Биологија - категорија

бактерија повеќе

мн. бактерии
Вид збор: Именка, женски род
Микроскопски мал, едноклеточен организам.
Англиски: bacterium Албански: bakter

белковина повеќе

мн. белковини
Вид збор: Именка, женски род
(обично во мн.) Природно соединение што содржи јаглерод, кислород, азот и водород, составен дел од ткивата на живите организми.
Англиски: protein

бесполов повеќе

бесполовиот
Вид збор: Придавка
Што е без одлика на пол.
Англиски: asexual

биолог повеќе

мн. биолози
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист по биологија.
Англиски: biologist

ботаника повеќе

мн. ботаники
Вид збор: Именка, женски род
Наука за растенијата, дел од биологијата.
Англиски: botany Албански: botanika

бреза повеќе

мн. брези
Вид збор: Именка, женски род
Бела дамка на челото кај некои животни.
Албански: njollë e bardhë
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - ќ - ф - х - ц - ч