Архитектура и градба - категорија

кабинет повеќе

мн. кабинети
Вид збор: Именка, машки род
Просторија, посебно опремена за вршење на определена дејност (во научни установи, болници, училишта).
Англиски: cabinet. Албански: kabinet

калдрмиса повеќе

калдрмисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Постави калдрма, поплочи со камен (пат, улица).

калкан повеќе

мн. калкани
Вид збор: Именка, машки род
Bид покрив што косо се спушта од едниот кон спротивниот ѕид; кров cо стреа само на едната страна.
Албански: kulm vetëm me një streh

камара повеќе

мн. камари
Вид збор: Именка, женски род
Вдлабнатина, долап во ѕидот, во вид на прозорец за ставање cитни работи.
Англиски: niche Албански: kamare

камен повеќе

мн. камење
Вид збор: Именка, машки род
Градежен материјал од таков минерал.
Англиски: stone Албански: gur

каменар повеќе

мн. каменари
Вид збор: Именка, машки род
Човек што крши, што обработува камен.
Англиски: stonemason

каменик повеќе

мн. каменици
Вид збор: Именка, машки род
камен мост
Англиски: stone bridge

каменичар повеќе

Види и: каменар (м.)
мн. каменичари
Вид збор: Именка, машки род
каменар
Англиски: stonemason

камин повеќе

мн. камини
Вид збор: Именка, машки род
Полуотворена, ѕидана печка за греење на простории со огнот што гори во огништето.
Англиски: fireplace

канал повеќе

мн. канали
Вид збор: Именка, машки род
Ископ по кој тече вода за наводнување или за одвод на дождовни и отпадни води.
Англиски: sewer Албански: kanal

капак повеќе

мн. капаци
Вид збор: Именка, машки род
Дрвено или метално крило на прозорец или врата што може да се отвора и затвора.
Англиски: shutter Турски: kepenk Албански: kapak, krah

капандура повеќе

мн. капандури
Вид збор: Именка, женски род
Мал прозорец или отвор на покрив од зграда, куќа.
Англиски: skylight

капија повеќе

мн. капии
Вид збор: Именка, женски род
Влезна, обично голема врата, порта на градски бедеми или некаков објект.
Англиски: gate Турски: kapı Албански: kapi, portë

капител повеќе

мн. капители
Вид збор: Именка, машки род
Горниот, проширени украсен дел на столб.
Англиски: capital

карабина повеќе

мн. карабини
Вид збор: Именка, женски род
Ѕидана куќа, без внатрешна и надворешна доработка.
Англиски: shell

каријатида повеќе

мн. каријатиди
Вид збор: Именка, женски род
Столб во форма на женска фигура.
Англиски: cariatide

кат повеќе

мн. катови
Вид збор: Именка, машки род
Место каде што се составуваат два ѕида во некаква просторија.
Англиски: angle Албански: kënd
Дел од куќата меѓу два тавана, етаж во зграда.
Англиски: floor Турски: kat Албански: kat

катастар повеќе

мн. катастри
Вид збор: Именка, машки род
Збирка податоци за земјиштето составена врз основа на таква евиденција, земјишна книга.
Англиски: cadastre Албански: kadastër

катен повеќе

катниот
Вид збор: Придавка
Што е на кат.

квадратура повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Вкупната површина на некој простор изразена во квадратни единици.

кварт повеќе

мн. квартови
Вид збор: Именка, машки род
Дел од градот, градска четврт.
Англиски: district

квартал повеќе

мн. квартали
Вид збор: Именка, машки род
кварт
Англиски: district Албански: kuart, distrikt

керал повеќе

Види и: килер (м.)
мн. керали
Вид збор: Именка, машки род
килер
Англиски: cellar

керамида повеќе

Види и: ќерамида (ж.)
мн. керамиди
Вид збор: Именка, женски род
ќерамида
Англиски: roofing tile Турски: kiremit

кересте повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Дрвен градежен материјал.
Англиски: timber Турски: kereste

кермес повеќе

мн. кермеси
Вид збор: Именка, машки род
Објект за таа намена.
Англиски: kermis

керпич повеќе

Види и: ќерпич (м.)
мн. керпичи
Вид збор: Именка, машки род
ќерпич
Англиски: clay brick

килер повеќе

мн. килери
Вид збор: Именка, машки род
Помала просторија во куќа, за чување прехранбени производи, облека и други предмети.
Англиски: cellar Германски: Keller

килим повеќе

мн. килими
Вид збор: Именка, машки род
Bид дебела проcтирка, исткаена од волна или друг сличен материјал, за покривање под, ѕид и др.
Англиски: carpet Турски: kilim Албански: qilim

кинотека повеќе

мн. кинотеки
Вид збор: Именка, женски род
Зграда во која се чува документација и во која се прикажуваат постари филмови.
Албански: kinotekë

клед повеќе

мн. кледови
Вид збор: Именка, машки род
килер, подрум
Англиски: cellar

кленовина повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Кленово дрво како градежен материјал и за горење.

клештило повеќе

мн. клештила
Вид збор: Именка, среден род
Дел од кровна конструкција, составен од две греди што со едниот крај влегуваат една во друга како во жлеб.

клин повеќе

мн. клинови
Вид збор: Именка, машки род
клинец
Англиски: nail Албански: gozhdë

клучка повеќе

мн. клучки
Вид збор: Именка, женски род
Голема раскрсница на едно или на повеќе нивоа.
Англиски: loop Албански: lak, qarkore

колник повеќе

Види и: коловоз (м.)
мн. колници
Вид збор: Именка, машки род
коловоз
Англиски: road

колона повеќе

мн. колони
Вид збор: Именка, женски род
Столб што потпира дел од конструкцијата на зграда или е самостојно издигнат како споменик, украс.
Англиски: column Албански: shtyllë

колонада повеќе

мн. колонади
Вид збор: Именка, женски род
Ред столбови поврзани со греда или со лакови како дел од архитектонска целина.
Англиски: colonnade

колонија повеќе

мн. колонии
Вид збор: Именка, женски род
Група иселеници во туѓа држава што живеат заедно; иселеничка населба.
Англиски: colony Албански: migrant

комора повеќе

мн. комори
Вид збор: Именка, женски род
соба, сопче, просторија
Англиски: closet Албански: dhomë

комплекс повеќе

мн. комплекси
Вид збор: Именка, машки род
Згради, објекти со архитектонско и функционално единство.
Англиски: complex Албански: kompleks, bllok

конак повеќе

мн. конаци
Вид збор: Именка, машки род
голема, убава куќа
Англиски: villa Турски: konak Албански: vilë

кондоминиум повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Приватен стан во поголем блок апартмани.
Англиски: condominium Албански: kondominium, godinë në bashëkpronësi

конзола повеќе

мн. конзоли
Вид збор: Именка, женски род
Носач (на балкон) прицврстен во ѕид само на едната страна.
Англиски: console Албански: konsol
Балкон издаден од ѕидот, без потпора.
Англиски: balcony Албански: konsol

конструктивен повеќе

конструктивниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на конструкција.
Англиски: constructional

конструкција повеќе

мн. конструкции
Вид збор: Именка, женски род
Меѓусебен распоред на деловите и елементите на некоја целина, состав при градење; изградена целина.
Англиски: construction Албански: ndërtim

коридор повеќе

мн. коридори
Вид збор: Именка, машки род
Ходник што спојува некои делови на куќа или зграда.
Англиски: corridor Албански: korridor

костур повеќе

мн. костури
Вид збор: Именка, машки род
За зграда - носечка конструкција.
Англиски: skeleton Албански: skelet

кошулица повеќе

мн. кошулици
Вид збор: Именка, женски род
Горен дел од бетонска плоча кој cе прави да cе израмни плочата, во кој се става материјал за изолација, а над кој се става подот.
Албански: shtresë betoni

кошулка повеќе

мн. кошулки
Вид збор: Именка, женски род
кошулица
Албански: këmishëz

крило повеќе

мн. крилја
Вид збор: Именка, среден род
Едната страна на изграден објект.
Англиски: wing Албански: krah

крипта повеќе

мн. крипти
Вид збор: Именка, женски род
Подземна просторија под црква.
Англиски: crypt Албански: fhomë e nëndheshme nën kishë

кров повеќе

мн. кровови
Вид збор: Именка, машки род
покрив
Англиски: roof

кровен повеќе

кровниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на кров.
Англиски: roof

крстопат повеќе

мн. крстопати
Вид збор: Именка, машки род
Место каде што cе вкрстуваат два или повеќе патишта.
Англиски: intersection Албански: udhëkryq

крстосница повеќе

мн. крстосници
Вид збор: Именка, женски род
Место каде што се вкрстуваат две или повеќе улици.
Англиски: intersection Албански: udhëkryq

кубе повеќе

мн. кубиња
Вид збор: Именка, среден род
Свод во облик на полутопка (особено на црквите и џамиите).
Англиски: dome Турски: kubbe Албански: kube, kupë

кубест повеќе

кубестиот
Вид збор: Придавка
Што е како кубе, што има облик на кубе.

кујна повеќе

мн. кујни
Вид збор: Именка, женски род
Просторија во стан, во угостителски објект итн. каде што се готви јадење.
Англиски: kitchen Албански: kuzhinë
Мебел со кој е опремена просторијата во која се готви.
Англиски: kitchen Албански: kuzhinë

кула повеќе

мн. кули
Вид збор: Именка, женски род
Извишена цврста тесна градба како засилување на градски ѕид или како дел од тврдина, од замок, четвртеста или заоблена.
Англиски: tower Турски: kule Албански: kullë
Самостојна, тесна, висока градба со различна намена (градски часовник, светилник).
Албански: kullë
Висока (обично станбена) зграда.
Англиски: tower block Албански: kullë, bllok

купатило повеќе

мн. купатила
Вид збор: Именка, среден род
Место за туширање и капење.
Англиски: bathroom Српски: купатило

купола повеќе

мн. куполи
Вид збор: Именка, женски род
Свод изѕидан во облик на полутопка над кружна или квадратна основа.
Англиски: dome Албански: kube

куќа повеќе

мн. куќи
Вид збор: Именка, женски род
Градба со ѕидови и покрив што служи за живеење.
Англиски: house Албански: shtëpi
Тоа што служи како живеалиште.
Англиски: dwelling Албански: vendbanim

куќиште повеќе

мн. куќишта
Вид збор: Именка, среден род
куќа
Англиски: house
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш