Астрономија - категорија

замрачување повеќе

(едн.) замрачувањето
Вид збор: Именка, среден род
Потполно или делумно исчезнување на светлината, затемнување на некое небесно тело што настанува кога едно небесно тело ќе покрие друго или кога ќе падне во сенка на друго небесно тело.
Англиски: eclipse

затемнување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Полно или делумно засенување на светлината на небесно тело.
Англиски: eclipse Албански: errësim, eklips

земја повеќе

мн. земји
Вид збор: Именка, женски род
(едн. Земја) Една од планетите во Сончевиот систем, планетата на која живееме.
Англиски: Earth Албански: tokë

Земјин повеќе

Земјиниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на планетата Земја.
Англиски: Earth

зенит повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Највисока точка на небесниот свод.
Англиски: zenith Албански: zenit, kulminacion

Зодијак повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Небесен појас што опфаќа дванаесет соѕвездија низ кои минува Сонцето на својот привиден пат во период од една година.
Англиски: zodiac

Зорница повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Утринска ѕвезда; народно име за планетата Венера.
Англиски: morning star
а - б - в - г - д - е - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х