Ботаника - категорија

заврз повеќе

мн. заврзи
Вид збор: Именка, машки род
Млад плод на растение, незрели тукушто оформен.
Албански: njomëz

задоволно повеќе

Вид збор: Прилог
Со израз на задоволство.
Англиски: contentedly Албански: knaqësi

зажили повеќе

Види и: жили (несв.)
зажилат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да жили.
Англиски: root Албански: ze rrënjë, rrënjos

зазрее повеќе

Види и: зрее (несв.)
зазреат
Вид збор: Глагол, свршен
За плод - почне да зрее.
Англиски: ripen Албански: piqet, bëhet

зајачица повеќе

мн. зајачици
Вид збор: Именка, женски род
Женка на зајак.
Англиски: rabbit Албански: lepuroshe

зајачковина повеќе

мн. зајачковини
Вид збор: Именка, женски род
Вид растение со исшарани листови со пурпурно-црни дамки, светлоцрвени цветови и со ситни, кожести плодови во вид на меур.
Латински: Colutea arborescens Англиски: bladder senna Албански: lule lepuri
Вид зелјесто растение со жолти цветови.
Латински: Coronilla emerus Англиски: scorpion senna Албански: lloj lule

зајачковица повеќе

мн. зајачковици
Вид збор: Именка, женски род
зајачковина
Латински: Coronilla emerus Англиски: scorpion senna Албански: lloj lule

закоренет повеќе

Види и: закорени (св.)
закоренетиот
Вид збор: Придавка
Што има длабок корен.
Англиски: rooted Албански: i rrënjosur

закорени повеќе

закоренат
Вид збор: Глагол, свршен
За растение - фати корен, пушти жили длабоко во земјата.
Англиски: root Албански: rrënjos

заластари повеќе

заластарат
Вид збор: Глагол, свршен
За лоза - почне да пушта ластари.

замбак повеќе

мн. замбаци
Вид збор: Именка, машки род
лилјан, крин
Англиски: lily Турски: zambak Албански: zambak

зарделија повеќе

мн. зарделии
Вид збор: Именка, женски род
кајсија
Англиски: apricot Турски: zerdali Албански: kajsi

зарти повеќе

Види и: рти (несв.)
зартат
Вид збор: Глагол, свршен
(за'рти) Почне да рти.
Англиски: sprout Албански: mbin

засеклив повеќе

засекливи
Вид збор: Придавка
Во изразот: Засеклива трева.
Албански: kantarioni

засекник повеќе

мн. засекници
Вид збор: Именка, машки род
кантарион
Латински: hypericum perforatum Англиски: St John's wort Албански: kantarion

зафати повеќе

зафатат
Вид збор: Глагол, свршен
(се зафати) За растение - врзе корен.
Албански: zë, zuri

збитолист повеќе

збитолистиот
Вид збор: Придавка
Што има густи лисја.
Албански: gjetheshpesht

здравец повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Повеќегодишно растение со ниско стебло и широки мирисливи листови, со ситни розови цветови.
Латински: Geranium macrorrhizum Англиски: geranium Албански: geranium, barbarozë

здрвени повеќе

(се) здрвенат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане дрво, како дрво.
Англиски: lignify Албански: drunoj

зејка повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Општ назив за вид зелјести растенија со цветови што наликуваат на уста.
Латински: Antirrhinum mains Англиски: snapdragon Албански: gojëujku

зеленика повеќе

мн. зеленики
Вид збор: Именка, женски род
Bид постојанозелено украсно растение што расте како грмушка или ниско дрво.
Латински: Buxus sempervivens Англиски: boxwood Албански: bushe, shimshir

зеленило повеќе

мн. зеленила
Вид збор: Именка, среден род
Растителен свет со зелена боја.
Англиски: green Албански: gjelbërim

зеленчуков повеќе

зеленчуковиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на зеленчук.
Англиски: vegetable Албански: perimesh, vegjetal

зелје повеќе

мн. зелја
Вид збор: Именка, среден род
Вид спанаќ со подолги и повисоки листови.
Латински: Beta vulgaris Англиски: spinach beet Албански: panxhar, lakër
Заедничко име за штавеј, лобода и спанаќ.
Албански: panxhar
Перја од млад кромид.
Албански: gjethe qepësh

зелјест повеќе

зелјести
Вид збор: Придавка
Што има меко кревко стебло што не одрвенува; што потсетува на зелје.
Албански: panxhari

зелка повеќе

мн. зелки
Вид збор: Именка, женски род
Вид градинарско растение со ниско стебло од кое излегуваат густи, сочни листови, налегнати еден врз друг во вид на топка.
Латински: Вrассiса oleracea Англиски: cabbage Албански: lakër

зерделија повеќе

Види и: зарделија (ж.)
мн. зерделии
Вид збор: Именка, женски род
Вид кајсија.
Англиски: apricot Албански: kajsi zerdeli

зимзелен повеќе

зимзелениот
Вид збор: Придавка
Што е зелен и преку зима.
Англиски: evergren Албански: mëtrik, halore

зиморка повеќе

мн. зиморки
Вид збор: Именка, женски род
Зимска сорта лубеници.

зјајка повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Bид зелено стеблесто растение со цвет.
Англиски: snapdragon Албански: gojëujku
Вид ливадска билка со цвет во облик на отворена уста.
Латински: Antirrhinum majus Англиски: Common Snapdragon Албански: gojëujku

змијулец повеќе

мн. змијулци
Вид збор: Именка, машки род
Вид цвеќе со долго голо стебло и бели цветови.
Латински: Ornithogalum Англиски: hyacinth Албански: zymbyl

зоб повеќе

зопта
Вид збор: Именка, женски род
(само едн.) Bид житно растение што служи како добиточна храна, обично за коњите.
Латински: Poaceae Англиски: oats Албански: tërshërë

зокум повеќе

мн. зокуми
Вид збор: Именка, машки род
леандер
Латински: Herium oleander Англиски: oleander Турски: zakkum Албански: leandër

зрнешник повеќе

мн. зрнешници
Вид збор: Именка, машки род
Растение со ситни црвени плодови што расте во шуми и на ниви.
Латински: Physalis alkekengi Англиски: Bladder cherry Албански: lule lampioni

зрно повеќе

мн. зрна
Вид збор: Именка, среден род
Ситен плод или семка.
Англиски: grain, berry Албански: kokërr
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш