Биологија - категорија

вариетет повеќе

мн. вариетети
Вид збор: Именка, машки род
Единка, или збир на единки од растителен или од животински вид кои се разликуваат од другите по една или повеќе незначителни карактеристики.
Англиски: variety

вегетативен повеќе

вегетативни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на животните процеси (растење, исхрана, дишење) на животните и растенијата.
Англиски: vegetative
Примери:
Вегетативен нервен систем - дел од нервниот систем што ја регулира работата на внатрешните органи.

вкожури повеќе

(се) вкожурат
Вид збор: Глагол, свршен
Добие кожурец.
Англиски: pupate Албански: krizalidur

вкрстен повеќе

Види и: вкрсти (св.)
вкрстени
Вид збор: Придавка
Оплоден со вкрстување.
Англиски: interbred

вкрсти повеќе

вкрстат
Вид збор: Глагол, свршен
Спои два различни вида, животински или растителни.
Англиски: interbreed Албански: kryqëzoj

волна повеќе

мн. волни
Вид збор: Именка, женски род
(едн.) Густи влакна што го покриваат телото на некои животни (овци, камили).
Англиски: wool Албански: lesh

вошка повеќе

мн. вошки
Вид збор: Именка, женски род
Вид мал бескрилен инсект што живее паразитски кај човекот.
Латински: Pediculus Англиски: bug Албански: insekt
Општ назив за паразитни инсекти што живеат по животните и по растенијата.
Англиски: bug Албански: insekt
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - ќ - ф - х - ц - ч - ш