Биологија - категорија

палеологија повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Наука за изумрените животни и растенија проучувани по нивните ископани останки.
Англиски: paleontology

палеонтологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука за изумрените животни и растенија проучувани по нивните ископани останки.
Англиски: paleontology

паразит повеќе

мн. паразити
Вид збор: Именка, машки род
Растение или животно што живее од друг организам или внатре во него и се храни од него.
Англиски: parasite Албански: parazit

паразитски повеќе

паразитска
Вид збор: Придавка
На паразитски начин, што се однесува на паразит.
Англиски: parasitic

пигмент повеќе

мн. пигменти
Вид збор: Именка, машки род
Материја во животинскиот и растителниот организам што им придава боја на ткивата на тој организам.
Англиски: pigment Албански: pigment
Примери:
Хлорофилот е најважен растителен фотосинтетски пигмент со зелена боја.

пигментација повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Обојување на ткивата на живите организми обусловена од постоењето на пигмент во нив.
Англиски: pigmentation

пигментен повеќе

пигментна
Вид збор: Придавка
пигмент
Англиски: pigment

плазмодиум повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Маса од протоплазма што настанува со делење на јадрата.
Англиски: plasmodium

планктон повеќе

планктонот
Вид збор: Именка, машки род
Многу ситни организми пасивно носени од водните струи.
Англиски: plankton

плоди повеќе

плодат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се плоди) се размножува, се расплодува, се множи
Англиски: multiply Албански: shtohet, shumëzohet
Примери:
Тие животни многу се плодат.

плодов повеќе

плодовиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на плод.

повеќеклеточен повеќе

повеќеклеточни
Вид збор: Придавка
Што содржи повеќе клетки.
Англиски: multi-cellular

пол повеќе

мн. полови
Вид збор: Именка, машки род
Припадност на човек според определени физиолошки, психолошки, физички и телесни карактеристики - машки и женски пол; мажјак и женка кај животни.
Англиски: sex Албански: gjini, seks

полетарче повеќе

мн. полетарчиња
Вид збор: Именка, среден род
Птица што ги прави првите обиди да лета.
Англиски: fledgeling Албански: zog i ri

полиморфизам повеќе

(едн.) полиморфизмот
Вид збор: Именка, машки род
Постоење различни форми кај еден животински вид.
Англиски: polymorphy

полов повеќе

полова
Вид збор: Придавка
Што се однесува на пол.
Англиски: sexual

праживотно повеќе

мн. праживотни
Вид збор: Именка, среден род
(обично во едн.) Едноќелијско живо суштество што може да се види само под микроскоп.
Латински: Protozoa Англиски: protozoa

претставник повеќе

мн. претставници
Вид збор: Именка, машки род
Типичен примерок на еден вид.
Англиски: sample Албански: shembull

протозои повеќе

протозоите
Вид збор: Именка, множина
Едноклеточни микроскопски мали организми.
Англиски: protozoan

протоплазма повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Основна материја на живата клетка.
Англиски: protoplasm

пума повеќе

мн. пуми
Вид збор: Именка, женски род
Ѕвер од родот на мачките со светлосиво крзно кој живее во Северна и Јужна Америка, планински лав.
Латински: Profelis concolor Англиски: puma

пчела повеќе

мн. пчели
Вид збор: Именка, женски род
Инсект опнокрилец што дава мед.
Латински: Apis mellifica Англиски: bee
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - ќ - ф - х - ц - ч - ш