Биологија - категорија

габичка повеќе

мн. габички
Вид збор: Именка, женски род
Општ назив за разни видови микроби што предизвикуваат распаѓање на некои органски материи.
Англиски: fungus Албански: këpurdhë

газела повеќе

мн. газели
Вид збор: Именка, женски род
Вид тропски копитар, сличен на срна, со стројно тело, долги нозе и со рогови.
Латински: Gazella dorcas Англиски: gazelle

ген повеќе

мн. гени
Вид збор: Именка, машки род
Наследна единица којашто ги определува карактеристиките на потомците.
Англиски: gene

генеративен повеќе

генеративниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на раѓање или создавање.

генетика повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Наука за развитокот на организмите, наследувањето на определени особини и нивната променливост.
Англиски: genetics

гликоза повеќе

(едн.) гликозата
Вид збор: Именка, женски род
Материја што служи за добивање енергија кај живите организми, шеќер; гроздов шеќер.
Латински: C6H12O6 Англиски: glucose

гребен повеќе

мн. гребени
Вид збор: Именка, машки род
Највисоко место меѓу плешките кај животните, најистакнати прешлени.
Албански: krep
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - ќ - ф - х - ц - ч