Архитектура и градба - категорија

базилика повеќе

мн. базилики
Вид збор: Именка, женски род
Стара христијанска црква, христијански храм со правоаголна форма и со високи столбови.
Англиски: basilica

балван повеќе

мн. балвани
Вид збор: Именка, машки род
Неизделкано дебело дрво, неизделкана дебела греда, подолг трупец.
Англиски: log

балкон повеќе

мн. балкони
Вид збор: Именка, машки род
Издадена мала заградена тераса на куќата.
Англиски: balcony Турски: balkon Албански: ballkon

балустрада повеќе

мн. балустради
Вид збор: Именка, женски род
Калапено столпче, квадратно или кружно по облик, направено од камен, дрво или метал, кое го носи ѕидниот покрив.
Англиски: balustrade

банка повеќе

мн. банки
Вид збор: Именка, женски род
Зграда во која е сместена установата за работа со парични средства на граѓаните и на правните субјекти.
Англиски: bank Албански: bankë

банкина повеќе

мн. банкини
Вид збор: Именка, женски род
Раб што го ограничува патот и служи како заштита на коловозот од одронување.
Англиски: shoulder Албански: bankinë, bankat

бања повеќе

мн. бањи
Вид збор: Именка, женски род
Капалиште, просторија за капење во куќа или во стан.
Англиски: bathroom Албански: banjë

бараж повеќе

мн. баражи
Вид збор: Именка, машки род
брана, пречка, преграда
Англиски: barrage Албански: pengesë

барака повеќе

мн. бараки
Вид збор: Именка, женски род
Ниска зграда од штици што служи за живеење или привремено сместување.
Англиски: barrack Турски: baraka

барутана повеќе

мн. барутани
Вид збор: Именка, женски род
Зграда во која се чува барут и друг експлозивен материјал.
Англиски: arsenal

басамак повеќе

мн. басамаци
Вид збор: Именка, машки род
скалило на скала
Англиски: step Албански: trap i shkallës

баскија повеќе

мн. баскии
Вид збор: Именка, женски род
летва
Англиски: lath Турски: baskı

бастион повеќе

мн. бастиони
Вид збор: Именка, машки род
Издаден дел од бедем на тврдина; кула на тврдина.
Англиски: bastion Албански: bastion

баџа повеќе

мн. баџи
Вид збор: Именка, женски род
Прозорче на покрив од куќа.
Англиски: window Албански: dritare kulmi

безистен повеќе

мн. безистени
Вид збор: Именка, машки род
Пазар под покрив, покриена чаршија.
Турски: bedesten
Примери:
Трговците од безистенот биле многу богати.

бетон повеќе

(едн.) бетонот
Вид збор: Именка, машки род
Градежен материјал, смеса од цемент, песок и вода.
Англиски: concrete

бетонира повеќе

бетонираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Постави, поставува бетон, обложи, обложува со бетон.
Англиски: concrete

бетониран повеќе

бетонираниот
Вид збор: Придавка
Што е обложен со бетон.

бетономешалка повеќе

мн. бетономешалки
Вид збор: Именка, женски род
Машина за мешање бетон.
Англиски: cement mixer

бетонски повеќе

бетонска
Вид збор: Придавка
Што е од бетон.

библиотека повеќе

мн. библиотеки
Вид збор: Именка, женски род
Установа, зграда или просторија каде што се чуваат и читаат книги.
Англиски: library Албански: bibliotekë

биде повеќе

мн. бидеа
Вид збор: Именка, среден род
Bид мала порцеланска када во санитарна просторија што служи за подмивање.
Англиски: bidet Албански: bide

било повеќе

мн. била
Вид збор: Именка, среден род
Највисоко поставена греда од покривот на куќата.
Англиски: rooftree Албански: dyrek kulmi, tra

бина повеќе

мн. бини
Вид збор: Именка, женски род
зграда, куќа
Англиски: building Турски: bina Албански: bina, ndërtim

блок повеќе

мн. блокови
Вид збор: Именка, машки род
Целина, низа од згради или друг вид градежни објекти.
Англиски: building Албански: bllok ndërtesash

бољме повеќе

мн. бољмиња
Вид збор: Именка, среден род
Тенок ѕид од плитар.
Англиски: divider Турски: bölme

брана повеќе

мн. брани
Вид збор: Именка, женски род
Насип, вештачка преграда од земја, од бетон што го спречува течењето, движењето на водена маса до одредена височина.
Англиски: dam Албански: pendë, pellg

бронзен повеќе

бронзениот
Вид збор: Придавка
Што е од бронза.

брутализам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Архитектонски стил од втората половина на дваесеттиот век.
Англиски: brutalism Француски: brutalisme

будоар повеќе

мн. будоари
Вид збор: Именка, машки род
Мал, елегантно украсен женски салон во станот.
Англиски: boudoir Француски: boudoir

буковина повеќе

(едн. ) буковината
Вид збор: Именка, женски род
Буково дрво, градежен материјал од буково дрво.
Англиски: oak wood

бунгалов повеќе

мн. бунгалови
Вид збор: Именка, машки род
Приземна дрвена куќа.
Англиски: bungalow
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш