Биологија - категорија

хермафродит повеќе

мн. хермафродити
Вид збор: Именка, машки род
Организам што има полови органи или признаци на обата пола.
Англиски: hermaphrodite

хермафродитски повеќе

Види и: хермафродит (м.)
хермафродитска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува ни хермафродит.
Примери:
Хермафродитски црти.

хибрид повеќе

мн. хибриди
Вид збор: Именка, машки род
Животно или растение добиено со вкрстување на две единки од различни видови, сорти, раси и сл.
Англиски: hybrid Албански: hibrid

хидробиологија повеќе

(едн.) хидробиологијата
Вид збор: Именка, женски род
Дел од биологијата што го проучува животот на организмите во водата.
Англиски: hydrobiology

хидробиолошки повеќе

Види и: хидробиологија (ж.)
хидробиолошка
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на хидробиологијата.
Примери:
Хидробиолошки испитувања.

хитин повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Материја што е дел од оклопот на раковите, стоногалките, пајаците и другите инсекти.
Англиски: chitin Германски: Chitin

хомологен повеќе

хомологни
Вид збор: Придавка
Што има иста местоположба и структура, но понекогаш не и иста функција.
Англиски: homologous

хромозом повеќе

мн. хромозоми
Вид збор: Именка, машки род
Носител на генетското наследство во секоја жива ќелија.
Англиски: chromosome
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - ќ - ф - х - ц - ч - ш