Биологија - категорија

самооплоден повеќе

самооплодниот
Вид збор: Придавка
Што самиот се оплодува.
Англиски: self-fertilized

самооплоди повеќе

(се) самооплодат
Вид збор: Глагол, свршен
Се оплоди без посредник.
Англиски: self-fertilize

сегментација повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Делење на телото или на одделени органи на некои животни на низа делови - сегменти.
Англиски: segmentation Албански: segmentim

симбиоза повеќе

мн. симбиози
Вид збор: Именка, женски род
Во биологијата - сожителство на два организма од различен вид од кое имаат заемна корист.
Англиски: symbiosis

слатководен повеќе

слатководна
Вид збор: Придавка
За животни и растенија - кој живее во слатка вода.
Англиски: fresh water
Примери:
Слатководни риби.

слимук повеќе

мн. слимуци
Вид збор: Именка, машки род
полжав
Англиски: slug

слуз повеќе

слузта
Вид збор: Именка, женски род
Лигава течност што се одделува од некои клетки на животни и растенија.
Англиски: slime

смрт повеќе

(едн.) смртта
Вид збор: Именка, женски род
Во биологијата - прекратување на животот, на размената на материите во организмот.
Англиски: death Албански: fund
Прекратување на суштествувањето на човек, животно.
Англиски: death Албански: vdekje

сок повеќе

мн. сокови
Вид збор: Именка, машки род
Течност што се наоѓа во ќелиите на животински и растителни организми.
Англиски: secretion Албански: lëng

спора повеќе

мн. спори
Вид збор: Именка, женски род
Едноклеточен организам за бесполово размножување што е способен да преживее подолго време под неповолни услови.
Англиски: spore

срцевина повеќе

срцевината
Вид збор: Именка, женски род
Супстанца што се наоѓа во внатрешноста на коските; средишниот дел на стебло или на корен на некое растение.
Англиски: marrow Албански: palcë

стафилококи повеќе

стафилококите
Вид збор: Именка, множина
Бактерии што се собираат во форма на грозд.
Англиски: staphylococcus

стрептококи повеќе

стрептококите
Вид збор: Именка, множина
Бактерии што причинуваат гноења и труења на крвта.
Англиски: streptococcus
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - ќ - ф - х - ц - ч - ш