Архитектура и градба - категорија

саем повеќе

мн. саеми
Вид збор: Именка, машки род
Објект, простории каде што се одвива саемот.
Англиски: exhibition center

сакристија повеќе

мн. сакристии
Вид збор: Именка, женски род
Просторија, дел од црква каде што се чуваат предметите што се употребуваат при обредите.
Англиски: vestry

сала повеќе

мн. сали
Вид збор: Именка, женски род
Пространа просторија за приредби.
Англиски: hall Албански: sallë
Примери:
Во свечената сала.

салон повеќе

мн. салони
Вид збор: Именка, машки род
Голема просторија за приредби, сала.
Англиски: saloon Француски: salon Албански: sallon
гостинска соба
Англиски: lounge Француски: salon Албански: dhomë pritjeje

салонит повеќе

салонитот
Вид збор: Именка, машки род
(обично во едн.) Вид градежен материјал од цемент и азбест кој се користи за изработка на цевки и покривни плочи.

салонитски повеќе

салонитскиот
Вид збор: Придавка
Што е направено од салонит.

сарај повеќе

мн. сараи
Вид збор: Именка, машки род
Резиденција на султанот или раскошна куќа на турски големец.
Англиски: serraglio Турски: saray

светилник повеќе

мн. светилници
Вид збор: Именка, машки род
Кула со фенер покрај брег.
Англиски: lighthouse Албански: fanar limani

светларник повеќе

мн. светларници
Вид збор: Именка, машки род
Застаклен простор, изграден дополнително, како извор на светлина за простории коишто не се директно изложени на светлина.
Англиски: winter garden

свод повеќе

мн. сводови
Вид збор: Именка, машки род
Обично на сали, храмови, мостови - лак што соединува ѕидови, опори и сл.
Англиски: dome Албански: hark, kube

своден повеќе

сводна
Вид збор: Придавка
сводест
Англиски: arched

сводест повеќе

сводести
Вид збор: Придавка
Кој има форма на свод.
Примери:
Сводест ходник.

седмокатница повеќе

Види и: седумкатница (ж.)
мн. седмокатници
Вид збор: Именка, женски род
седумкатница

седумкатница повеќе

мн. седумкатници
Вид збор: Именка, женски род
Зграда што има седум ката.

селамлак повеќе

мн. селамлаци
Вид збор: Именка, машки род
Дел од муслиманска куќа определен за мажи.
Турски: selamlık

селиште повеќе

мн. селишта
Вид збор: Именка, среден род
село
Англиски: village Албански: fshat, katund
Населено место.
Англиски: settlement Албански: vendbanim, fshat
Примери:
По долината на реката се среќаваат многу стари селишта.

семинарија повеќе

мн. семинарии
Вид збор: Именка, женски род
Зграда на оваа установа.
Англиски: seminary Албански: seminar

серген повеќе

мн. сергени
Вид збор: Именка, машки род
Ѕиден долап, полица.
Англиски: closet Турски: sergen

симс повеќе

мн. симсови
Вид збор: Именка, машки род
Продолжена стреа на куќа, издаден дел од покривот.
Англиски: ledge Германски: Sims
Издаден дел од надворешната страна на прозорец.
Англиски: sill Германски: Sims

синод повеќе

мн. синоди
Вид збор: Именка, машки род
Зградата во која е сместен овој орган.
Англиски: synod Албански: sinod

ситуација повеќе

мн. ситуации
Вид збор: Именка, женски род
Во архитектурата - опис, скица на расположбата на одделен објект.
Англиски: sketch Албански: skicë

скала повеќе

мн. скали
Вид збор: Именка, женски род
(обично мн.) Неподвижна направа во згради за качување и слегување, столба.
Англиски: stairs Албански: shkallë

скалиште повеќе

мн. скалишта
Вид збор: Именка, среден род
столбиште
Англиски: staircase Албански: shkallë

сквер повеќе

мн. скверови
Вид збор: Именка, машки род
Мал јавен парк, најчесто среде плоштад - во големи градови.
Англиски: square

скеле повеќе

мн. скелиња
Вид збор: Именка, среден род
Конструкција што се подига околу градежен објект; слична конструкција со друга намена.
Англиски: scaffolding Турски: iskele Албански: skele
Примери:
Се качија на скелето.

слам повеќе

мн. сламови
Вид збор: Именка, машки род
Дел од градот со истрошени куќички во кој живее претежно сиромашно население.
Англиски: slum

сламеница повеќе

мн. сламеници
Вид збор: Именка, женски род
Куќа или колиба покриена со слама.

слеме повеќе

мн. слемиња
Вид збор: Именка, среден род
Најголемата греда во средината на покривот на градба.
Албански: tra, dyrek shpie

соба повеќе

мн. соби
Вид збор: Именка, женски род
Просторија во која се работи или живее.
Англиски: room Албански: dhomë, odë

собица повеќе

Види и: соба (ж.)
Вид збор: Именка, женски род
собиче, собичка
Англиски: room

собиче повеќе

Види и: соба (ж.)
мн. собичиња
Вид збор: Именка, среден род
соба
Англиски: room

собиште повеќе

Види и: соба (ж.)
мн. собишта
Вид збор: Именка, среден род
соба
Англиски: room

соѕида повеќе

соѕидаат
Вид збор: Глагол, свршен
изѕида, изгради
Англиски: build
Примери:
Евтино ги соѕидаа зградите.

соѕидува повеќе

Види и: соѕида (св.)
соѕидуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
соѕида
Англиски: build

соѕидување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
соѕидува
Англиски: building

солитер повеќе

мн. солитери
Вид збор: Именка, машки род
Во градежништвото - висока куќа, облакодер, обично осамен.
Англиски: highrise Албански: soliter, ndërtesë

спална повеќе

мн. спални
Вид збор: Именка, женски род
Просторија за спиење.
Англиски: bedroom

спрат повеќе

мн. спратови
Вид збор: Именка, машки род
кат, етаж
Англиски: floor Српски: спрат

сретсело повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Средина на селото.
Англиски: mid village Албански: qendër e fshatit
Место во средината на селото, место на селски собири, селски поштад.
Албански: qendër e fshatit

стакларник повеќе

мн. стакларници
Вид збор: Именка, машки род
светларник
Англиски: winter garden

стан повеќе

мн. станови
Вид збор: Именка, машки род
живеалиште
Англиски: apartment Албански: banesë

станбен повеќе

станбени
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на стан.
Англиски: housing

станица повеќе

мн. станици
Вид збор: Именка, женски род
Зградата на такво место со простории за персоналот и патниците.
Англиски: station Албански: stacion
Примери:
Изградија убава станица.

старец повеќе

мн. старци
Вид збор: Именка, машки род
Вертикална греда кај водениците.

статика повеќе

(едн.) статиката
Вид збор: Именка, женски род
Дел од механиката што ги изучува законите за рамнотежата на телата.
Англиски: statics Албански: statikë

стена повеќе

мн. стени
Вид збор: Именка, женски род
ѕид
Англиски: wall Албански: mur

стиропор повеќе

стиропорот
Вид збор: Именка, машки род
Градежен материјал за топлотна и акустична изолација.
Англиски: polystyrene

столб повеќе

мн. столбови
Вид збор: Именка, машки род
Потпирач поставен вертикално како носечки елемент.
Англиски: pillar Албански: shtyllë

столба повеќе

мн. столби
Вид збор: Именка, женски род
скали
Англиски: stairs Албански: shkallë

столбец повеќе

мн. столпци
Вид збор: Именка, машки род
столб
Англиски: pillar
Примери:
Пред куќата имаше еден столбец.

столбица повеќе

Види и: столба (ж.)
мн. столбици
Вид збор: Именка, женски род
столба
Англиски: pillar

столбиште повеќе

мн. столбишта
Вид збор: Именка, среден род
Дел од зграда.
Албански: pjesë ndërtese
скали на зграда
Англиски: staircase Албански: shkallë ndërtese

столбовиден повеќе

столбовидна
Вид збор: Придавка
Што е во вид на столб.

столбообразен повеќе

Види и: столбовиден (прид.)
столбообразна
Вид збор: Придавка
столбовиден

столп повеќе

Види и: столб (м.)
Вид збор: Именка, машки род
столб
Англиски: pillar

стомнарник повеќе

мн. стомнарници
Вид збор: Именка, машки род
Место во куќата каде што стојат стомните со вода.

стреа повеќе

мн. стреи
Вид збор: Именка, женски род
Дел од кровот што виси вон зградата.
Англиски: ledge Албански: strehë, parvaz
Примери:
Застана надвор, под стреа.

стреичка повеќе

Види и: стреа (ж.)
Вид збор: Именка, женски род
стреа

строеж повеќе

мн. строежи
Вид збор: Именка, машки род
градба
Англиски: construction Албански: strukturë
плет, ограда
Англиски: fence Албански: gardh

строење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
градење
Англиски: construction Албански: ndërtim

строи повеќе

стројат
Вид збор: Глагол, несвршен
гради
Англиски: build Албански: ndërtim

строителен повеќе

строителна
Вид збор: Придавка
градежен
Англиски: construction

строителство повеќе

(едн.) строителството
Вид збор: Именка, среден род
изградба
Англиски: construction

сувоѕидица повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Немалтерисан ѕид; ѕид од камен.

суграда повеќе

Вид збор: Именка, женски род
градеж, зграда
Англиски: building
Примери:
Од секоја царска суграда излегуваше човек.

суд повеќе

мн. судови
Вид збор: Именка, машки род
Зградата во која се суди, судилиште.
Англиски: court room Албански: gjykat

сутерен повеќе

сутеренот
Вид збор: Именка, машки род
Дел на зграда под приземјето.
Англиски: basement Српски: сутерен

сутеренски повеќе

сутеренска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на сутерен.
Примери:
Сутеренска просторија.

сушилница повеќе

Види и: сушница (ж.)
мн. сушилници
Вид збор: Именка, женски род
Зграда, посебна просторија во која се суши нешто.
Албански: terëse,dhomë staxhionimi
Примери:
Во фабриката изградија и нова сушилница.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш