Астрономија - категорија

сателит повеќе

мн. сателити
Вид збор: Именка, машки род
Сопатник на небесно тело.
Англиски: satellite
Примери:
Месецот е сателит на Земјата.

Сатурн повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Шеста планета во Сончевиот систем.
Англиски: Saturn

северница повеќе

мн. северницата
Вид збор: Именка, женски род
Северна ѕвезда.
Англиски: North Star Албански: ylli verior

Северница повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Најсветлата ѕвезда на северното небо и најблиска до Северниот Пол.
Англиски: Pole Star

семир повеќе

(едн.) семирот
Вид збор: Именка, машки род
Целиот свет, вселена.
Англиски: universe

семирен повеќе

семирна
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на семир.

скорпија повеќе

мн. скорпии
Вид збор: Именка, женски род
Зодијачко соѕвездие; зодијачки знак од 24 октомври до 22 ноември.
Англиски: Scorpio

соѕвездие повеќе

мн. соѕвездија
Вид збор: Именка, среден род
Група ѕвезди што образуваат некаква фигура, познати под едно име.
Англиски: constellation

сонце повеќе

мн. сонца
Вид збор: Именка, среден род
Небесно тело што испушта светлина и топлина.
Англиски: sun Албански: diell

сончев повеќе

сончеви
Вид збор: Придавка
Што се однесува на сонцето.
Англиски: solar Албански: soalr, diellor

сопатник повеќе

мн. сопатници
Вид збор: Именка, машки род
Небесно тело што се движи околу планета.
Англиски: satellite Албански: satelitë

спутник повеќе

мн. спутници
Вид збор: Именка, машки род
сателит
Англиски: satellite

стрелец повеќе

мн. стрелци
Вид збор: Именка, машки род
Зодијачко соѕвездие; зодијачки знак од 22 ноември до 21 декември.
Англиски: Sagittarius
а - б - в - г - д - е - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х