Ботаника - категорија

габа повеќе

мн. габи
Вид збор: Именка, женски род
Организам сличен на ниско растение без листови, со кусо стебло и врв во форма на шапка.
Латински: Fungus Англиски: fungus

габер повеќе

мн. габри
Вид збор: Именка, машки род
Вид дрво со жилести и назабени лисја, со мазна сива кора и бела срцевина што се користи за изработка на музички инструменти и други предмети.
Латински: Carpinus betulus Англиски: hornbeam Албански: shkozë

габерица повеќе

Види и: габер (м.)
мн. габерици
Вид збор: Именка, женски род
габер
Албански: shkozë

габерлив повеќе

габерливиот
Вид збор: Придавка
Обраснат со габер.
Албански: shkozarë

габеров повеќе

габерови
Вид збор: Придавка
Што потекнува од габер, што е составено од габер.
Албански: shkoze

гавез повеќе

мн. гавези
Вид збор: Именка, женски род
Лековито растение што расте до 80 сm, со исправено влакнесто стебло и црвено-виолетови, бели или жолтеникави цветови.
Латински: Symphytum officinale Англиски: comfrey Албански: lloj bime me lule violete

гарденија повеќе

мн. гардении
Вид збор: Именка, женски род
Вид тропско растение со убави и мирисливи цветови.
Латински: Gardenia Florida Англиски: Gardenia Албански: gardeni

генцијана повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Планинско цвеќе со сини цветови.
Латински: gentiana Англиски: gentian

геоботаника повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука што се занимава со проучување на распространетоста на определени видови растенија.

георгина повеќе

мн. георгини
Вид збор: Именка, женски род
Украсно растение со крупни цветови, слично на роза, по потекло од Мексико.
Латински: Dahlia variabilis Англиски: dahlia Албански: gjeogjinë

геранија повеќе

мн. герании
Вид збор: Именка, женски род
цветно растение
Латински: Geranium Англиски: geranium Албански: barbarozë

глава повеќе

мн. глави
Вид збор: Именка, женски род
долен дел од растение
Англиски: bulb Албански: kokë

главица повеќе

мн. главици
Вид збор: Именка, женски род
Тркалезен дел од некои растенија.

главичка повеќе

мн. главички
Вид збор: Именка, среден род
главица (кромид)
Англиски: bulb Албански: kokëz

гладиола повеќе

мн. гладиоли
Вид збор: Именка, женски род
Украсно растение со право високо стебло и цветови на него кои можат да бидат во разни бои.
Латински: Gladiolus Англиски: gladiolus Албански: shpatëz, gladiolë

гламна повеќе

мн. гламни
Вид збор: Именка, женски род
гламница
Англиски: smut Албански: vrug

гламница повеќе

(едн.) гламницата
Вид збор: Именка, женски род
Вид болест кај житата при што тие или изумираат или заостануваат во понатамошниот раст.
Латински: Ustilago Англиски: smut Албански: vrug, gjeren

гламноса повеќе

гламносаат
Вид збор: Глагол, свршен
Кај житните растенија - фати болест гламница.
Албански: sëmundje te bimët

гламносан повеќе

Види и: гламноса (св.)
гламносаниот
Вид збор: Придавка
Што има гламница.
Албански: i vurugtë, i gjerenosur

глог повеќе

мн. глогови
Вид збор: Именка, машки род
Шумско овошно дрво со трње и со месести црвени плодови.
Латински: Crataegus Англиски: Hawthorn Албански: murriz

глогинка повеќе

мн. глогинки
Вид збор: Именка, женски род
Плод на глог.
Англиски: Hawthorn Албански: murriz

глогов повеќе

Види и: глог (м.)
глоговиот
Вид збор: Придавка
Што потекнува од глог, што му припаѓа на глог.
Англиски: thorn Албански: murrizi

глоговица повеќе

Види и: глог (м.)
мн. глоговици
Вид збор: Именка, женски род
Глогов стап.
Албански: shkop murrizi

глоцун повеќе

мн. глоцуни
Вид збор: Именка, машки род
Црвен глог.
Латински: Crataegus oxyacantha Англиски: Hawthorn Албански: murriz i kuq

глуварче повеќе

мн. глуварчиња
Вид збор: Именка, среден род
Растение со долга дршка, со жолти цветови кои се претвораат во пуфка составена од ситни семиња што ги разнесува ветрот.
Латински: Taraxacum officinale Англиски: dandelion Албански: luleradhiqe

глужд повеќе

мн. глуждови
Вид збор: Именка, машки род
Тркалезен дел на дрво на место каде што израснала гранка, јазол.

глуждовит повеќе

глуждовитиот
Вид збор: Придавка
За дрво - што има многу глуждови.

глушина повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Тревесто растение што расте по нивите како плевел.
Латински: Vicia varia Англиски: winter vetch Албански: grashinë

голушка повеќе

мн. голушки
Вид збор: Именка, женски род
Семка од овошје (кајсија, слива).
Англиски: stone Албански: bërthamë, farë

гомбел повеќе

мн. гомбели
Вид збор: Именка, машки род
Питома коприва.
Латински: Urtica dioica Англиски: dead-nettle Албански: hithër thumbues

горница повеќе

мн. горници
Вид збор: Именка, женски род
Дива круша.
Латински: Pyrus amygdaliformis Англиски: Almond-leafed pear Албански: dardhë e egër

гороцвет повеќе

мн. гороцветови
Вид збор: Именка, машки род
Род тревести ниски растенија со перјести, тесни лисје и црвен или жолтозлатест цвет.
Латински: Adonis vernalis Англиски: pheasant's eye Албански: lule mali
Разни планински цвеќиња.
Англиски: mountain flowers Албански: lule mali

гороцветен повеќе

гороцветниот
Вид збор: Придавка
Што е покриен, обраснат со гороцвет.

горун повеќе

мн. горуни
Вид збор: Именка, машки род
вид планински даб
Латински: Quercus petraea Англиски: oak Албански: lloj lisi, dushk

грав повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Едногодишно зрнесто растение со плодови во мешунки што се користат за исхрана.
Латински: Vicia faba Англиски: bean Албански: fasule, groshë, bathë, pasul

граворика повеќе

Види и: граор (м.)
мн. граворики
Вид збор: Именка, женски род
граор
Албански: grashinë

граница повеќе

мн. граници
Вид збор: Именка, женски род
Вид даб со глуждовито стебло и со желади што висат на долги дршки на гранките.
Латински: Quercus pedunculata Англиски: oak Албански: dushk

гранка повеќе

мн. гранки
Вид збор: Именка, женски род
Ветка, вејка од дрво.
Англиски: branch Албански: degë

граор повеќе

мн. граори
Вид збор: Именка, машки род
Растение во вид на разгранет ползавец, со темнокафеави или црни плодови во мешунки, што се користи како добиточна храна.
Латински: Lathyrus Англиски: sweet pea Албански: grashinë, bizele

граорка повеќе

мн. граорки
Вид збор: Именка, женски род
Мешункасто растение од семејството
Латински: Onobrychis sativa Англиски: Sainfoin Албански: lloj bari

грашок повеќе

(едн.) грашокот
Вид збор: Именка, машки род
Вид растение во вид на ползавец со издолжени мешунки исполнети со зелени зрна што се користат за исхрана.
Латински: Pisum sativum Англиски: pea Албански: bizele

гргуле повеќе

мн. гргулиња
Вид збор: Именка, среден род
Вид малечка тиква.
Латински: cucurbita uvifera Англиски: pumpkin Албански: lloj kungulli

грејпфрут повеќе

мн. грејпфрути
Вид збор: Именка, машки род
Суптропско дрво од семејството цитруси со тркалезни жолти плодови богати со сладникаво-кисел и малку горчлив сок.
Латински: Citrus paradisi Англиски: grapefruit Албански: grejpfrut

грмотрн повеќе

мн. грмотрње
Вид збор: Именка, машки род
Грмушка со бодликави стебленца со цветови.
Латински: Ononis spinosa Англиски: restharrow Албански: therrë lepuri

грмушка повеќе

мн. грмушки
Вид збор: Именка, женски род
Ниско растение што расте во група од повеќе стебленца.
Англиски: bush Албански: kaçubë, shkurre, bushe

грождинка повеќе

мн. грождинки
Вид збор: Именка, женски род
Дршка на грозд.

грозје повеќе

мн. грозја
Вид збор: Именка, среден род
Плод на виновата лоза.
Англиски: grape Албански: rrush
Растенија со плод или цвет слични на грозје.
Англиски: bunch of grapes Албански: hardhi

гуарана повеќе

(едн.) гуараната
Вид збор: Именка, женски род
Ползавец од фамилијата јавори што вирее во бразилската прашума со плодови слични на кафе, но двојно повисока доза кофеин.
Латински: Paullinia cupana Англиски: Guarana Албански: guaranë
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш