден род
кожа, кора
Англиски: skin Албански: lëkurë, kore

козирог повеќе

мн. козирози
Вид збор: Именка, машки род
рогачка
Латински: Ceratonia siliqua Англиски: St John's-bread

кока повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Јужноамериканска тропска грмушка чии листови содржат кокаин.
Латински: Erythroxylon coca Англиски: coca Албански: koka

кокиче повеќе

мн. кокичиња
Вид збор: Именка, среден род
Првото пролетно цвеќе, со бели цветови во вид на ѕвонче.
Латински: Galanthus nivalis Англиски: snowdrop Албански: lulebore

кокос повеќе

мн. кокоси
Вид збор: Именка, машки род
Висока тропска палма, со крупен плод во вид на голем орев cо цврста, влакнеста кора, одвнатре со бела и тврда маса, исполнет со белузлава течност.
Латински: Cocos nucifera Англиски: coco Албански: kokos

кокосов повеќе

кокосови
Вид збор: Придавка
Што се однесува на кокос, што се добива од кокос.
Англиски: coco Албански: kokosi

кола повеќе

мн. коли
Вид збор: Именка, женски род
(обично во едн.) Род од дрвјата кола, по потекло од тропска западна Африка, со плод што содржи кофеин и други состојки.
Латински: соlа Албански: kola bimë

коленик повеќе

мн. коленици
Вид збор: Именка, машки род
Полско тревно растение со непријатна миризба.
Латински: Bifora radians Англиски: wild bishop Албански: lloj lule me erë të keqe

колено повеќе

мн. колена
Вид збор: Именка, среден род
Здебелениот дел на стебленцата на билките од каде што излегуваат листовите.
Албански: gungë

комоника повеќе

мн. комоники
Вид збор: Именка, женски род
Лековита ароматична билка со жолти цветови и плод во форма на исечен нокт, ноктец, орлови нокти.
Латински: Melilotus officinalis Англиски: yellow melilot Албански: tërfil i ëmbël

компир повеќе

мн. компири
Вид збор: Именка, машки род
Едногодишно градинарско растение што образува плодови во земјата во форма на грутки, богати со скроб.
Латински: Ѕоlanum teborosum Англиски: potato Албански: patate
Подземен орган на растение, најчесто украсно што личи на компир, што има форма на компир.
Англиски: bulb Албански: zhardhok

компириште повеќе

мн. компиришта
Вид збор: Именка, среден род
компир
Англиски: potato Албански: patate

коноп повеќе

Види и: канап (м.)
конопот
Вид збор: Именка, машки род
Индустриска култура од чиишто стебла се добиваат влакна за изработување јажиња, грубо платно, а од семето се добива масло.
Латински: cannabis sativa Англиски: hemp Турски: kınnap Албански: kanp

коњска опашка повеќе

(едн.)
Вид збор: Сложенка
Растение со лековити својства против туберкулоза, крварење и бубрежни проблеми.
Латински: Equisetum arvense Англиски: horsetail

копар повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Едногодишно растение cо мали ливчиња и жолти цветчиња што cе употребува како мирудија, во медицината и во козметиката.
Латински: Anethum graveolens Англиски: dill Албански: kopër

копидан повеќе

Види и: копиден (м.)
мн. копидани
Вид збор: Именка, машки род
копиден
Албански: vjollcë

копиден повеќе

мн. копидени
Вид збор: Именка, машки род
Планинско цвеќе со листови во форма на копито, со темно модри цветови, цвета во април и мај, љубичица.
Латински: Asarium europeum Англиски: Haselwort Албански: vjollcë

коприва повеќе

мн. коприви
Вид збор: Именка, женски род
Тревесто растение со ресички по лисјата и стеблото што ја дразнат кожата при допир.
Латински: Urtica dioica Англиски: stinging nettle Албански: hith, hithër

копривен повеќе

копривниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на коприва.
Англиски: nettle Албански: hithi

копривка повеќе

мн. копривки
Вид збор: Именка, женски род
Декоративно растение cо листови што личат на оние од копривата cо тоа што cе многу пошарени и не журкаат.
Латински: Coleus hybridus Англиски: Coleus Албански: lulehithi

кора повеќе

мн. кори
Вид збор: Именка, женски род
Надворешна обвивка на дрво што ја штити беловината.
Англиски: bark Албански: kore, lëvore
Надворешна обвивка на плод.
Англиски: peel Албански: lëvore, lëvozhgë

коравица повеќе

мн. коравици
Вид збор: Именка, женски род
Вид диња со дебела кора.
Англиски: melon Албански: lloj pjepëri

корен повеќе

мн. корени
Вид збор: Именка, машки род
Подземниот дел на растението со чија помош стои прицврстено и извлекува хранливи материи и вода, неопходни за него.
Англиски: root Албански: rrënjë
За цвеќе, зеленчук и дрво - именување на целото растение како единица.
Англиски: stem Албански: trung

коренест повеќе

коренестиот
Вид збор: Придавка
Што има развиен корен.
Албански: rrënjorë, rrënje

коренов повеќе

кореновиот
Вид збор: Придавка
Што припаѓа на корен, што се однесува на корен.
Албански: rrënje, rrënjorë

кореновка повеќе

мн. кореновки
Вид збор: Именка, женски род
Печурка што вирее во листопадни шуми, поврзана со корењата на дрвјата.
Латински: Oudemansiella radicata Англиски: rooting shank

кореноплод повеќе

мн. кореноплоди
Вид збор: Именка, машки род
Коренест зеленчук, чијшто корен се јаде.
Англиски: root tuber Албански: zharzhok rrënje

кореноплоден повеќе

кореноплодниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на кореноплод.
Албански: zharzhoku

корија повеќе

мн. кории
Вид збор: Именка, женски род
Шума со високи дрвја, гора.
Англиски: forest Албански: kori, pyll

коријандер повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Едногодишна ароматична билка со тркалезни плодови во вид на зрнца, се користи како зачин.
Латински: Coriandrum sativum L Англиски: coriander Албански: koriandër

коров повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
троскот, плевел, пиреј
Српски: коров

корона повеќе

мн. корони
Вид збор: Именка, женски род
Горните ливчиња што го обликуваат цветот.
Англиски: petal Албански: petal, fletë

коруба повеќе

мн. коруби
Вид збор: Именка, женски род
кора на плод
Англиски: skin Албански: lëvozhgë

коса повеќе

мн. коси
Вид збор: Именка, женски род
Што личи на коса; реските на врвот на кочанот од пченка.
Албански: flokët
Вид плевел со долги жолти нишки што личат на коса.
Латински: Cuscuta epithymum Англиски: Hellweed Албански: trumzë mëndafshi

косилен повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Лековита трева во вид на мала елкичка, коњско опавче, раставиче.
Латински: Equisetum hiemale Англиски: rough horsetail Албански: lule bishtkali

коска повеќе

мн. коски
Вид збор: Именка, женски род
Внатрешниот дел од некои плодови, кој е многу тврд и ја содржи семката.
Англиски: stone Албански: koc, bërthamë

костен повеќе

мн. костени
Вид збор: Именка, машки род
Дрво од фамилијата буки со широка разгранета крошна.
Латински: castanea Англиски: chestnut Албански: gështenjë

костенлив повеќе

костенливиот
Вид збор: Придавка
Што има боја на костен.
Англиски: chestnut Албански: ngjyrë gështenje

костенов повеќе

костеновиот
Вид збор: Придавка
Што припаѓа на костен, што е од костен.
Англиски: chestnut Албански: gështenje

котиледон повеќе

мн. котиледони
Вид збор: Именка, машки род
Никулец од кој рти растението.
Англиски: cotyledon Албански: kotiledon

кочан повеќе

мн. кочани
Вид збор: Именка, машки род
Плод од пченка сосе зрната или без нив.
Англиски: cob Турски: koçan Албански: kërcyell, koçan
стебло на зелка
Англиски: stem Турски: koçan Албански: kërcyell
Повеќегодишна билка која се одгледува поради коренот во форма на слатки кртоли, се користи најчесто во свежа состојба или во жива туршија; репка, земни јаболка.
Латински: Helianthus tuberosus Англиски: Jerusalem artichoke Турски: koçan Албански: angjinare, mollë toke

кочанка повеќе

мн. кочанки
Вид збор: Именка, женски род
Кочан од пченка без зрната, остаток од изронет плод од пченка.
Англиски: cob Албански: kalli

коштан повеќе

Види и: костен (м.)
мн. коштани
Вид збор: Именка, машки род
костен
Англиски: chestnut Албански: gështenjë

коштрава повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Трева што расте како плевел cо груби листови
Латински: Setaria verticillata Англиски: Bristly foxtail Албански: lloj bari, bishtdhelpëra

кошулка повеќе

мн. кошулки
Вид збор: Именка, женски род
Обвивка околу зрно, јадро кај растенијата.
Англиски: husk Албански: lëvore

краварига повеќе

мн. кравариги
Вид збор: Именка, женски род
Вид трупка.
Англиски: radish Албански: rrepkë

кралчиче повеќе

мн. кралчичиња
Вид збор: Именка, среден род
Бел багрем.
Латински: Robinia Pseudoacacia Англиски: Black Locust Албански: bagrem i bardhë

краставица повеќе

мн. краставици
Вид збор: Именка, женски род
Градинарско едногодишно растение cо зелени долги месести плодови.
Латински: Cucumis sativus Англиски: cucumber Албански: kastravec, trangull

краставичка повеќе

мн. краставички
Вид збор: Именка, среден род
краставица
Англиски: cucumber Албански: kastravec, trangull

крбулица повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Растение што се користи како мирудија.
Латински: Anthriscus cerefolium Англиски: chervil

крин повеќе

мн. кринови
Вид збор: Именка, машки род
Декоративно растение со многу мирисливи цветови.
Латински: Lilium candidium Англиски: lily Албански: zambak

кринов повеќе

Види и: крин (м.)
криновиот
Вид збор: Придавка
Што му припаѓа на крин.
Албански: zambaku

кркушка повеќе

мн. кркушки
Вид збор: Именка, женски род
вид репка
Латински: Helianthus tuberosus Англиски: topinambour Албански: lloj angjinarë

крмез повеќе

мн. крмези
Вид збор: Именка, машки род
Отровна билка со пурпурни гроздести плодови што се смета за коров.
Латински: Phytolacca americana Англиски: pokeweed

кромид повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Едногодишно градинарско растение со подземно стебло, главица што cе користи во исхраната на човекот.
Латински: Allium cepa Англиски: onion Албански: qepë

кромидов повеќе

Види и: кромид (м.)
кромидовиот
Вид збор: Придавка
Што е од кромид; што е како кромид.
Албански: qepe
Што е од кромид, што се однесува на кромид.
Албански: qepe

кромидушка повеќе

мн. кромидушки
Вид збор: Именка, женски род
Главица кромид; подземното стебло на кромидот.

крошна повеќе

мн. крошни
Вид збор: Именка, женски род
Горниот дел од дрво што го прават гранките.
Англиски: tree-top Албански: tepelek peme

кртола повеќе

мн. кртоли
Вид збор: Именка, женски род
Задебелен корен во кој се складираат хранливи материи.
Англиски: tuber Албански: zhardhok

кртул повеќе

(едн.) кртулот
Вид збор: Именка, машки род
Планинска трева.
Латински: nardus stricta Англиски: matgrass Албански: bar mali

круна повеќе

мн. круни
Вид збор: Именка, женски род
Горните гранки на дрвото.
Англиски: tree-top Албански: kurorë peme
Дел од цветот со одвоени или сраснати цветни ливчиња.
Англиски: ring Албански: kurorë lule

круша повеќе

мн. круши
Вид збор: Именка, женски род
Листопадно овошно растение со вкусни плодови малку конусно издолжени.
Латински: Pyrus Англиски: pear Албански: dardhë

крушка повеќе

мн. крушки
Вид збор: Именка, женски род
круша
Англиски: pear Албански: dardhë
круша
Англиски: pear Албански: dardhë

крушов повеќе

крушовиот
Вид збор: Придавка
Што е од круша; што припаѓа на круша.
Албански: dardhe

Кукавичино грозје повеќе

Вид збор: Сложенка
Вид пролетно, ливадско цвеќе со цветчиња слични на зрната на грозјето.
Латински: Muscari botryoides Англиски: Grape Hyacinth

кукурек повеќе

мн. кукуреци
Вид збор: Именка, машки род
Многугодишно растение со длановидни и расечени лисја до основата, cо крупни светлозелени цветови, весник на пролетта.
Латински: Helleborus оdorus Англиски: Christmas rose Албански: shpendër

кумарина повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Лековита билка.
Латински: Melilotus officinalis Англиски: yellow melilot Албански: makth

кумин повеќе

(едн.) куминот
Вид збор: Именка, машки род
Растение чие семе се користи како зачин.
Латински: Apiaceae Англиски: cumin Албански: qimnon
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш