Астрономија - категорија

паралакса повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Агол на привидната промена на местото на едно небесно тело поради промената на местотот од кое се набљудува.
Англиски: parallax

патека повеќе

мн. патеки
Вид збор: Именка, женски род
Патека, во смисол на орбита, патека на движење на тело.
Англиски: orbit Албански: orbitë

перигеј повеќе

мн. перигеи
Вид збор: Именка, машки род
Најблиската точка меѓу Земјата и Месечината, или меѓу Земјата и Сонцето.
Англиски: perigee

пертурбација повеќе

мн. пертурбации
Вид збор: Именка, женски род
Во астрономијата - изменување на движењето на небесното тело под дејството на привлечната сила на други тела.
Англиски: perturbation Албански: turbullim, trazim

планета повеќе

мн. планети
Вид збор: Именка, женски род
Небесно тело што кружи околу Сонцето.
Англиски: planet

планетарен повеќе

планетарна
Вид збор: Придавка
планетен

планетариум повеќе

мн. планетариуми
Вид збор: Именка, машки род
учебна направа што го прикажува устројството на планетниот систем.
Англиски: planetarium Албански: planetar
Направа што го прикажува дневното движење на небесниот свод со ѕвезди, планети и др.
Англиски: planetarium Албански: planetarium

планетен повеќе

планетна
Вид збор: Придавка
Во врска со планета.
Примери:
Сончевиот планетен систем.

планетоид повеќе

мн. планетоиди
Вид збор: Именка, машки род
Мала планета што се движи по орбита околу Сонцето меѓу патеките на планетите Марс и Јупитер.
Англиски: planetoid

погибеж повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Последната четвртина на Месечината.

погибел повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Последната четвртина на Месечината.
Англиски: waning moon

полумесечина повеќе

мн. полумесечини
Вид збор: Именка, женски род
Делот на Месечината што се гледа кога не е полна, неполна месечина.
Англиски: half moon Албански: gjysëmhëna

помрачување повеќе

Види и: помрачи (св.)
(едн.) помрачувањето
Вид збор: Именка, среден род
Појава кога едно небеско тело ја помрачува светлината на друго небеско тело.
Англиски: eclipse

Предзорница повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Утринска ѕвезда
Англиски: morning star

пулсар повеќе

мн. пулсари
Вид збор: Именка, машки род
Неутронска ѕвезда која периодично емитира импулси на радиобранови.
Англиски: pulsar
а - б - в - г - д - е - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х