Астрономија - категорија

азимут повеќе

мн. азимути
Вид збор: Именка, машки род
Аголот (од 0º до 360º) сметан во насоката од југ кон запад, меѓу јужниот дел на меридијанот на набљудувачот и вертикалата на набљудуваното небесно тело.
Англиски: azimuth Албански: azimut

апогеј повеќе

мн. апогеи
Вид збор: Именка, машки род
Најоддалечената точка меѓу Земјата и Месечината, или меѓу Земјата и Сонцето.
Англиски: apogee Албански: apogje

астероид повеќе

мн. астероиди
Вид збор: Именка, машки род
Астероидите се небесни тела од нашиот Сончев систем кои кружат околу Сонцето.
Англиски: asteroid

астроном повеќе

мн. астрономи
Вид збор: Именка, машки род
Човек што се занимава со астрономија.
Англиски: astronomer

астрономија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука за небесните тела.
Англиски: astronomy
а - б - в - г - д - е - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х