Астрономија - категорија

маглина повеќе

мн. маглини
Вид збор: Именка, женски род
небула
Англиски: nebula Албански: mjegull, nebulozë
Примери:
Маглините на Андромеда

маглица повеќе

мн. маглици
Вид збор: Именка, женски род
Облак од гас во вселената.
Англиски: nebula

Марс повеќе

Вид збор: Име
Четврта планета на Сончевиот систем.
Англиски: Mars

меѓуѕвезден повеќе

меѓуѕвездениот
Вид збор: Придавка
Што е меѓу ѕвездите.
Англиски: interstellar

мена повеќе

мн. мени
Вид збор: Именка, женски род
Фази кај Месечината; положби во кои се наоѓа Месечината.
Англиски: phase Албански: fazë e hënës

месец повеќе

мн. месеци
Вид збор: Именка, машки род
месечина
Англиски: moon Албански: hënë

месечина повеќе

(едн.) месечината
Вид збор: Именка, женски род
Небеско тело, сателит на планета.
Англиски: moon Албански: hëna
(само едн.) Небеско тело што се наоѓа најблиску до Земјата и е нејзин природен сателит.
Англиски: moon Албански: hëna

метеор повеќе

мн. метеори
Вид збор: Именка, машки род
Мало небесно тело што при навлегувањето во повисоките слоеви на Земјината атмосфера гори и создава светлечка линија, ѕвезда што паѓа.
Англиски: meteor Албански: meteor
метеорит
Англиски: meteorite Албански: meteorit

метеорит повеќе

мн. метеорити
Вид збор: Именка, машки род
Метеор што паднал на Земјата.
Англиски: meteorite
а - б - в - г - д - е - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х