Архитектура и градба - категорија

чакал повеќе

мн. чакали
Вид збор: Именка, машки род
(само едн.) Ситно кршен камен.
Англиски: gravel Турски: çakıl Албански: zhavorr

чам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Материјал од такво дрво - за мебел, градба и сл.
Англиски: pinewood Албански: dru pishe

чамовица повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Даска од иглолисно дрво - ела, бор, смрека.
Англиски: pinewood

чардак повеќе

мн. чардаци
Вид збор: Именка, машки род
Трем на кат пред собите; вид претсобје во куќи од постар тип.
Англиски: oriel Турски: çardak

чардаклија повеќе

(немен.)
Вид збор: Придавка
За куќа - што е со чардак, со чардаци.
Турски: çardaklı
Примери:
Куќа чардаклија.

чаршија повеќе

мн. чаршии
Вид збор: Именка, женски род
Улица или дел од градот со дуќани и работилници.
Англиски: street Турски: çarşı Албански: çarshi

чатија повеќе

мн. чатии
Вид збор: Именка, женски род
Дрвена конструкција на кровот.
Англиски: roof Турски: çatı

чатма повеќе

мн. чатми
Вид збор: Именка, женски род
Спојна пречка на дрвена конструкција.
Англиски: crossbar Турски: çatma

черен повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Сводот над огништето, под оџакот.

черчеве повеќе

мн. черчевиња
Вид збор: Именка, среден род
Рам на прозорец, врата.
Англиски: frame Турски: çerçeve

четворокатен повеќе

четворокатна
Вид збор: Придавка
Што е на четири ката.
Англиски: four-storied

четворокатница повеќе

мн. четворокатници
Вид збор: Именка, женски род
Зграда на четири ката.
Англиски: four-storied building

четворособен повеќе

Види и: четирисобен (прид.)
четворособна
Вид збор: Придавка
Што е со четири соби.
Примери:
Четворособен стан.

четирикатен повеќе

Види и: четворокатен (прид.)
четирикатна
Вид збор: Придавка
Што е на четири ката.
Англиски: four-storied

четирикатница повеќе

Види и: четворокатница (ж.)
мн. четирикатници
Вид збор: Именка, женски род
Зграда на четири ката.
Англиски: four-storied building

четирисобен повеќе

Види и: четворособен (прид.)
четирисобна
Вид збор: Придавка
Што е со четири соби.
Примери:
Четирисобен стан.

четириспратен повеќе

Види и: четирикатен (прид.)
четириспратна
Вид збор: Придавка
четирикатен

чикмак повеќе

мн. чикмаци
Вид збор: Именка, машки род
ходник, коридор, пасаж

чикме повеќе

мн. чикмиња
Вид збор: Именка, среден род
Продолжен дел од куќата кон портата.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш