Архитектура и градба - категорија

табан повеќе

табанот
Вид збор: Именка, машки род
Дебела, голема греда.
Англиски: beam Албански: tra, traversë

табернакул повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Засводена ниша во црквата.
Англиски: tabernacle Албански: tabernakul

таван повеќе

мн. тавани
Вид збор: Именка, машки род
Горната внатрешна страна на една просторија.
Англиски: ceiling Турски: tavan Албански: tavan
Просторот под покривот.
Англиски: attic Турски: tavan Албански: tavan, nënkulm

талпа повеќе

мн. талпи
Вид збор: Именка, женски род
Дебела голема штица.
Англиски: plank

тапет повеќе

мн. тапети
Вид збор: Именка, машки род
Плат или хартија за облепување на ѕид во соба и сл.
Англиски: wallpaper Германски: Tapete Албански: tapet

тапетира повеќе

тапетираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Обложи, обложува ѕидови со тапети.
Англиски: wallpaper

тврдина повеќе

мн. тврдини
Вид збор: Именка, женски род
крепост, кале
Англиски: fortress

театар повеќе

мн. театри
Вид збор: Именка, машки род
Место на одвивање на некое дејство, пиеса, драма и сл.
Англиски: theater Албански: teatër

темел повеќе

мн. темели
Вид збор: Именка, машки род
Основа на зграда.
Англиски: foundation Турски: temel Албански: temel
Примери:
Копа темел.

темелник повеќе

мн. темелници
Вид збор: Именка, машки род
Камен што е вграден во темелите на една зграда.
Англиски: foundation stone

темник повеќе

мн. темници
Вид збор: Именка, машки род
поткоп, потон
Англиски: cellar
Примери:
Запали свеќа да не ти дојдат во темникот.

теписон повеќе

теписонот
Вид збор: Именка, машки род
Тепих од синтетички материјал што потполно го покрива подот.
Англиски: wall-to-wall carpeting

тераса повеќе

мн. тераси
Вид збор: Именка, женски род
Голем балкон, веранда.
Англиски: terrace Албански: tarracë
Рамен покрив на зграда, кој служи како веранда.
Англиски: terrace Албански: tarracë, verandë

терезија повеќе

мн. терезии
Вид збор: Именка, женски род
Ѕидарска направа за мерење на хоризонтална положба.
Англиски: spirit level Турски: terazi Албански: terezi, libelë

термотехнички повеќе

термотехничкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на техника за греење и ладење.
Англиски: thermotechnical

тесен повеќе

тесни
Вид збор: Придавка
За просторија, зграда - што има релативно мали размери, просторно мал, недоволен.
Англиски: narrow Албански: i ngushtë

теќе повеќе

мн. теќиња
Вид збор: Именка, среден род
Гробница на некој светец, мавзолеј.
Англиски: tomb Турски: tekke Албански: varr, mauzole

тланик повеќе

мн. тланици
Вид збор: Именка, машки род
Место до огниште во селски куќи.

тоалет повеќе

мн. тоалети
Вид збор: Именка, машки род
Маса со огледала - за дотерување.
Англиски: dressing table Француски: toilette Албански: tryezë tualeti
Просторија за миење со клозет.
Англиски: toilet Француски: toilette Албански: tualet, nevojtore
Соба за облекување и дотерување.
Англиски: dressing room Француски: toilette Албански: garderobë, dhomë veshje

травертин повеќе

(едн.) травертинот
Вид збор: Именка, машки род
Вид жолт камен што се користи во градбата.
Англиски: travertine

тревник повеќе

мн. тревници
Вид збор: Именка, машки род
Место на улица, парк, градина под трева.
Англиски: lawn
Примери:
По тревниците децата играа фудбал.

трегер повеќе

мн. трегери
Вид збор: Именка, машки род
главна греда, носач, потпор
Англиски: beam Германски: Träger

трем повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Покриена отворена просторија пред собите на куќа, предворје.
Англиски: entrance

тремче повеќе

Вид збор: Именка, среден род
трем
Англиски: entrance

триангулација повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Мерење на земјиште со делење на триаголници.
Англиски: triangulation

трикатен повеќе

трикатна
Вид збор: Придавка
Што е на три ката.
Примери:
Трикатна зграда.

трикатница повеќе

мн. трикатници
Вид збор: Именка, женски род
трикатна зграда

трисобен повеќе

Види и: трособен (прид.)
трисобна
Вид збор: Придавка
За стан, куќа - што има три соби.
Примери:
Трисобен стан.

трокатен повеќе

Види и: трикатен (прид.)
трокатна
Вид збор: Придавка
трикатен

трокатница повеќе

Види и: трикатница (ж.)
мн. трокатници
Вид збор: Именка, женски род
трикатница

трособен повеќе

Види и: трисобен (прид.)
трособна
Вид збор: Придавка
(разг.) За стан, куќа што има три соби.

троспратен повеќе

троспратна
Вид збор: Придавка
трикатен

троспратница повеќе

Види и: трикатница (ж.)
мн. троспратници
Вид збор: Именка, женски род
трикатница

тротоар повеќе

мн. тротоари
Вид збор: Именка, машки род
Издигнат дел од патот, покрај зградите, за пешаците, плочник.
Англиски: pavement Француски: trottoir Албански: trotuar

трофеј повеќе

мн. трофеи
Вид збор: Именка, машки род
Архитектонски украс во вид на војничка опрема.
Англиски: trophy Албански: trofe

трошен повеќе

трошна
Вид збор: Придавка
Обично за стара куќа, зграда и сл.
Англиски: dilapidated
Примери:
Трошна куќа.

трпезарија повеќе

мн. трпезарии
Вид збор: Именка, женски род
Посебна соба, просторија за јадење.
Англиски: dining room

тула повеќе

мн. тули
Вид збор: Именка, женски род
Цигла, паралелопипед од печена глина, основен градбен елемент.
Англиски: brick Турски: tuğla

туларница повеќе

мн. туларници
Вид збор: Именка, женски род
Работилница или фабрика за тули.
Англиски: brickworks

туларски повеќе

туларска
Вид збор: Придавка
Што се однесува на тулар.

туларство повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Занимање на тулар.

тунел повеќе

мн. тунели
Вид збор: Именка, машки род
Проход прокопан под земјата; подземен ходник.
Англиски: tunnel

тунелски повеќе

тунелскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на тунел.
Примери:
тунелски влез
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш