Ботаника - категорија

даб повеќе

мн. дабови
Вид збор: Именка, машки род
Листопадно дрво со широки назабени листови и со плод желад.
Латински: Quercus Англиски: oak Албански: dushk

даблика повеќе

мн. даблики
Вид збор: Именка, женски род
Младо дабово дрво со низок раст.

далија повеќе

мн. далии
Вид збор: Именка, женски род
георгина
Англиски: dahlia Албански: gjeogjinë

дафина повеќе

мн. дафини
Вид збор: Именка, женски род
Зелено ниско украсно дрво со ароматични листови и со црни зрнести плодови.
Латински: Elaeagnus angustifolia Англиски: silver berry Албански: dafinë

дафинов повеќе

дафиновиот
Вид збор: Придавка
Што е од дафина.
Албански: dafine

дебелика повеќе

мн. дебелики
Вид збор: Именка, женски род
Билка од фамилијата тикви.
Латински: Bryonia alba Англиски: white bryony

дендролог повеќе

мн. дендролози
Вид збор: Именка, машки род
Лице што професионално се занимава со проучување на дрвјата и на нивните особини, специјалист по дендрологија.
Англиски: dendrologist Албански: dendrolog

дендрологија повеќе

(едн.) дендрологијата
Вид збор: Именка, женски род
Наука што ги проучува дрвјата и нивните особини, нивната морфологија и биологија.
Англиски: dendrology

детелина повеќе

мн. детелини
Вид збор: Именка, женски род
Ливадска билка обично со по три зелени заоблени ливчиња на тенко стебленце.
Латински: Trifolium pratense Англиски: clover Албански: tërfil

дива краставица повеќе

Вид збор: Сложенка
Лековита билка cо плодови слични на краставица со cитни боцки, полни со сок и cитни семчиња.
Латински: Ecballium elaterium Англиски: squirting cucumber

дивјачка повеќе

мн. дивјачки
Вид збор: Именка, женски род
Дива некалемена овошка и плодот од неа.
Албански: pemë e egër

Диво грозје повеќе

Вид збор: Сложенка
боровинка
Латински: Vaccinium myrtillus Англиски: bilberry

диња повеќе

мн. дињи
Вид збор: Именка, женски род
Едногодишно растение и неговиот плод, месест и сочен со сладок вкус.
Латински: Cucumis mеlо Англиски: melon Албански: pjepër

долма повеќе

мн. долми
Вид збор: Именка, женски род
Вид долгнавеста тиква.
Англиски: zucchini Албански: cuçini, kungull i njomë

домат повеќе

мн. домати
Вид збор: Именка, машки род
Вид едногодишно градинарско растение со црвени, тркалезни и сочни, месести плодови што се користат во исхраната (за салата, сок, додаток при готвење).
Латински: Solanum lycopersicum Англиски: tomato Албански: domate

домашен повеќе

домашни
Вид збор: Придавка
Што живее со човекот, што е питом, што се одгледува.
Англиски: domestic Албански: shtëpiak

драка повеќе

мн. драки
Вид збор: Именка, женски род
Вид бодликава грмушка со жолти цветови во вид на грозд и дрвенести плодови во вид на диск.
Латински: Paliurus aculeatus Англиски: Christ's-thorn Албански: ferrë
Секое растение со боцки.
Англиски: thorn Албански: ferrë

дрво повеќе

мн. дрва
Вид збор: Именка, среден род
Повеќегодишно растение со корен, стебло и гранки.
Англиски: tree Албански: dru

дрвце повеќе

Види и: дрво (ср.)
мн. дрвца
Вид збор: Именка, среден род
Младо, ниско дрво.
Англиски: tree Албански: dru, pemë

дрезга повеќе

мн. дрезги
Вид збор: Именка, женски род
поточарка
Англиски: watercress Албански: lakërishtë

дрен повеќе

мн. дренови
Вид збор: Именка, машки род
Шумско не многу големо дрво, што расте во грмушки, со многу тврдо стебло, со жолти цветови и со ситни црвени плодови.
Латински: Cornus mascula Англиски: dogwood Албански: thanë

дренак повеќе

Види и: дренок (м.)
мн. дренаци
Вид збор: Именка, машки род
дренок
Албански: thanë

дренина повеќе

Види и: дренка (ж.)
мн. дренини
Вид збор: Именка, женски род
дренка
Латински: Cornus mascula Англиски: dogwood Албански: thanë

дренка повеќе

мн. дренки
Вид збор: Именка, женски род
Плод од дрен.
Албански: thanë
дрен
Латински: Cornus mascula Англиски: dogwood Албански: thanë

дренов повеќе

дренови
Вид збор: Придавка
Што припаѓа, што се однесува на дрен, што е направен од дрен.
Албански: thane

дреновина повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Дренови дрва.
Албански: dru thane

дренок повеќе

мн. дреноци
Вид збор: Именка, машки род
Вид винова лоза и сорта грозје со издолжени зрна.
Албански: lloj hardhi rrushi

дрма повеќе

мн. дрми
Вид збор: Именка, женски род
Ниска шума составена од грмушки и разни ниски дрвја.
Англиски: bush Албански: korie

дрмка повеќе

Види и: грмушка (ж.)
мн. дрмки
Вид збор: Именка, женски род
грмушка
Англиски: bush

дрмлив повеќе

дрмливиот
Вид збор: Придавка
Што е обрастен со ниска шума и грмушки.
Англиски: bushy

дршка повеќе

мн. дршки
Вид збор: Именка, женски род
Тенкиот дел од плодот, листот или цветот со кој се држат на стеблото.
Англиски: stalk Албански: bisht

дуд повеќе

мн. дудови
Вид збор: Именка, машки род
црница
Англиски: mulberry Турски: dut Албански: man

дудинка повеќе

Види и: дуд (м.)
мн. дудинки
Вид збор: Именка, женски род
плод од дуд
Латински: Morus Англиски: mulberry Турски: dut Албански: man

дудинков повеќе

дудинковиот
Вид збор: Придавка
Што е направен од дудинки.

дудов повеќе

дудовиот
Вид збор: Придавка
Што припаѓа, што се однесува на дуд.

дудуле повеќе

мн. дудулиња
Вид збор: Именка, среден род
Клас од пченка со зрна.
Англиски: cob

дудулка повеќе

мн. дудулки
Вид збор: Именка, женски род
Кочан без зрна.
Англиски: cob

дуња повеќе

мн. дуњи
Вид збор: Именка, женски род
Вид ниско овошно дрво со крупни, жолти и мирисливи плодови.
Латински: Cydonia oblonga Англиски: quince Албански: ftua

дуњица повеќе

мн. дуњици
Вид збор: Именка, женски род
Вид трева што се среќава на ливадите и пасиштата и дава добра паша.
Албански: lloj bari
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш