Биологија - категорија

радиобиологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Гранка од биологијата којашто го проучува влијанието на радијацијата врз живите организми.
Англиски: radiobiology

раѓа повеќе

раѓаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се раѓа) Добива живот, се јавува на светот.
Албански: lind

расплод повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
расплодување, размножување
Примери:
добиток за расплод

регенерација повеќе

регенерацијата
Вид збор: Именка, женски род
Во биологијата - обновување на загубените или повредените делови на организмот.
Англиски: regeneration Албански: regjenerim

репродукција повеќе

мн. репродукции
Вид збор: Именка, женски род
Во биологијата - расплодување, размножување.
Англиски: reproduction Албански: reproduksion, rigjenerim

респираторен повеќе

респираторниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на процес во некои организми, кога се внесува кислород, а се испушта јаглероден диоксид.
Англиски: respiratory

родоначалник повеќе

мн. родоначалници
Вид збор: Именка, машки род
Предок од кој го води своето потекло некој род; животно од кое произлегол некој животински вид.
Англиски: progenitor Албански: stërgjysh i parë, paraardhës
Примери:
Не се знае кој им е родоначалник.
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - ќ - ф - х - ц - ч - ш